04/06/2026
🥇 1 златен, 🥈 4 сребрени, 🥉 2 бронзени медали и 🏆 пехар за ТК Сила на „Ulcinj Trophy 2026“
Изминатиот викенд нашиот клуб настапи на силниот меѓународен турнир „Ulcinj Trophy 2026“. Во конкуренција од 350 натпреварувачи, ТК Сила беше претставен од 9 членови во три старосни категории.
Најголемиот успех за нашиот клуб го остварија младите кадети, кои го освоија 🏆 пехарот за трето место во севкупниот пласман меѓу 32 клуба.
Индивидуални резултати:
🥈 Ведран Трпевски – 2. место, деца до 25 кг
🥇 Марјан Јандриевски – 1. место, млади кадети до 27 кг
🥈 Андреа Велјановска – 2. место, млади кадетки до 30 кг
🥈 Огнен Лазески – 2. место, млади кадети до 36 кг
🥉 Алексеј Велјановски – 3. место, млади кадети до 43 кг
🥈 Ана Крстеска – 2. место, кадетки до 51 кг
🥉 Максим Лазески – 3. место, кадети над 65 кг
И покрај одлично прикажаните борби, нашите Ивана Јандриевска и Мартин Крстески, кои настапија во кадетска конкуренција, не успеаја да стигнат до медал.
Честитки до сите натпреварувачи за прикажаните борби и достојното претставување на клубот! 👏💪🥋
16/05/2026
На 09.05.2026 нашиот клуб зеде учество на "Бутел Опен 2026" кој е дел од лига системот на МТФ. Во конкуренција од преку 300 учесници нашиот клуб го претставуваа 12 натпреварувачи освојувајќи:
3 златни
2 сребрени
5 бронзени медали
Следниот и последен предизвик за нашиот клуб за пролетната полусезона ќе биде на 30 Мај во Улцињ, Црна Гора на силниот меѓународен турнир "Ulcinj Trophy 2026".
29/03/2026
🇲🇰🇲🇰
🌏 40 НАЦИИ ОД ЦЕЛ СВЕТ НА SKOPJE OPEN G1!
👉 Светски таеквондо сили како Британија, Кина, Шпанија, Франција, Италија и уште 35 држави ќе учествуваат на еден од најголемите спортски настани во Македонија во последниве години.
🥋 Skopje Open G1 е турнир со висок ранг, каде се освојуваат бодови за олимписка норма, вистинска можност Македонија конечно да биде домаќин на врвен спорт од светски калибар.
🏟️ Турнирот е во организација на ТК Бутел, Македонската таеквондо федерација и ТК Рамус.
🇲🇰 Генерален поддржувач на настанот е Владата на Република Македонија.
📅 На 4 и 5 април, во спортскиот центар „Борис Трајковски“, дојдете да ги бодриме нашите најдобри таеквондисти!
🎉 Свеченото отворање ќе се одржи на 4 април во 12:00 часот.
Македонското таеквондо го диктира врвниот спорт во државата !
🔥 Посебна вредност на настанот е што македонските репрезентативци се сериозни кандидати за медали, и покрај силната меѓународна конкуренција.
12/03/2026
2 златни, 3 сребрени и 7 бронзени медали за ТК Сила на Охрид Опен 2026 🏆
Изминатиот викенд нашиот клуб учествуваше на „Охрид Опен 2026“, првиот лигашки натпревар на Македонската Таеквондо Федерација за 2026 година.
Под организација на ТК Хваранг Фист и МТФ, во силна конкуренција од околу 250 натпреварувачи, нашиот клуб го претставуваа 15 натпреварувачи, кои покажаа одлична борбеност, дисциплина и храброст, освојувајќи:
🥇 2 златни медали
🥈 3 сребрени медали
🥉 7 бронзени медали
Во оваа прилика им честитаме на сите наши натпреварувачи за постигнатиот успех и борбен дух. 👏
Голема благодарност до ТК Хваранг Фист и МТФ за одличната организација на турнирот, како и до родителите кои несебично нè поддржуваат и ја препознаваат нашата напорна работа. 🙏
Продолжуваме уште посилно!
15/12/2025
Последен натпревар за оваа година - „Илинден Опен“ 🇲🇰
Нашиот тим ја заокружи натпреварувачката сезона со одличен успех и силни борби на татамите!
Освоени резултати:
🥇 2 златни медали
🥈 3 сребрени медали
🥉 3 бронзени медали
Благодарност до Македонската таеквондо федерација, родителите и сите кои нè поддржуваат.
Со овие успеси ја затвораме годината мотивирани и подготвени за нови предизвици!
28/11/2025
🏆 ЗАВРШНА ТАБЕЛА ЗА ЛИГА СИСТЕМОТ НА МАКЕДОНСКАТА ТАЕКВОНДО ФЕДЕРАЦИЈА ЗА 2025 ГОДИМА!
БУТЕЛ ПРВ, КОРИО ВТОР, ФЕНИКС ТРЕТ.
ТАБЕЛА ЛИГА СИСТЕМ МТФ
🥇1.TK Бутел – 1217
🥈2.TK Корио – 960
🥉3.TK Феникс – 727
4.TK Младост – 713
5.ТК Штип – 534
6.TK Кобра – 468
7.TK Хваранг – 412
8.TK Тигри – 293
9.TK Те Макс – 204
10.TK Сила – 202
11.TK Годел – 161
12.TK Поомсае – 134