KK Tikveš - Golden Eagle

KK Tikveš - Golden Eagle

Share

Добредојдовте на официјалната страница на кошаркарскиот клуб 'KK Tikveš - Golden Eagle' од Кавадарци.

01/06/2026

Пред 18 години започна една од најубавите приказни во македонската кошарка. Тогашниот КК Фени Индустри од Кавадарци ја освои својата прва шампионска титула, крунисувајќи ја историската сезона 2007/08 со триумф над Струмица во финалната серија. Тоа беше почеток на една златна ера и момент кој засекогаш остана запишан во историјата на клубот и градот.

Photos from KK Tikveš - Golden Eagle 's post 30/05/2026

Со гордост споделуваме дека нашите спортисти добија заслужен повик во македонските репрезентации!

По многу труд, посветеност и напорна работа, Петар Бошалески доби повик за сениорската репрезентација на Македонија.

Воедно, Андреј Чадамов и Христијан Несторовски се повикани во репрезентацијата на Македонија до 20 години.

Овие повици се резултат на нивната дисциплина, истрајност и континуирана работа, како и потврда дека трудот секогаш се препознава и наградува.

Им посакуваме многу успех, одлични настапи и гордо да ги бранат боите на Македонија!

30/04/2026

Последен натпревар од сезоната.
Тешка, долга и предизвикувачка, но и успешна сезона за нас.
Поминавме низ многу победи, порази, лекции и раст. Секој момент не направи посилни како тим.
Горди сме на сè што постигнавме.
Ова е само уште еден чекор напред.

Голема благодарност до сите што беа со нас навивачи, пријатели, поддржувачи.

28/04/2026

🔥🏀 НИКОЛОВСКИ: Тиквеш Голден Игл ги надмина сите цели - се боревме за опстанок, а завршивме во плејоф

И покрај проблемите со повреди и заминувања, тимот од Кавадарци направи фантастична сезона и ги надмина сите очекувања! 👏

#Тиквеш #Плејоф #Кавадарци #Кошарка #Македонија 🏀🔥

Деталите - во коментари ⬇️⬇️⬇️

Photos from KK Tikveš - Golden Eagle 's post 26/04/2026

Кк Тиквеш - Кк Кожув 🏀
Фотогалерија 📸
©️ Galacticos Production

24/04/2026

Последниот натпревар на домашен терен за оваа сезона го играме против екипата на Кожув. Целта што ја поставивме опстанок во Супер лигата е остварена, што значи дека Кавадарци и следната година ќе гледа прволигашка кошарка.

Ова е добра можност да им се заблагодариме на нашите навивачи за поддршката во текот на целата сезона. Ги повикувам сите љубители на кошарката и фановите на КК Тиквеш Голден Игл да дојдат во што поголем број и да го проследат последниот натпревар, заедно да ја заокружиме сезоната на достоинствен начин.

20/04/2026

И покрај големата поддршка од трибините и силната борба на тимот, противникот успеа да ја преземе контролата и да ја однесе победата.

Photos from KK Tikveš - Golden Eagle 's post 19/04/2026

Кк Тиквеш - Кк Маџари 🏀
Фотогалерија 📷
©️ Galacticos Production

16/04/2026

Натпревар од плејофот на домашен терен!
Не очекува вистинска спортска борба, енергија и поддршка од трибините. Дојдете да ја бодриме нашата екипа и заедно да одиме кон победа!

12/04/2026

Пораз на гостувањето против првопласираната екипа во плејофот.

Силна борба и вредно искуство продолжуваме фокусирани кон следниот натпревар.

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Kavadarci?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address

Kavadarci