31/05/2026
🏐 Сакаш да бидеш дел од тим каде се градат дисциплина, самодоверба и победнички дух?
ОК Фламинго Волеј врши селекција на нови играчи родени 2008, 2010, 2012 и помали.
Без разлика дали веќе тренираш или сакаш да ги направиш првите чекори во одбојката, ова е твоја можност да станеш дел од клуб кој расте, напредува и создава успешни приказни.
📞 Пријави се на: 078 47 00 47
24/05/2026
🏐 Крај на сезоната и за нашите пионерки! На крајот го заземаме 4тото место од скоро 40 екипи. што е резултат за поздрав и гордост !
По сезона без пораз, вчера не го одигравме турнирот како што посакувавме.
Тежок ден, многу емоции и две тешки загуби.
Во првиот натпревар имаше голема борба,во двата сета изгубивме на разлика, а во вториот се почувствува и падот на енергијата и разочарувањето.
Но и тоа е дел од спортот.
Горди сме на овие девојки за сè што покажаа во текот на целата сезона — труд и дисциплина🦩
Им честитаме на ОК Наковски Волеј за освоеното прво место и заслужената победа на турнирот. 👏🏆
21/05/2026
🏐 Најдобрите 4 пионерски екипи во Македонија.
🔥 Една сала. Една цел. Едно финале.
Во сабота нè очекуваат силни натпревари, голема борба, емоции, навивање и одбојкарска атмосфера што не се пропушта. 💪🦩🎉
🕐 САТНИЦА:
13:00 — Прво полуфинале
🦩 Фламинго Волеј 🆚 Форца Волеј
14:00 — Второ полуфинале
🏐 Наковски Волеј 🆚 Фит Фан Волеј
15:30 — Натпревар за 3 место
17:00 — 🏆 ГОЛЕМО ФИНАЛЕ
📍 ООУ „Невена Георгиева Дуња“ – Скопје
🎁 За сите учесници на финалниот турнир:
📱 Screen Time Challenge со .t.tomislav
🕶 Barner подароци од ME&Brands,
И купони за попуст од ME&Brands & Runners
Дојди да уживаме во одбојка, атмосфера и борба за титулата! 🙌
17/05/2026
ПОБЕДА ВРЕДНА ПЛАСМАН ВО ПРВА ГРУПА ! ✅🦩
Нашите помлади пионерки како 1во пласирани на табела во група2 , се пласираа во група1 за следна сезона каде ќе имаме 2 наши екипи ! 💪
Нашите девојки одиграа одличен натпревар со сигурни 3:0 против Феникс Волеј. 💪
Честитки девојки ! 👏
17/05/2026
Конечен пласман за нашите Младинки ➡️ 7 место !🦩
На денешниот турнир за пласман 5 до 8 место, во првиот натпревар девојките беа поразени од ОК „Форца Волеј“ со 0:2, но во вториот меч за 7мо место против ОК „Работнички Скопје“ покажаа одлична реакција, игра и борбеност и заслужено славеа со 2:0 💪
Оваа победа добива уште повеќе на тежина, знаејќи дека игравме против неколку години постари одбојкарки ! 👏
Продолжуваме понатаму уште помотивирани, следен викенд не чека Финалниот турнир во Пионерска категорија ! 🙌🏼🏐
16/05/2026
🏐 Пионерки – група 2 | 1/4 финале
Во недела нè очекува важен натпревар и борба за место меѓу најдобрите.
ОК „Фламинго Волеј 2“ 🆚 ОК „Феникс Волеј“
17.05.2026
🕢 19:30 часот
ООУ „Невена Георгиева Дуња“ – Скопје
📣 Ве повикуваме да дојдете и да бидете нашата најсилна поддршка од трибините!
15/05/2026
🏐 МЛАДИНКИТЕ ВО БОРБА ЗА ПЛАСМАН!
Во недела нашите младинки продолжуваат со нов предизвик и натпревар за пласман од 5 до 8 место.
🏐 ОК „Фламинго Волеј“ 🆚 ОК „Форца Волеј ЕМА“
🕚 11:00 часот
🏐 ОК „Работнички Скопје“ 🆚 ОК „Младост УГД“
🕛 12:00 часот
📅 17.05.2026
🏟 СЦ „Форца“ – Скопје
📣 Ве очекуваме на трибините да ги поддржиме девојките!
14/05/2026
🏆 Прием за шампионките на ОК „Фламинго“ во Општина Кисела Вода! 🦩🏐
Денес имавме чест да бидеме примени од градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајкоска, по повод освоеното прво место во Втората лига и пласманот на нашиот клуб во Првата лига. 💪
Разговаравме за патот на клубот, за почетоците во салата „Независна Македонија“, за трудот, дисциплината и љубовта кон одбојката што нè донесоа до овој голем успех.
🦩 26 победи. 🏆 Шампионска сезона. ⬆️ Пласман во Прва лига.
Благодарни сме за приемот, поддршката и убавите зборови упатени кон нашиот клуб и нашите девојки. 🤝
Продолжуваме понатаму со уште поголема мотивација и гордост да го претставуваме Фламинго а со тоа и општина Кисела Вода во најсилното одбојкарско друштво. 🔥
10/05/2026
Нашите пионерки без изгубен сет досега се пласираа во полуфинале! 💪🦩
Интересен натпревар, долги поени и прекрасна навивачка атмосфера.
Нашите девојки беа фокусирани кога беше најпотребно, мирни во завршниците на сетовите и заслужено дојдоа до убедлива победа од *3:0*. 🔥
Со оваа победа заслужено чекориме меѓу најдобрите. 👏
Честитки и до екипата на Ново Село за фер и борбена игра.
А ние мислите ги насочуваме кон завршниот турнир, каде ќе се бориме за медал во пионерска конкуренција. 🏐
Одиме понатаму. 🦩🏐