30/08/2026
🏆 ЗАВРШИ НАСТАПОТ НА НИКА КУП – БЕЛГРАД! 🇷🇸⚽️
Нашата генерација 2015 на ФК Парк Сити во изминатите три дена имаше одличен настап на турнирот Ника Куп во Белград.
🔴⚫️ Нашите млади фудбалери одиграа одлични натпревари, покажаа борбеност, тимски дух и голема желба за надигрување. Најважно од сè – стекнаа ново, драгоцено искуство кое ќе им биде од големо значење за нивниот понатамошен развој.
💪 Овој турнир е уште еден чекор напред за нашите момчиња. Следната година се надеваме на уште повеќе среќа, уште подобри резултати и нови фудбалски успеси!
❤️🖤 Браво момци! Продолжуваме понатаму! ⚽️🏆