28/06/2026
На овогодинешното издание ќе настапат осум екипи поделени во две групи:
🔸 Група 1: РК Прилеп, РК Мулти Есенс, РК Младост 1997 Богданци
🔸 Група 2: РК Бутел, ГРК Тиквеш 2014, РК Еурофарм Пелистер 2
Во четири дена нè очекуваат квалитетни натпревари, голема борба за трофејот и вистински празник на ракометот. Турнирот ќе започне со традиционално положување цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски, а ќе заврши со финалните натпревари и свечено доделување на наградите.
28/06/2026
Од 20 до 23 август 2026 година, Прилеп повторно ќе биде центарот на ракометните случувања и ќе ја продолжи традицијата на турнирот кој го носи името на еден од најдобрите прилепски ракометари – Миле Нешкоски.
Познати се екипите кои ќе учествуваат на овогодинешниот турнир, а тоа се покрај домаќинот Прилеп ќе учествуваат екипите на Бутел Скопје, Мулти Есенс, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш и Младост 1977 Богданци.
Наскоро ќе ги објавиме групите и распоредот на натпревари за турнирот "Миле Нешкоски".
12/06/2026
Од 20 до 23 август 2026 година, Прилеп повторно ќе биде центарот на ракометните случувања и ќе ја продолжи традицијата на турнирот кој го носи името на еден од најдобрите прилепски ракометари – Миле Нешкоски.
Во негова чест, Рк Прилеп веќе единаесетта година го организира меморијалниот турнир, кој прерасна во еден од најпрепознатливите ракометни настани во Македонија и регионот. Турнирот не е само спортски настан, туку и потсетник дека вистинските легенди никогаш не се забораваат.
За кои екипи ќе бидат учесници на овој турнир, како и распоредот и термините ќе објавиме надхнадно...
25/08/2025
ФОТОГАЛЕРИЈА - ДАВИД РИСТЕСКИ
25/08/2025
Познат е конечниот пласман на сите шест екипи на турнирот "Миле Нешкоски"!🤾♂️🤾🤾♂️
Пласман:
1. Рк Еурофарм Пелистер 2
2. Рк Прилеп
3. Рк Тинекс Пролет
4. ГРК Тиквеш 2014
5. Рк Бутел Скопје
6. Рк Црвена Звезда
25/08/2025
Фотогалерија од доделувањето на наградите на турнирот "Миле Нешкоски"!📷🤾♀️🤾♂️🤾
24/08/2025
Натпревар за 3. место:
ГРК Тиквеш 24-24 Рк Тинекс Пролет (пенали 27-29)
Натпревар за 5. место:
Рк Бутел Скопје 37-31 Рк Црвена Звезда
24/08/2025
Рк Еурофарм Пелистер 2 го освои првото место на турнирот "Миле Нешкоски"!🤾🤾♂️🤾♀️