ШК Шах - Шех Битола

ШК Шах - Шех Битола

Share

Страницата е наменета за промоција на шаховскиот клуб

Photos from ШК Шах - Шех Битола's post 16/02/2025

На денешен ден 16.02.2025 се одржа традиционалниот четврт рапид турнир во Охрид.
Учествуваа 58 натпреварувачи а битолчани постигнаа одлични резултати.
Победник на турнирот беше Георгиевски Дејан, 7/9
Второ место освои Петровски Иван 7/9
Четврто место Неделковски Андреј 6.5/9
Наградата за најдобар млад играч ја освои Симоновски Димитар 6/9
Награда за најдобар играч над 60 години ја освои Брзовски Томица 5/9

Photos from ШК Шах - Шех Битола's post 20/09/2024

Почитувани,
со огромно жалење ве известуваме дека вчера, на ден 19.09.2024, на 89 години почина Борче Илиевски. Упатуваме сочувство до најблиските, а до нашиот почесен претседател длабок поклон и благодарност. До последно со жар и младешки ентузијазам играше и анализираше партии со нашите младинци.

Кратка биографија:
Роден е во 1935 година во битолското село Ѓавато. Шах научил да игра на 11 години, а попосветено продолжува на 15 години, кога се зачленува во ШК Стево Патако и истата година го освојува третото место на првенството на Битола. Една година подоцна, во 1951 година, завршува како трет на младинското првенство на Македонија со што го најавува својот пробив во шаховската елита. Од 1952 до 1957 година титулата првак на Битола оди во негови раце, сѐ додека неговиот помлад брат ИМ Димче Илиевски не го превземе приматот прв шахист на Битола. Во 1956 година, како засилување на клубот Студент, учествува на екипното првенство на Југославија во Опатија каде постигнува одличен резултат со 5.5/7 поени. Шеесеттите години од минатиот век се забележани како расцутот на шахот во Битола. Илиевски станува сениорски шаховски првак на Македонија во 1964 година со резултат 12.5/15, а Стево Патако ја освојува титулата во екипна конкуренција над фаворизираниот Студент. Овие резултати му го отвораат патот за учество на поединечното првенство на Југославија во Нови Сад, следната година. На тој турнир за половина бод му „бега“ титулата ФИДЕ мајстор. Следи можеби најголемиот успех кој ја разбранува јавноста во Југославија и пошироко. На првата „Средба на солидарноста“ одржана во 1967 година, ждребот како жртва во првата рунда го намести да игра со тогашната ѕвезда во подем, Боби Фишер. За изненадување на сите, после 33 потези Фишер му нуди реми на Илиевски (линк од партијата во коментар). Да не заборавиме дека за 5 години, со победата над Спаски во Рејкјавик, Фишер ја освојува титулата светски шампион. Во 1968 година после првенството на Македонија на кое завршува како второпласиран, поради работни обврски наместо да заплови во професионални води го намалува интензитетот на работа на шахот. И покрај тоа на следните републички првенства бележи одлични резултати со второ место во 1971 и делба на 3-то до 5-то место во 1972 година. Во целиот овој период, неговиот матичен клуб Стево Патако освојува 3 први места на екипните првенства на Македонија и 4 пати го освојува Купот на Македонија. На мајсторскиот турнир во 1981 под сомнителни околности не му е верифицирана титулата ФИДЕ мајстор иако со освоеното 3 место и со еден поен повеќе ја надминува нормата. Со сето ова Борче Илиевски остави голема трага во битолскиот и македонскиот шах.
Неговата најпозната и веќе легендарна мисла која ја кажа при примањето на признанието за животно дело на Изборот на спортист на Битола во 2019 година е:
„Ако сакаш да бидиш среќен еден ден - напиј се. Ако сакаш да бидиш среќен еден месец - ожени се. Ако сакаш да бидиш среќен цел живот - играј шах.“

Photos from ОО Црвен Крст- Битола's post 09/09/2024
Photos from ШК Шах - Шех Битола's post 24/07/2024

На 24.07.2024 започна првата машка и женска лига во шах.

Женската екипа на Шах-Шех учевствува во првата Македонска Лига.

Photos from ШК Шах - Шех Битола's post 19/02/2024

На 18.02.2024 се одржа турнирот MAT 2024 во Прилеп.
Тимот на Шах Шех учествуваше на турнирот и постигна одлични резултати. Победник на турнирот беше Станковиќ Милош 8.5/9
Играчите на Шах Шех постигнаа
Неделковски Андреј 6.5/9 ја освои наградата за најдобар играч до 18 години.
Јовановски Зоран 5.5/9
Петровски Иван 5/9
Симоновски Димитар 5/9
Карапетров Ѓорѓи 5/9

Photos from ШК Шах - Шех Битола's post 05/02/2024

На 04.02.2024 се одржа традиционалниот турнир Езерски бисер во Охрид. Победник на турнирот беше Ѓорѓиевски Дејан со 8/9 а одличен резултат постигна младинецот од Шах Шех Симоновски Димитар 5.5/9 кој освои награда за најдобар играч до 14 години. Брзовски Томица освои шесто место со 6.5/9 поени.

Ring Tv Tera So clenovite na SK Sah Seh 29 12 2023 01/01/2024

Претседателот на клубот и дел од младите членови учествуваа во емисијата Ринг на Тера телевизија. Разговорот можете да го проследите на следниот линк:

Ring Tv Tera So clenovite na SK Sah Seh 29 12 2023

01/01/2024

Шаховскиот клуб Шах - Шех ви ја честита Новата година и Божиќните празници!

Photos from ШК Шах - Шех Битола's post 25/12/2023

На 23-ти декември се одржа традиционалниот турнир во забрзан шах организиран од Културниот центар во Лерин. На турнирот учествуваа 10-те најдобри шахисти од регионот на северна Грција, како и 4 играчи од нашиот клуб. Како победник заврши Догиас Кристос од Кожани, а најдобро пласиран играч од ШК Шах - Шех беше Томица Брзовски, со освоено 4-то место, за што беше одликуван од градоначалникот на Лерин.

25/12/2023

Уште добри вести! Нашиот Андреј Неделковски го освои 3-тото место на државното првенство во категоријата средни училишта (машки). Честитки!

23/12/2023

Одлични вести од Крива Паланка, од турнирот на основни училишта, каде во категоријата VI-IX одделение (женски) нашата Марија Кулевска го освои првото место. Честитки!

Photos from ШК Шах - Шех Битола's post 03/12/2023

Вчера заврши екипното младинско првенство на Македонија, на кое нашиот клуб учествуваше со екипи во категориите под 14 и 16 години. Во категоријата под 16 години го освоивме сребрениот медал во силна конкуренција. Огромно браво и честитки за: Неделковски Андреј (2.5/4), Марковски Марко (2.5/4), Петровски Иван (2/4) и Симоновски Димитар (3/4).

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Bitola?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address

Bitola

Opening Hours

Monday 18:00 - 21:30
Wednesday 18:00 - 21:30
Friday 18:00 - 21:30