03/06/2026
Охрид ќе биде домаќин на 6-от Меѓународен А-класа турнир „Охрид Опен 2026“
На 20-ти јуни во Охрид, во СРЦ „Билјанини Извори“, во организација на Таеквон-до клуб „Хва-Ранг ИТФ“ Лескоец-Охрид, а во склоп на Македонска Традиционална Таеквон-д....
01/06/2026
🥋🏆 ЧЕТИРИ МЕДАЛИ ЗА „ГЕ-БЕК“ ОД ГОЛЕМИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА! 🇲🇰
🥋🏆 ЧЕТИРИ МЕДАЛИ ЗА „ГЕ-БЕК“ ОД ГОЛЕМИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА! 🇲🇰 Таеквон-до клубот „Ге-Бек“ од Ресен продолжува успешно да ја претставу....
31/05/2026
На 30.05.2026 година Таеквон-до клуб „Ге-Бек“ – Ресен во склоп на МТТФ зеде учество на големиот меѓународен натпревар „ITF Grand Prix“ во Босна и Херцеговина, на кој настапија над 350 натпреварувачи од 10 земји од различни делови на Европа.
Клубот настапи со 5 натпреварувачи и освои вкупно 4 медали:
🥇 Медина Мусиќ – 1 место во форми (борба со замислен противник), категорија јуниори 14–15 години, жолт појас.
🥈 Марија Тунтеска – 2 место во спаринг, категорија девојчиња 11–13 години до 55 кг.
🥉 Владимир Димитриевиќ – 3 место во спаринг, категорија сениори 18–34 години до 78 кг.
🥉 Димитар Андоновски – 3 место во форми (борба со замислен противник), категорија момчиња 13–14 години, жолт појас.
Михаил Гошевски, и покрај големата борбеност и карактер што ги покажа во своите настапи, овој пат не успеа да се закити со медал.
Следен предизвик за Таеквон-до клуб „Ге-Бек“ – Ресен е меѓународниот турнир „Охрид Опен“, кој ќе се одржи на 20 јуни во Охрид и со кој клубот ќе го заокружи првиот дел од натпреварувачката сезона.
Им честитаме на сите натпреварувачи за постигнатите резултати и достојното претставување на клубот, градот Ресен и Македонија! 🇲🇰
10/05/2026
Денес, 10.05.2026 година, 9 членови од Таеквон-до клуб Ге-Бек Ресен полагаа за појас во Традиционално Таеквон-до во спортската сала на Таеквон-до клуб Хва-Ранг во с. Лескоец – Охрид, пред националните тренери Марјанчо Лазаревски и Саша Поповски, претставувајќи ја својата техника, дисциплина и физичка подготвеност, при што сите успешно го положија својот испит.
Следен предизвик за натпреварувачите на Таеквон-до клуб Ге-Бек Ресен ќе биде на 30 Мај на меѓународниот А-класа турнир Гранд При Зворник Опен 2026 во Босна и Херцеговина.
Им посакуваме многу успех и достојно претставување на клубот, Ресен и Македонија на претстојниот меѓународен турнир.
🇲🇰🥋💪
28/04/2026
Нашиот клуб отвора можност за сите нови деца кои сакаат да го запознаат Таеквон-до спортот, да тренираат 1 месец бесплатно и да видат дали овој спорт е вистинскиот избор за нив.
Период за запознавање, учење на основите и чувствување на тимската атмосфера која веќе ја градиме со нашите постојани членови ❤️
Нашите членови се нашата гордост, а сега даваме можност и на нови деца да станат дел од таа приказна.
✅ Дисциплина
✅ Самодоверба
✅ Почит
✅ Дружење
✅ Здрав развој
✅ Забава
📩 Пријавување во порака
📍 Локација: Спортска сала ,,Зоран Стојановски”
📞 Контакт: 077-543-879
🥋 Таеквон-до – тим што расте заедно.