MKK EuroNickel 2005

MKK EuroNickel 2005

Share

Добредојдовте на официјалната фејсбук страна на МКК Е?

14/04/2024

Пораз од екипата на КК Пелистер за крај на оваа сезона.

Благодарност до публиката за поддршката на овој натпревар, како и за поддршката во текот на целата сезона

14/04/2024

Почитувани,

денес со почеток во 18:00 часот на домашен терен во СС Јасмин го играме 3-тиот натпревар во рамките на плеј офот против екипата на КК Пелистер од Битола. Ова е еден од најважните натпревари во сезоната за нашиот тим, бидејќи по 2-та порази во Битола нашиот тим веќе нема право на кикс.

Потребна е поддршка, ве очекуваме!!

10/04/2024

Со 2 порази се враќаме од Битола.

Сепак, серијата доаѓа во Кавадарци. Во недела со почеток во 18:00 часот го играме првиот натпревар на домашен терен во СС Јасмин.

Главата горе, ништо не е готово!

06/04/2024

Почитувани,

денес со почеток во 19:00 часот на гостински терен во Битола нашиот тим го игра првиот натпревар од 1/4 финалето во плејофот за оваа натпреварувачка сезона против екипата на КК Пелистер. По завршувањето на регуларниот дел, нашиот тим беше пласиран на 6-тото место на табелата, додека пак екипата на КК Пелистер е 3-то пласирана. Како потсетување, плејофот оваа сезона се игра на 3 добиени натпревари по принципот 2-2-1, односно првите 2 натпревари ги играме на гостински терен во Битола, потоа серијата се префрла во Кавадарци за 3-тиот и доколку има потреба за 4 натпревар, а евентуална мајсторка се игра повторно во Битола.

Да му посакаме многу среќа на нашите момци!

23/03/2024

Почитувани,

Денес со почеток во 21:00 часот на домашен терен во СС Јасмин не очекува уште еден возбудлив дуел против екипата на КК Чаир 2030 во рамките на 21 коло, кое воедно ќе биде последен натпревар на домашен терен во регуларниот дел од сезоната. Затоа, да му дадеме поддршка на нашите играчи во остварување на нова победа и остварување подобра почетна позиција во плејофот.
Ве очекуваме

14/03/2024

Почитувани,

Денес (четврток, 14.03.2024) со почеток во 18:00 на гостински терен во СРЦ Кале - Скопје нашиот тим го очекува уште еден тежок и возбудлив натпревар во рамките на 20-то коло против екипата на КК ТФТ .

Да му посакаме многу среќа на нашите играчи

09/03/2024

Убедлива победа против екипата на Феникс

МКК Еуроникел 2005 - КК Феникс 84:68

Честитки на сите

09/03/2024

Почитувани,

Денес (сабота, 09.03.2024) со почеток во 17:00 на домашен терен во СС Јасмин нашиот тим ќе го одигра натпреварот во рамките на 18-то коло против екипата на КК Феникс .

Ве очекуваме, потребна е поддршка

02/03/2024

Почитувани,

Викендов продолжуваат возбудувањата во ПМКЛ по паузата поради Купот и настапот на репрезентацијата. Денес (сабота, 02.03.2024) со почеток во 18:00 на гостински терен во Охрид нашиот тим ќе го одигра натпреварот во рамките на 18-то коло против екипата на ГКК Охрид. За натпреварот е обезбеден stream на youtube.
Да му посакаме среќа на нашите момци

16/02/2024

Пораз во 1/2 финалето на Купот

КК Пелистер - МКК Еуроникел 2005 78:68

Следува пауза во првенството поради настапот на репрезентацијата, а потоа продолжуваме понатаму посилни

16/02/2024

Почитувани,

Денес со почеток во 19:30 во спортската сала “Боро Чурлевски” во Битола го играме 1/2 натпревар во рамките на Купот на Македонија “Благој Георгиевски - Буштур”.
Противник на денешниот натпревар е домаќинот и организаторот на Купот, екипата на КК Пелистер. За натпреварот е обезбеден директен ТВ пренос на програмата на МРТ 3.

Да му посакаме многу среќа на нашите момци да го совладаат денешниот противник и да обезбедат пласман во големото финале.

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Kavadarci?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address

Kavadarci