FC Pelister Bitola

FC Pelister Bitola

Share

Добредојдовте на официјалната Facebook страница на ФК Пелистер

www.instagram.com/fkpelisterbitola

07/08/2026

🟢 Спремни за последниот контролен натпревар, пред почетокот на сезоната.

07/08/2026

ФК Пелистер со заштитен бренд по 81 година постоење !

Фудбалскиот клуб Пелистер го заокружи процесот на заштита на својот бренд и официјално го регистрираше името и визуелните обележја на клубот како трговска марка.

По 81 година постоење, ова претставува значаен чекор во заштитата на идентитетот, традицијата и препознатливите обележја на ФК Пелистер.

Со регистрацијата на трговската марка, името, логото, препознатливата зелена боја и другите заштитени обележја на клубот не смеат да се користат за производство и продажба на производи без претходно одобрение од ФК Пелистер.

Тоа се однесува на дресови, сувенири, облека и други реквизити кои го содржат името, логото, боите или други заштитени обележја на клубот.

ФК Пелистер во изминатиот период посветува особено внимание на заштитата и унапредувањето на својот визуелен идентитет, како и на официјалната клубска понуда на производи преку Фан Шопот.

Со оваа постапка клубот прави уште еден чекор кон воспоставување јасни стандарди во користењето на името и обележјата на ФК Пелистер и нивна соодветна заштита.

Името Пелистер е дел од историјата на Битола и од традицијата на генерации навивачи. Неговата заштита е обврска кон клубот, но и кон сите оние кои со децении го носат зелено-белото име.

Photos from FC Pelister Bitola's post 05/08/2026

🟢 Чекор по чекор, до целта.

05/08/2026

🟢✍️ ОФИЦИЈАЛНО: Давид Ивановски е зелено-бел!

🤝 Добредојде Давид!

04/08/2026

🎉 Денес роденден слави нашиот прв асистент во стручниот штаб Горан Ганчев.

Среќен роденден Гана!

04/08/2026

Фудбалскиот клуб Пелистер со особено задоволство ја информира јавноста дека официјално започнува со работа Женскиот фудбалски клуб Пелистер – Битола.

Со формирањето на ЖФК Пелистер, клубот отвора ново поглавје во својата историја и го проширува своето семејство со цел да придонесе кон развојот и афирмацијата на женскиот фудбал во Битола и Македонија.

ЖФК Пелистер ќе работи на развој на фудбалерки во повеќе возрасни категории, создавајќи услови за правилен спортски развој, напредок и афирмација на младите таленти. Воедно, особено значајно е што клубот уште од своето формирање ќе има и сениорска екипа, која ќе се натпреварува во Првата женска фудбалска лига на Македонија.

ФК Пелистер останува посветен на развојот на фудбалот во Битола, а формирањето на ЖФК Пелистер претставува уште еден важен чекор во градењето на силен, организиран и современ клуб, кој ќе создава можности за сите генерации и ќе придонесува за развојот на спортот во нашиот град.

🙌 Добредојде во зелено-белото семејство, ЖФК Пелистер.
🟢 ● ЖФК Пелистер Битола

02/08/2026

🇲🇰 Честит Илинден Македонијо!

Во чест на храброста, слободата и темелите на македонската државност, ФК Пелистер ви го честита Илинден.

За многу години!

01/08/2026

🟢 Крај на натпреварот во Скопје, Пелистер победи во третиот контролен натпревар против екипата на Шкендија Арачиново со 1-0, стрелец на единствениот гол беше Кире Ристевски.

01/08/2026

🟢🤝 Стартните XI за натпреварот со Шкендија Арачиново.

Photos from FC Pelister Bitola's post 01/08/2026

31.07.2026 година - Денот кога заедно испишавме историја.

За првпат во 81 година постоење, ФК Пелистер го отвори својот официјален Фан Шоп. Благодарност до секој што беше дел од овој посебен ден – на сите што нè посетивте, купивте, се фотографиравте и ја споделивте оваа радост со нас.

Ова е само почеток на една нова приказна која ќе ја градиме заедно.

Сликите нека зборуваат повеќе, затоа што секој збор е премалку.

Ви благодариме за довербата. Се гледаме повторно на вашето ново омилено место.

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Bitola?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Address

Улица Булевар 1-ви Мај бр. 61
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 14:00 - 18:00
Tuesday 14:00 - 18:00
Wednesday 14:00 - 18:00
Thursday 14:00 - 18:00
Friday 14:00 - 18:00