25/07/2025
Комисија за животна средина при ФПСМ
Официјален профил на Комисијата за животна средина при ФПСМ
25/07/2025
27/06/2025
Став на Комисијата за животна средина при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија во врска со најавеното градење мали-хидроцентрали
Ние, како Комисија за животна средина при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, преку овој јавен став ја изразуваме нашата длабока загриженост и јасно несогласување со најавеното градење на мали-хидроцентрали на реката Дошница, на Кожуф планина.
Сме категорично против реализацијата на овие проекти. Наместо да се бара заштита и прогласување на оваа преубава планина за национален парк, група луѓе настојуваат да дејствуваат деструктивно врз едно од последните недопрени и највредни природни богатства што ги имаме.
Со изградбата на вакви хидроцентрали:
-се уништува цел еден екосистем, дом на голем број организми кои немаат алтернативен простор за живеење
-значително се зголемува човечкото присуство, што води до нарушување на природната рамнотежа
-се создаваат трајно обезшумени подрачја
-се нарушува подземниот и целокупниот воден режим, што ќе има последици и за локалните заедници кои живеат во близина.
Апелираме:
Да не се наруши она што е најчисто и недопрено, дом кој постоел уште пред нас, нешто уникатно и ретко во ова време на абнормално зголемено човечко влијание врз секој дел од Планетата Земја.
Да ја зачуваме една од најчистите реки во Македонија, реката Дошница. Да го зачуваме Кожуф таков каков што е со недопрени и здрави екосистеми.
Не заборавајте дека денес е реткост да се најде нешто природно и неуништено од човекот. Токму затоа, тоа не може и не смее да биде жртвувано за ничии лични интереси, пари или ситни придобивки на сметка на еден цел екосистем, кој е дом за безброј живи суштества.
11/02/2025
Караниколичко Езеро / Liqeni i Karanikollës (Gjoli pa fund) Големото Караниколичко Езеро е хидролошки бисер кој сведочи за динамичната историја на глацијалните процеси на Шар Планина. За да се заштити ова природно нас...
27/09/2024
Од ЕЛС-Гостивар известуваат дека со најновите микробиолошки анализи водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на калиформни бактери и ешерихија коли[E.coli], кои можат да преставуват сериозни здравстени ризици. До граѓаните е упатено следното соопштение-
До дополнително известување, ве советуваме да;
1. Избегнуваjте употреба на вода од јавната водоводна мрежа.
2. Користете Флаширана вода за пиење и готвење.
3. Следите информаци за состојба додека работиме на решавање на проблемот и обезбедување на безбедно водоснабдување.
ЈKП Комуналец Гостивар во врска со неисправната вода за пиење во ЕЛС-Гостивар ќе почнат со интервенција после 07,00 ч. утрово.
26/09/2024
Знаеш нешто но не си сигурен. Или пак прв пат се сретнуваш со оваа информација и воопшто немаш познавања зошто би било забрането капење во планинските езера?!
Еве неколку причини зошто:
1. Глечерските езера се дом на специјално прилагодени растителни и животински видови. Овие организми често имаат тесни еколошки ниши и можеби нема да можат да ги преживеат промените во нивната средина, како што се промените во хемијата на водата или температурата предизвикани од човековата активност.
2.Ниско ниво на хранливи материи: Овие езера обично имаат ниско ниво на хранливи материи, што значи дека поддржуваат помалку, но високо специјализирани видови. Воведувањето на туѓи материи, како крема за сончање или масла за тело од капачите, може да го наруши деликатниот баланс на хранливи материи и да им наштети на локалните видови.
3.Цветање на алгите: Човечката активност може да внесе хранливи материи што може да доведат до цветање на алгите. Додека алгите се природни компоненти на водните екосистеми, прекумерниот раст може да го осиромаши нивото на кислород во водата, нанесувајќи им штета на рибите и другиот воден живот.
4. Нарушување на седиментот: пливањето може да предизвика седименти на дното на глацијалните езера. Ова може да ослободи заробени загадувачи или хранливи материи во водната колона, потенцијално предизвикувајќи еколошки промени кои влијаат на целиот езерски екосистем.
5. Хемиски загадувачи: дури и минималната употреба на средства за заштита од инсекти, креми за сончање или други хемикалии од страна на капачите може да внесе токсини во водата. Овие супстанции можат да се акумулираат во ткивата на водните организми, што доведува до биоакумулација и потенцијални здравствени проблеми во синџирот на исхрана.
Заштитата на кревките екосистеми на глацијалните езера вклучува минимизирање на човечкото влијание за да се зачува нивната единствена биолошка разновидност и еколошка рамнотежа. Забраните за активности како пливање помагаат да се осигура дека овие средини остануваат непречени и можат
да продолжат да напредуваат.
22/08/2024
Од друга перспектива… 🦋🐦⬛🦅🦉🪲🕷️
Карта на патишта по кои е дозволено и забрането движење со моторни возила | НП Шар Планина Карта на патишта по кои е дозволено и забрането движење со моторни возила
26/07/2024
05/06/2024
5 Јуни - Овогодишната кампања за Светскиот ден на животната средина се фокусира на обновување на земјиштето, опустинување и отпорност на суша под слоганот „Нашата земја. Нашата иднина. Ние сме “.
Ние сме генерација што ОБНОВУВУВА, не ДЕГРАДИРА!
Садете климатски отпорни растенија во вашата околина, двор или тераса, со секоја активност внимавајте да имате што помал отпечаток врз животната средина, поддржете ги активистите за заштита на животната средина особено бидете гласни во стопирање на штетните мали хидроелектрани во планинските региони, возете велосипед или одете пеш кога можете, јадете локална храна или произведувајете ја доколку имате услови, барајте од вашата општина простор за урбани фарми-градини, барајте редовно собирање на отпадот, пријавувајте несовесно отстранување на градежен шут или формирање на диви депонии.
ЗАЕДНО сме посилни во мотивот за чиста и здрава животна средина!
Повеќе може да прочитата на следниот линк: https://www.unep.org/news-and-stories/press-release/saudi-arabia-host-world-environment-day-2024-focus-land-restoration
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Skopje
1000