29/03/2026
Во организација на Работното
тело за регионален развој при Судиската комисија
( ), во четвртокот на 26 март се одржа
предавање пред членовите на Судиската организација на Скопје и Судиската организација на Куманово. Предавањето го одржа Националниот ФИБА инструктор Петар Денковски .denkovski ,
на темите “Индивидуални техники на судење” и “Механика со тројца судии”.
Им благодариме на сите инволвирани и на колегите од скопската судиска организација за гостопримството и за проактивниот пристап.
Во април се планирани уште низа предавања со присуство (во пелагонискиот регион) и онлајн предавања (за сите членови). 🏀
25/02/2026
Во организација на Работното тело за регионален развој при Судиската комисија ( , .g) вечерва се одржа предавање пред членовите на Судиската организација на Кавадарци. Предавањето го одржа Националниот ФИБА инструктор Петар Денковски .denkovski , на повеќе теми од кошаркарското судење.
Ова е прво предавање од ваков вид, а планот e во следниот период да се посетат и останатите региони.
Им благодариме на сите инволвирани и на колегите од тиквешкиот регион за гостопримството и за проактивниот пристап. 🏀
22/02/2026
Службените лица на финалето на македонскиот Куп “Благоја Георгиевски Буштур” 2026 во женска конкуренција
15/02/2026
Службени лица на Финалето од македонскиот Куп “Благоја Георгиевски Буштур” - Куманово 2026 🏀
21/12/2025
Секој натпревар е важен, а секоја улога има своја тежина.
Честитки за одличната организација и настан во режија на Кошаркарската федерација на Македонија.
Големи честитки до нашите колеги за заслужените награди 👏
Да продолжиме да растеме, да бидеме уште подобри и поуспешни, честитки до сите! 🏀✨
17/12/2025
Како судиска организација сме исклучително горди што нашата Ема Никочевиќ ја доби наградата за најдобра судијка на „Олимпија 2025“, во организација на Олимпискиот Комитет на Македонија.
Нека се множат успесите на нашите колеги и уште многу заслужените признанија, Емче!
Судиски поздрав 👊🏻
07/10/2025
Последен отсуден натпревар за нашите судии Владо Цветановски и Горан Бошкоски - Пајо. 🙌
Ви благодариме за сите години посветеност, професионалност и љубов кон кошарката! 🏀
Ни беше огромна чест и задоволство да ве гледаме на терените – оставивте голема трага и инспирација за идните генерации. 💙
05/10/2025
Успешно реализиран претсезонскиот семинар за службени лица на МКФ 🏀
Изминатиот викенд во Скопје, Судиската комисија при Македонската кошаркарска федерација го одржа претсезонскиот семинар со учество на 70 судии, 40 делегати и контролори и 12 нови кандидати.
Официјалното отворање го изврши претседателот на македонската кошаркарска федерација, г-н Томе Главчев, а свое обраќање имаше и потпретседателот г-н Младен Ѓуроски.
Програмата опфати физички тестови во СРЦ „Кале“,теоретски дел во хотел „Актор“, како и предавања од Синиша Херцег (ФИБА Европа) и Александар Давидов (АБА судија).
Неделата беше посветена на етички и административни теми со излагања на Петар Денковски, Александар Милојевиќ и Алија Феревски.
МКФ и Судиската комисија уште еднаш ја потврдија својата заложба за професионализам, фер-плеј и унапредување на судиските стандарди пред стартот на новата сезона. 💪✨
23/08/2025
Нашиот колега Владо Цветковски е делегиран на финалето на европското првенство U16 жени во Питешти, Романија. Тој ќе биде делегат на натпреварот, а судии се Маркис 🇷🇴, Ивановиќ 🇷🇸 и Биндерс-Кодерс 🇱🇻. За златниот медал ќе се борат репрезентациите на Шпанија и Романија.
Честитки за колегата .cvetkovski 🇲🇰
16/08/2025
📋⏱️ Зад секој успешен кошаркарски натпревар стои и тимот од службени лица на записничката маса.
Тие се тивките херои кои се грижат за точниот резултат, времето и сите статистики – за играта да биде фер и правилна. 🏀
Без нив, кошарката едноставно не би можела да функционира! 🙌
08/08/2025
Европското првенство до 16 години е официјално започнато! 🇲🇰
Ова е дел од нашата екипа која ќе ја сретнете овие денови низ салите во Спортскиот центар „Јане Сандански“.
Ајде заедно да ја бодриме Македонија! 🏀