26/08/2026
🌲🚵♂️ МИХАЈЛОВО – ВИКЕНД ЗА ПАМЕТЕЊЕ! 🥾
Настанот на Ски-центар Михајлово помина во најдобар ред и ги надмина нашите очекувања! 🙌
На настанот присуствуваа околу 300 љубители на природата – велосипедисти и планинари, кои имаа можност да уживаат во природата на Кожуф, да возат и пешачат по планинските патеки и да поминат ден исполнет со спорт, дружење и позитивна атмосфера.
🚵♂️ Еден од главните резултати на проектот е создавањето и одбележувањето на три нови велосипедско-планинарски патеки во Михајлово – Црвена, Сина и Зелена патека.
Со нивното одбележување создаваме подобри услови за безбедно и организирано движење низ планината и отвораме нови можности за развој на планинскиот велосипедизам, планинарењето и активниот туризам во регионот.
Преку настанот учесниците имаа можност директно да ги запознаат патеките и да се уверат во потенцијалот кој го нуди Михајлово како дестинација за љубителите на природата и активниот начин на живот.
Голема благодарност до УНДП и Општина Кавадарци за поддршката и довербата во реализацијата на проектот. 🙏
Благодарност и до сите учесници, волонтери и партнери кои беа дел од овој настан. Вашето присуство и поддршка се најголемата мотивација да продолжиме со активности кои ја промовираат природата, велосипедизмот и планинарењето. ❤️
📸 Ви споделуваме дел од атмосферата од настанот.
Се гледаме повторно на Кожуф! 🌲🚵♂️🥾
Проектот „Михајлово – нова дестинација за планински велосипедизам“ на Здружението на велосипедисти „Тиквеш Бајк К3“ – Кавадарци се спроведува во рамки на Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Delegation of the European Union to North Macedonia, а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации UNDP MK. Проектот е кофинансиран од Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci