РК Mладост 1977

РК Mладост 1977 Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from РК Mладост 1977, Sports Team, Bogdanci.

РК Младост 1977 АД Богданци основање 26.08.1977 година !
Според резултатите од 1996-2007 постигнати во Европските купови „РК Младост“е четврта екипа на сите времиња во Македонија и убедливо најуспешна екипа од југоисточниот регион на Македонија.

31/08/2026

Стартува најквалитетната ракометна лига во регионот. Червар, Лазаров, Ројевиќ или Чупиќ? Големи имиња, скапи ростери и сезона во која никој нема право на

🤾‍♂️ ПОБЕДА НА ПОСЛЕДНИОТ ТЕСТ ПРЕД СУПЕРЛИГАТА! 🔵⚪РК Младост 1977 – МРК Куманово 23:19 !🏁 Полувреме: 11:8Нашиот сениорс...
29/08/2026

🤾‍♂️ ПОБЕДА НА ПОСЛЕДНИОТ ТЕСТ ПРЕД СУПЕРЛИГАТА! 🔵⚪

РК Младост 1977 – МРК Куманово 23:19 !
🏁 Полувреме: 11:8

Нашиот сениорски тим со победа го заврши последниот подготвителен натпревар пред стартот на новата сезона во Суперлигата 2026/27. 👏

Одлична борбеност, дисциплина и цврста игра во одбраната во текот на целиот натпревар. Тимот пред полна сала Млаз покажа карактер и со сигурна игра во второто полувреме го скрши отпорот на гостинот и направи 7 голови разлика кои беа доволни за тренерот Андоновски да даде шанса и на дел од кадетите и пионери за на крај да слави заслужена победа.

🔵 23 постигнати голови
🛡️ 19 примени голови
🔥 11:8 на полувреме

Подготовките се при крај. Следува она за што работевме цело лето – СУПЕРЛИГАТА!

💙🤍 Младост 1977 – заедно во нови предизвици!

#ЗаедноДоПобеда.

🔥 ПОСЛЕДЕН ПОДГОТВИТЕЛЕН НАТПРЕВАР! 🔥Пред нас е последната проверка пред стартот на новата натпреварувачка сезона во Суп...
27/08/2026

🔥 ПОСЛЕДЕН ПОДГОТВИТЕЛЕН НАТПРЕВАР! 🔥

Пред нас е последната проверка пред стартот на новата натпреварувачка сезона во Суперлигата! 💙🤍

🤾 РК МЛАДОСТ 1977 – МРК КУМАНОВО

📅 Сабота | 29.08.2026
⏰ 19:30 часот
📍 Сала „Млаз“ – Богданци

Овој натпревар е повеќе од последна подготовка.
Тоа е нашата заедничка увертира пред новата суперлигашка сезона 2026/27! 🔥

👕 ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ ДРЕС И НОВИОТ ТИМ !
Во сабота пред нашата публика ќе го претставиме новиот дрес на РК Младост 1977 за сезоната 2026/27.

💙 Ве повикуваме сите да бидете со нас, да дадеме максимална поддршка на момците и заедно да ја почувствуваме енергијата пред големиот предизвик што ни претстои!

Нова сезона. Нов дрес. Нови предизвици.
Но една љубов – МЛАДОСТ! 💙🤍

🔥 СЕ ГЛЕДАМЕ ВО САЛА „МЛАЗ“! 🔥

#2026/27

27/08/2026

На 26 август 1977 година е испишана првата страница од приказната која денес трае веќе 49 години. Приказната за РК Младост 1977 Богданци – клуб кој одамна е многу повеќе о...

49 години РК Младост Богданци 💙🤍Денес славиме 49 години постоење, традиција, љубов и посветеност кон ракометот! 🤾‍♂️Од д...
27/08/2026

49 години РК Младост Богданци 💙🤍

Денес славиме 49 години постоење, традиција, љубов и посветеност кон ракометот! 🤾‍♂️

Од далечната 1977 година до денес, РК Младост 1977 Богданци е многу повеќе од спортски клуб. Тој е симбол на Богданци, место каде што генерации деца го направиле својот прв чекор во ракометот, а многу играчи, тренери и спортски работници оставиле свој белег.

49 години борба, победи, порази, радости и моменти кои засекогаш ќе останат во историјата на клубот.

Денес, со гордост ја продолжуваме приказната и гледаме кон иднината – со младите категории, нови генерации и сениорскиот тим во македонската Суперлига. 💪🔥

🎂 Среќен 49-ти роденден, РК Младост Богданци!

Нека ни бидат следните години уште поуспешни, со полни трибини, големи победи и уште многу генерации кои ќе го носат сино-белиот дрес со гордост!
26.08.1977 година ќе биде засекогаш запишано во историјата на Македонскиот ракомет.

49 години Младост.
49 години Богданци.
49 години љубов кон ракометот. 💙🤍

🎥🤾‍♂️ Младинските категории на РК Младост 1977 од Богданци започнаа со подготовките за новата сезона во салата „Млаз“ во...
25/08/2026

🎥🤾‍♂️ Младинските категории на РК Младост 1977 од Богданци започнаа со подготовките за новата сезона во салата „Млаз“ во Богданци, а интересот е навистина голем! 💙🤍

Повеќе од 50 дечиња од Богданци и околните места, дел од нив го направија и својот прв чекор кон ракометот, со многу насмевки, енергија и желба за игра. 💪🤾‍♂️

Следната недела школата на Младост продолжува и во Дојран, со цел создавање силна ракометна база во целиот Југоисток. 🏆💙

📹 Погледнете ја атмосферата низ објективот на Спортска Мрежа со изјави од тренерите Далибор Лукиќ и Анита Туранова, а зборуваа и младите ракометни надежи на Младост 🎬🇲🇰

Младинските категории на Младост од Богданци ги започнаа подготовки...

25/08/2026

Младинските категории на Младост од Богданци ги започнаа подготовки...

25/08/2026

Понуда од Германија или Франција некогаш речиси автоматски значеше следен чекор во кариерата на еден македонски ракометар. Денес ситуацијата е поинаква. Познатио....

24/08/2026
🏆 РАСТЕМЕ ЗАЕДНО – НОВА ГЕНЕРАЦИЈА, НОВА ЕНЕРГИЈА! 🤾‍♂️💙🤍🤾Од денес со тренинзи започнаа и нашите најмлади ракометари! 👏В...
24/08/2026

🏆 РАСТЕМЕ ЗАЕДНО – НОВА ГЕНЕРАЦИЈА, НОВА ЕНЕРГИЈА! 🤾‍♂️💙🤍🤾

Од денес со тренинзи започнаа и нашите најмлади ракометари! 👏

Во салата „Млаз“ – Богданци, повеќе од 50 дечиња од Богданци и околните населени места денес дел го направија и својот прв чекор кон ракометот – со насмевки, енергија и огромна желба за игра! 💪🤾‍♂️

👦 Генерација 2010–2014
👦 Генерација 2015–2019

Но, тука не застануваме! 🔥

Веќе следната недела продолжуваме со тренинзи и во Дојран, затоа што нашата цел е јасна – да создадеме силна, здрава и бројна ракометна база во целиот Југоисток! 💙

📢 УПИСИТЕ СЕ УШТЕ ВО ТЕК ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !

Ако вашето дете сака спорт, дружење, дисциплина и нови предизвици – местото му е со нас!

🤾‍♂️ Биди и ти 🫵 дел од најдобрата ракометна школа во Југоистокот!

💙 РК МЛАДОСТ 1977 – ГРАДИМЕ ШАМПИОНИ ОД НАЈМАЛИ НОЗЕ! 💙

Address

Bogdanci

Telephone

+38978277860

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when РК Mладост 1977 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to РК Mладост 1977:

Shortcuts

Share

Category