Eco MomentuM

Eco MomentuM

Share

EcoMomentuM

26/02/2025

🚴‍♂️ Проект ЕкоМоментуМ – Урбана мобилност за позелена иднина! 🌍

Голема благодарност до Општина Радовиш за препознавањето и поддршката на нашата идеја! Со заеднички сили, го движиме градот кон одржлива урбана мобилност преку вело-тури, промоција на велосипедизмот и почиста околина.

🔜 Следуваат нови активности во рамките на ЕкоМоментуМ – нови рути, еко-настани и уште повеќе можности за движење на одржлив начин! Останете со нас за повеќе новости!

🚲 Време е за движење!

#ЕкоМоментуМ

07/01/2025

🎄 Среќен Божиќ од Bike Center EcoMomentuM! 🚴‍♂️🌟

Во овој празничен период, ви посакуваме мир, радост и среќа на секој чекор и вртење на педалото. Нека Божиќ ви донесе здравје, убави моменти со саканите и инспирација за нови авантури.

🌟 Овој Божиќ, славиме заедно со природата и животот. Нека љубовта кон велосипедизмот и велотуризмот продолжи да нè обединува и да ни отвора патишта кон поубав и поздрав свет.

Благодариме што сте дел од нашата приказна! Нека празничниот дух ве води кон нови предизвици и успеси.

Среќен Божиќ од вашите пријатели во ЕкоМоментуМ! 🚵‍♀️❤️

01/01/2025

🎉 Среќна Нова Година од Bike Center EcoMomentuM! 🚴‍♂️🌱

2024 беше година кога заедно го започнавме и го реализиравме нашиот проект со цел промоција на велосипедизмот и велотуризмот во прекрасниот град Радовиш. Ви благодариме за вашата поддршка и ентузијазам што нè поттикнуваат да продолжиме понатаму!

Во 2025, ветуваме уште поголеми активности, нови проекти и ширење на можностите за сите љубители на велосипедите. Заедно ќе ги истражиме патеките на авантурата, природата и здравиот начин на живот.

🌟 Нека 2025 биде година на нови предизвици, инспирација и успешни вело-приказни!
Ваш EcoMomentuM тим ви посакува среќа, здравје и многу километри исполнети со насмевки и убави моменти! 🚵‍♀️🌍

Да возиме кон иднината заедно!

Еко-Моментум Радовиш - Одржлива урбана мобилност! 03/11/2024

📰 Прекрасно видео за нашата иницијатива...

📈Навистина сме горди што успеавме да го реализираме проектот на ГКЦ КРЕА, за кој што имавме повеќе тековни предизвици и успешно ги надминавме благодарение на безрезервната соработка и поддршка од Општина Радовиш, ЛАГ Плачковица, Кафе-Бар МоментуМ, Општина Конче, сите локални училишта, неколку здруженија и локални приватни компании.

🚵‍♀️Продолжуваме понатаму со развој на нашата идеја, со нови концепти и содржини.🍀

Еко-Моментум Радовиш - Одржлива урбана мобилност! Еко-Моментум Радовиш - Одржлива урбана мобилност, е проектна иницијатива поддржана од програмата на УСАИД за развој на заедницата, спроведувана од Мрежата за...

Photos from Eco MomentuM's post 20/10/2024

🚵‍♀️🏛 Реализиравме уште една прекрасна Архео -Вело тура и научивме неколку интересни работи за историјата на територијата на која живеееме, поточно град Радовиш, нас.Раклиш и с.Ораовица.

🗺Научивме дека во живеењето во нашата околина датира далеку пред новата ера, поточно повеќе од 6000 (шест илјади) години на назад. Докази за ова тврдење се насекаде околу нас, па во сликите прикажуваме и некои фрагменти најдени денес од старана на учесниците во оваа тура.

📰Најдовме површински материјал од населба близу манастирската црква Св.Ѓорѓи, материјалите датираат од 2 до 14 век а тоа се фрагменти од стомни,грнци,чинии,чаши и камен тег од разбој.

🗓Следете ги нашите објави и организирани тури, и бидете учесници во една оригинална вело-авантура. Се гледаме наредниот пат!

🚀Поддржано од ГКЦ КРЕА РАДОВИШ

Photos from Eco MomentuM's post 18/10/2024

🚵‍♀️🏛 Архео-Вело Тура "Манастирска црква Св.Ѓорѓи с.Ораовица"

🚲 НЕДЕЛА 20ти Октомври 9:00ч

🍀ЕкоМоментуМ организира промотивна бесплатна тура со велосипеди до Манастирска црква Св.Ѓорѓи с.Ораовица.

✨️Бидете дел од едно различно несекојдневно искуство и бидете меѓу првите што ќе го доживеат и тоа бесплатно...

📣Водич на турата е Магистер-Археолог Оливер Бојаџиев, кој ќе ве запознае со неколку интересни информации како за манастирот така и за неколку локации кои ќе ги сретнеме по патот до манастирот, заедно ќе отпатуваме векови назад и ќе го доживееме Радовиш и Радовишко во едно сосема друго време преку приказна...

➡️Тргнување од MomentuM Caffe-Bar oд 9:00 часот

Пријавете се преку порака или на телефоните:
☎️077588438 Оливер
☎️074242151 Сашко

🚀Поддржано од ГКЦ КРЕА Радовиш

06/10/2024

🚵‍♀️🏛 Неколку моменти фатени од камера од денешната Архео-Вело тура Старо Ињево, прекрасни моменти, дружба и авантура. 🙂

🚵‍♂️Наскоро се гледаме со нова авантура, заследете и придружете се... Се гледаме 😉🚵

Photos from Eco MomentuM's post 03/10/2024

🚵‍♂️🚵‍♀️🏛 Архео-Вело Тура "Старо Ињево"

🚲 НЕДЕЛА 6ти Октомври

🍀ЕкоМоментуМ организира промотивна бесплатна тура со велосипеди до Старо Ињево.

✨️Бидете дел од едно различно несекојдневно искуство и бидете меѓу првите што ќе го доживеат и тоа бесплатно...

📣Водич на турата е Магистер-Археолог Оливер Бојаџиев, кој ќе ве запознае со жителите и животот на овие простори од далечното минато, заедно ќе отпатуваме векови назад и ќе го доживееме Радовиш и Радовишко во едно сосема друго време преку приказна...

Тргнување од MomentuM Caffe-Bar oд 11:00 часот

Пријавете се преку порака или на телефоните:
☎️077588438 Оливер
☎️074242151 Сашко

🚀Поддржано од ГКЦ КРЕА Радовиш

🚵🏻‍♂️ Денес учествуваме на Архео-Вело турата „Исар-Кале Радовиште“ организирана од Eco MomentuM. 
✨ Оваа тура беше несекојдневно искуство и едно поинакво доживување.
🏛️ Со велосипеди ги посетивме најзначајните археолошки локалитети во Радовиш и отидовме до Радовишката тврдина која датира уште пред единаесетиот век. 
👨🏻‍🏫 Водич на турата беше М-р Археолог Oliver Bojadjiev и со неговото живописно раскажување отпатувавме векови наназад за подобро да ги запознавме тајните од минатото.
🚵🏻‍♂️🚵🚵‍♀️ На турата имаше 20тина велосипедисти од различни возрасни групи, сите имавме прекрасна дружба и научивме по нешто ново.

Пофалби за организаторот и водичот на турата. Ние ги подржуваме ваквите активности и дружби и се надеваме дека ќе имаме уште многу слични настани во иднина! 29/09/2024

🏛🚵‍♀️🚵‍♂️🚵Импресии од првата организирана Архео-Вело тура "Исар-Кале Радовиште"
Благодарност до учесниците, и се гледаме наскоро со нова авантура...🙂

🚵🏻‍♂️ Денес учествуваме на Архео-Вело турата „Исар-Кале Радовиште“ организирана од Eco MomentuM. ✨ Оваа тура беше несекојдневно искуство и едно поинакво доживување. 🏛️ Со велосипеди ги посетивме најзначајните археолошки локалитети во Радовиш и отидовме до Радовишката тврдина која датира уште пред единаесетиот век. 👨🏻‍🏫 Водич на турата беше М-р Археолог Oliver Bojadjiev и со неговото живописно раскажување отпатувавме векови наназад за подобро да ги запознавме тајните од минатото. 🚵🏻‍♂️🚵🚵‍♀️ На турата имаше 20тина велосипедисти од различни возрасни групи, сите имавме прекрасна дружба и научивме по нешто ново. Пофалби за организаторот и водичот на турата. Ние ги подржуваме ваквите активности и дружби и се надеваме дека ќе имаме уште многу слични настани во иднина!

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Radovis?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Address

22ri Oktomvri Bb
Radovis
2420

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00
Saturday 09:00 - 17:00
Sunday 09:00 - 17:00