09/06/2026
⛺ КАМПИНГ ЗОНА ИНФО
Кампувањето е отворено за сите и функционира по принципот „прв дојден – прв услужен“. Кампинг зоната ја организираме во соработка со и ќе можат да ја користат сите учесници и посетители на двата настани.
Доколку се пополни предвидениот простор, можете да кампувате и на други локации низ Претор, а да ги користите тоалетите и тушот во нашата фан зона.
Кампувањето е отворено од денот пред настанот (19.06), а престојот е можен до денот после напладне (21.06).
📍 Точната локација на кампинг зоната/фан зоната ќе биде објавена на линк во био.
Кампинг зоната е бесплатна и условите се камперски :)
⚠️ Кампувањето е на сопствена одговорност. Организаторот не сноси одговорност за лични предмети и опрема.
15/05/2026
Tour de Galičica 2026! 🚵♂️⛰️
Поради неколку оправдани причини, вклучувајќи ги и временските услови во изминатиот период, не бевме во можност порано да ги објавиме деталите за овогодинешните тури.
Во најкраток можен рок ќе следува детален опис на сите патеки и активности.
Ви благодариме за трпението, поддршката и интересот што го покажувате кон Tour de Galičica.
Со нетрпение ве очекуваме повторно заедно да ги доживееме убавините на Преспа и Галичица! 🌿
Дополнителни информации за патеките и целосната програма ќе бидат објавени наскоро 📅
Организаторот го задржува правото на евентуални измени во програмата, доколку постојат оправдани причини.
Со почит,
PrespaBike
14/05/2026
Подготвени за нова авантура! ⛰️🚴
Ова е официјалната DriFit маичка за овогодинешното издание на Tour de Galičica — инспирирана од природата, планинските линии и духот на Преспа.
Со модерен дизајн, топографски мотиви и удобност создадена за движење, оваа маичка ќе биде дел од секој искачен километар, секој поглед и секој незаборавен момент на турата. 🌿
Маиците се спонзорирани преку проектот финансиран од Европската Унија „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, имплементиран од Македонското еколошко друштво во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“.
Благодарност до нашите поддржувачи и пријатели кои помагаат Tour de Galičica секоја година да расте и да добива уште посебна приказна. 💚
📅 21.06.2026 — Tour de Galičica
Преспа ве очекува!
03/05/2026
🚴♂️ Tour de Galičica 2026 се ближи! ⛰️
Влегуваме во последната фаза од подготовките, а возбудата расте!
Пријавувањето е во тек – подгответе се за незаборавна авантура во срцето на природата.
Како и секоја година, имаме повеќе опции за сите љубители на активниот живот:
🔹 Велосипедска тура низ Н.П. Галичица
🔹 Планинарска тура низ Н.П. Галичица
🔹 Рекреативна планинарска тура до с. Конско со посета на островот Голем Град
🔹 Рекреативна велосипедска тура до с. Конско со посета на островот Голем Град
Тимот на PrespaBike макотрпно работи на финализирање на сите детали, а конкретните рути ќе бидат објавени во најкраток можен рок.
Ви благодариме за трпението и довербата – најдоброто допрва доаѓа! 💚
Се гледаме на Галичица!
— Тимот на PrespaBike
**Линкот за пријавување
https://forms.gle/gfqJAf2bPuLGeW7TA
08/03/2026
Tour de Galičica не е само настан.
Тоа е чувство. Тоа е заедница. Тоа е приказна.
Приказна што ја пишуваме заедно – со секој извозен километар, со секој здив на планината и со секој поглед кон двете езера што го запира времето.
Tour de Galičica постои за вас и поради вас.
Заради луѓето кои ја сакаат природата, авантурата и слободата што ја носи велосипедот.
Вашата енергија, вашата страст и вашата насмевка на патеката се причината поради која оваа приказна трае и расте од година во година.
И затоа секоја нова тура не е само уште едно возење.
Тоа е нов спомен. Ново пријателство. Ново доживување.
Благодариме што сте дел од Tour de Galičica.
Најубавите приказни секогаш се пишуваат заедно. 🚴♂️⛰️💚
01/03/2026
🚴♂️ Tour de Galičica – велосипедска тура што се памети
Од 2014 година па сè до денес, Tour de Galičica прерасна во симбол на вистинска offroad авантура. Тура што не е само возење – туку доживување.
Патеката низ годините се менуваше, се надградуваше и се прилагодуваше, но едно остана исто – чувството на слобода, адреналин и восхит. Секој свиок носи нов хоризонт, секое искачување нов предизвик, а секое спуштање чиста еуфорија.
Ова не е обична велосипедска тура.
Ова е искуство што ги поместува границите.
Ова е момент кога природата и човекот стануваат едно.
Многумина ја нарекуваат една од најубавите велосипедски тури во нашата држава – и со причина. Погледите што се отвораат, теренот што бара карактер и заедништвото што се создаваат по патеката, ја прават Tour de Galičica нешто повеќе од настан.
Тоа е традиција.
Тоа е страст.
Тоа е предизвик што еднаш кога ќе го доживееш – сакаш повторно да се вратиш. 🌄🔥
20/02/2026
Драги пријатели, љубители на велосипедизмот и планината 🌄
Велосипедско-планинарскиот клуб „PrespaBike“ – Ресен со големо задоволство ве поканува на уште едно издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан:
🏞️ Tour de Galičica
Овој настан, кој секоја година се одржува третиот викенд од јуни, ги собира сите оние што знаат дека вистинското уживање е надвор – меѓу планината, езерото и тишината.
Во рамки на настанот ќе бидат организирани повеќе активности за сите љубители на активниот животен стил – од рекреативци до поискусни учесници:
🔹 Велосипедски тури
🔹 Планинарска тура
🔹 Посета на островот Голем Град
Дополнителни информации за патеките и целосната програма ќе бидат објавени наскоро 📅.
Организаторот го задржува правото на евентуални измени во програмата, доколку постојат оправдани причини.
Со почит,
PrespaBike.
Dear friends, lovers of cycling and the mountains 🌄,
The PrespaBike – Resen Cycling and Hiking Club is delighted to invite you to another edition of the traditional sports and recreational event:
🏞️ Tour de Galičica
This event, held every year on the third weekend of June, brings together all those who know that true enjoyment is outdoors – among the mountains, the lake, and the silence.
The event will feature various activities for all lovers of an active lifestyle – from recreational participants to more experienced adventurers:
🔹 Cycling tours
🔹 Hiking tours
🔹 Visit to the island of Golem Grad
Additional information about the trails and the full program will be announced soon 📅.
The organizer reserves the right to make changes to the program if justified reasons arise.
Best regards,
PrespaBike.