Bidi Svoja

Bidi Svoja Женска ноќна трка -Битола
� 5км
� 20.06.2026
� Старт во 19:30

01/09/2026

Среќен 79-ти роденден, бабо! ❤️🎂

Можеби за некого 79 се само бројка.
За мене, твоите 79 години се доказ дека годините никогаш не треба да бидат изговор.

Токму затоа, кога ја создавав „Биди Своја“, сакав жените да видат дека никогаш не е доцна да направиш нешто за себе. А ти, бабо, не само што го покажа тоа — ти стана дел од приказната. ❤️

Трчаше на сите четири изданија на „Биди Своја“ и секој пат стигна до целта. Не за медал, не за време… туку за да им покажеш на сите жени дека границите најчесто ги поставуваме самите.

А на петтото издание, сакам токму ти да доделиш посебна награда на една жена која е блиску до твоите години.
Затоа што нема поубав човек што може да ѝ ја предаде таа награда од жена која со своите 79 години веќе ја има истрчано својата порака.

Бабо, ти не си само моја баба.
Ти си мој доказ дека годините се само бројка.
И дека најубавата победа е кога ќе си кажеш:
„Можам.“ ❤️

Среќен роденден! Живa, здрава и уште долго да трчаме заедно. 🏃‍♀️❤️

✨ Категорија од 45 до 55 – години на вистинската сила! ✨Овие жени покажаа дека годините се само бројка, а вистинската во...
24/08/2026

✨ Категорија од 45 до 55 – години на вистинската сила! ✨

Овие жени покажаа дека годините се само бројка, а вистинската возраст се мери со енергијата, духот и желбата да се оди напред. 🧡

На патеката не видовме години. Видовме храброст, истрајност, сила и неуморност. Видовме жени кои не се откажуваат од себе и кои покажаа дека никогаш не е доцна да направиш нешто за сопственото тело, за своето здравје и за својата душа.

45, 50 или 55 – можеби токму сега се најубавите години. Години во кои најдобро знаеш која си, што сакаш и колку можеш. ❤️

Затоа, драги жени, грижете се за себе. Движете се. Верувајте си. Чувајте го својот ум во добра состојба и своето тело силно и здраво. Не дозволувајте бројката на личната карта да ви каже што можете, а што не можете.

Никогаш не велете „никогаш“.

Затоа што силата на една жена не се мери со нејзините години. 💪💜

🏃🏼‍♀️Се гледаме следната година на 5. јубилејно издание на „Биди своја“!

#БидиСвоја

🧡Не постои поголема сила од љубовта на една мајка.👧🏼Кога мајката го турка своето дете низ патеката, таа не трча само кон...
28/07/2026

🧡Не постои поголема сила од љубовта на една мајка.

👧🏼Кога мајката го турка своето дете низ патеката, таа не трча само кон целта. Таа му покажува што значи храброст. Што значи истрајност. Што значи никогаш да не се откажуваш.

На „Биди своја“ секој чекор раскажува приказна, а најубавите приказни се оние што ги пишуваат мајките – со своите деца покрај себе, со насмевка, со љубов и со срце полно надеж.

✨Драги мајки, следната година ве покануваме да бидете дел од нашето 5-то јубилејно издание. Не е важно дали ќе трчате, ќе пешачите, ќе туркате количка или ќе бидете најгласната поддршка од страна. Важно е вашите деца да ве видат како избирате да бидете храбри, активни и свои.

Затоа што најголемата животна лекција не се кажува со зборови – таа се покажува со пример.

💜 Се гледаме на стартот. Заедно ќе создадеме уште многу спомени.

🗓️ 5 јуни 2027

#БидиСвоја #ЖенскаТрка #Инспирација #мајка

🏆Некои победи се мерат со храброста да застанеш на стартот, да не се откажеш и да стигнеш до целта – без разлика колку д...
19/07/2026

🏆Некои победи се мерат со храброста да застанеш на стартот, да не се откажеш и да стигнеш до целта – без разлика колку долго ќе трае патот.

Катерина Петровска е токму таква приказна. На свои 62 години, со само неколку подготовки, со огромна волја и уште поголемо срце, таа ја истрча целата патека и уште еднаш ни покажа дека најголемата сила не е во брзината, туку во упорноста.

Поминаа скоро 2 децении од една нејзина тешка животна битка. Денес е инспирација за сите нас. Не затоа што беше најбрза, туку затоа што никогаш не се откажува.

🧡 „Второто име ми е УПОРНОСТ“, вели Кате.

Ова не е само нејзина реченица. Ова е порака до секоја жена која се двоуми, се плаши или мисли дека не може.

На стартот сите сме различни. Но, на целта нè обединува истото – храброста да продолжиме.

Катерина, ти благодариме што нè потсетуваш дека годините се само број, а силата на духот нема граници. Ти си вистинското лице на „Биди Своја“ и инспирација што ќе мотивира уште многу жени да го направат својот прв чекор.

🧡 Биди своја. Верувај во себе. И никогаш не се откажувај.

Младите со својата енергија и позитивен дух ја понесоа атмосферата на 4. издание на женската ноќна трка „Биди своја“. Ко...
14/07/2026

Младите со својата енергија и позитивен дух ја понесоа атмосферата на 4. издание на женската ноќна трка „Биди своја“.

Кога младите се вклучуваат со толку многу срце, настаните добиваат посебна магија.

Вие сте доказ дека иднината е светла. Се гледаме на јубилејното 5. издание на „Биди своја“! ✨

🏃‍♀️✨ „За мене „Биди своја“ е многу повеќе од трка – тоа е настан кој ги обединува жените, ги мотивира да се движат, да ...
09/07/2026

🏃‍♀️✨ „За мене „Биди своја“ е многу повеќе од трка – тоа е настан кој ги обединува жените, ги мотивира да се движат, да веруваат во себе и да бидат најдобрата верзија од себе.“

Со овие зборови, Јана Стефановска, најбрзата битолчанка на годинешното 4. издание на женската ноќна трка „Биди своја“, испраќа инспиративна порака до сите жени.

„Сметам дека ваквите настани инспирираат сѐ повеќе жени да направат чекор кон активен и здрав живот.

До сите жени – ве поканувам следната година да бидете дел од 5-тото јубилејно издание на „Биди своја“. Без разлика дали ќе трчате, пешачите или ќе навивате, најважно е да дојдете, да ја почувствувате енергијата и да бидете свои. Се гледаме! 🧡“

🏃‍♀️

Голема благодарност до ЈП Паркинзи – Битола за несебичната поддршка и одличната соработка со организацијата на женската ...
06/07/2026

Голема благодарност до ЈП Паркинзи – Битола за несебичната поддршка и одличната соработка со организацијата на женската ноќна трка „Биди Своја“.

Со нивната навремена реакција, посветеност и помош во расчистувањето и подготовката на патеката, придонесоа настанот да се одржи беспрекорно и во најдобар ред.

Ваквата соработка е доказ дека кога институциите и организаторите работат заедно, се создаваат безбедни, успешни и незаборавни настани за сите учесници.

Погледнете ги овие насмевки. Тие кажуваат сè. ✨Во секој чекор - храброст. Во секој километар – поддршка. На целта – горд...
04/07/2026

Погледнете ги овие насмевки. Тие кажуваат сè. ✨

Во секој чекор - храброст. Во секој километар – поддршка. На целта – гордост, радост и чувство дека си направила нешто за себе.

„Биди своја“ не е само женска трка. Таа е приказна за стотици жени кои си докажаа дека можат и дека заедно се посилни.

Ви благодариме што и оваа година бевте дел од оваа прекрасна енергија. Вашите насмевки се нашата најголема мотивација да продолжиме.

Сега со нетрпение го најавуваме јубилејното 5. издание на „Биди своја“, кое ќе се одржи на 5 јуни 2027 година. 🧡

Запомнете го датумот. Повторно ќе трчаме, ќе се смееме, ќе се бодриме и уште еднаш ќе си покажеме дека најубавата победа е онаа над сопствените граници.

#БидиСвоја #ЖенскаТрка

30/06/2026

🥁❤️ Голема благодарност до Државното музичко училиште – Битола и до прекрасните ученици кои преку барабаните внесоа неверојатна енергија на 4. издание на женската ноќна трка „Биди своја“!

Вашиот ритам го направи стартот уште повозбудлив, а поддршката што им ја дадовте на натпреварувачките во последните метри пред целта беше вистински ветер во грб.

Ви благодариме што бевте дел од оваа прекрасна приказна и што помогнавте „Биди своја“ да биде посебно доживување за сите учеснички и посетители. 🧡

#бидисвоја

Позитивната енергија на 4. издание на Bidi Svoja беше насекаде! 💜✨Едни од највеселите учесници на трката беа младите гим...
27/06/2026

Позитивната енергија на 4. издание на Bidi Svoja беше насекаде! 💜✨

Едни од највеселите учесници на трката беа младите гимнастичарски надежи од Салто, кои со своите насмевки и неисцрпна енергија внесоа дополнителна радост во целиот настан.🏃🏼‍♀️

Тие покажаа дека спортот не е само натпреварување, туку и пријателство, поддршка и убави моменти кои се паметат. Ви пренесуваме дел од атмосферата и позитивната енергија што ја споделија со сите. 💪🌟

#бидисвоја ❤️

Address

Bitola
7000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Bidi Svoja posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Bidi Svoja:

Shortcuts

Share

Category