07/08/2026
Претседателот клубот, Миле Ѓоргиев во пресрет на новата сезона⬇️
Со голема мотивација и амбиција ја очекуваме новата натпреварувачка сезона!
Оваа година за првпат влегуваме во сите натпреварувачки категории - пионерки, кадетки, младинки и сениорки.
На 10 Август започнува втората фаза од подготовките, во која нашите одбојкарки, заедно со стручниот штаб, продолжуваат посветено да работат, да напредуваат и да се подготвуваат за предизвиците кои ги очекуваат.
Дополнително, оваа сезона влегуваме со целосно нова опрема, и се поопремен спортски објект, а поддршката за клубот континуирано расте благодарение на нашиот професионален пристап и посветената работа.
Посебна благодарност упатуваме до Општина Ново Село, како и до сите наши спонзори, поддржувачи и пријатели на клубот кои несебично ни помагаат и веруваат во нашата работа и во иднината на нашиот клуб.
Со доаѓањето на Филип Ричлиев на позицијата спортски директор растат и нашите планови, амбиции, контакти и можности. Веруваме дека неговото искуство, посветеност и познавања во одбојката се значаен дел од нашите следен чекори напред.
Нашата заедничка цел е јасна, да создадеме стабилен клуб, да ги развиваме сите наши генерации и да отвориме нови можности за нашите одбојкарки.
За крај упатувам голема благодарност и почит кон нашиот прв тренер Марија Ричлиева која со нејзиното знаење и огромна љубов кон одбојката е личност која го постави темелот на нашиот клуб и континуирано со формулата ʼʼбрзај бавно,, доаѓа до сите замислени цели. Со неа започнавме и растеме заедно и чекор по чекор ги градиме нашите идни шампионки.
Мотивацијата е на високо ниво, желбата за успех е голема, а тимскиот дух е она што не движи напред!
Се гледаме на трибини во новата 2026/7 сезона⚫️🟡
#еднаљубов #еденклуб #жокновосело