05/11/2013
Раздвижено, а сепак мирно. Тивко, а сепак бучно. Пулсот на Прилеп на зајдисонце. Период од денот
кога може да се почувствуваат емоциите на градот.
Улиците полни, но сепак не преполни. Кафулињата дишат со попладневните кафе - трач муабети. На
плоштадот по некои случаен минувач. Марковата тврдина го чува градот.
Мистериозно разменување погледи и насмевки, се кројат приказните додека градот се збогува со
сонцето и ја пречекува вечерта.
Го сакам зајдисонцето во Прилеп затоа што доколку заборавите на се и уживате во моментот навистина
ќе се чувствувате подобро.
Сакам да го споделам зајдисонцето со најблиските.
Еднен е Прилеп, вредно да си го сочуваме, затоа што тој ги чува сите наши спомени.