23/08/2026
Денес завршува четири дневниот камп во Албена, Бугарија.
На тренинг кампот учествуваа околу 80 спортисти меѓу кои и дел од нашата репрезентација. На тренинзите се одработуваа техники за борби а во пресрет на Балканското Првенството што од 09-13 Септември ќе се одржи во Бања Лука БиХ. Ова секако беше одлична можност нашите спортисти да се стекнат со поголемо искуство и знаење како и подобра техничка и кондициона подготвеност.
Ова беше првиот летен тренинг камп, додека веќе во среда започнува и вториот тренинг камп овој пат во Лептокарија, Грција на кој што ќе учествуваат 120 спортисти од повеќе држави, а тоа ќе биде одлична можност за спаринг на нашите спортисти со спортисти од другите репрезентации.