Level Up Kids - Prilep

Level Up Kids - Prilep Level Up е програма за функционален тренинг за деца која преку игра и движење го поттикнува правилниот раст, развој и самодоверба кај секое дете.

Со задоволство ве информираме дека по паузата и зимскиот распуст, Level Up Kids Прилеп повторно продолжува со тренинзи! ...
01/02/2026

Со задоволство ве информираме дека по паузата и зимскиот распуст, Level Up Kids Прилеп повторно продолжува со тренинзи! 💪

Уписите се во тек и примаме нови членови.

📅 Термини за месец февруари:
➡️ Вторник: 18:30 – 19:30
➡️ Сабота: 10:00 – 11:00

Ве очекуваме да тренираме, да учиме и да напредуваме заедно! 🚀

Во продолжение е прирачникот на Level Up Kids Прилеп, каде ќе ги добиете сите информации околу тренажниот процес.

Пријавете се денес и дозволете му на вашето дете да расте правилно и со самодоверба! 🏃‍♂️

Level Up Kids - Прирачник за Родители Драги родители, Добредојдовте во Level Up Kids - Prilep академија посветена на здравиот раст и правилниот развој на вашите деца. Нашата цел е п...

13/10/2025

5 причини зошто да одберете функционален тренинг за деца од помала возраст, а не специфичен спорт:

Во најраната возраст, најважно е децата да ја развијат основата на правилно движење, а не да се фокусираат само на еден спорт. Еве зошто функционалниот тренинг е најдобриот избор:

1️⃣ Го развива целиот спектар на моторички способности – координација, рамнотежа, брзина и сила.
2️⃣ Помага во правилен раст и држење на телото, спречувајќи рани неправилности.
3️⃣ Ја поттикнува самодовербата и дисциплината преку игра и забава.
4️⃣ Обезбедува здрав психички и социјален развој преку тимска работа и интеракција.
5️⃣ Подготвува цврста основа за секој спорт што детето ќе го избере подоцна.

👉 Во LevelUp Kids - Prilep, тренираме деца од 4 до 10 години со современ пристап кој комбинира игра, вежба и учење за здраво детство.

📍 Локација: О.О.У „Рампо Левката“ - Прилеп
📞 Контакт: 076 744 788 - Стефан
📅 Термини: вторник - 18:30 и четврток - 17:30

Придружете ни се денес и помогнете му на вашето дете да расте силно, здраво и среќно!

Send a message to learn more

29/08/2025

Со почетокот на учебната година, со работа започнува и новата спортска академија LevelUp Kids – Prilep, академија специјализирана за функционален тренинг на деца од 4 до 11 г...

🌟 АКТИВНО ДЕТЕ = ЗДРАВО ДЕТЕ – НОВА СПОРТСКА АКАДЕМИЈА ЗА МАЛИТЕ ХЕРОИ ВО ПРИЛЕП! 🌟Драги родители,Со голема радост ви ја...
01/08/2025

🌟 АКТИВНО ДЕТЕ = ЗДРАВО ДЕТЕ – НОВА СПОРТСКА АКАДЕМИЈА ЗА МАЛИТЕ ХЕРОИ ВО ПРИЛЕП! 🌟

Драги родители,

Со голема радост ви ја претставуваме новата програма на Левел Уп Академијата, наменета за деца од 4 до 11 години – место каде движењето, развојот и другарството одат рака под рака! 👟💪👧👦

Нашата мисија е преку забавни игри, вежби и мини натпревари, децата да ги подобрат моторичките, когнитивните и социјалните вештини како:

✅ Брзина и агилност
✅ Координација и флексибилност
✅ Држење на телото и постура
✅ Сила и рамнотежа
✅ Социјални вештини и самодоверба
✅ Забава и другарување

Со редовна физичка активност и внимателно осмислени тренинзи, го намалуваме ризикот од неправилности во растот, како што се кифоза, лордоза, сколиоза, рамно стапало и други постурални деформитети.

Придонесуваме децата да се забавуваат, натпреваруваат, другаруваат и растат во правилна и оптимална средина.

💙 Нашата визија?
Здраво, активно и среќно детство – исполнето со движење, смеа и позитивна енергија.

Тренинзите ги води:
👨‍🏫 Стефан Стевананџија – дипломиран професор по физичко образование, спорт и здравје, кошаркар и лиценциран тренер со искуство во работа со деца.

📍 Локација: спортска сала во О.О.У. Рампо Левката-Прилеп
📅 Термини: Вторник 18:30 и Четврток 17:30

🔹 Придружете ни се и помогнете им на вашите деца да растат правилно, силно и среќно – на едно ниво погоре!

Address

Prilep
7500

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Level Up Kids - Prilep posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category