Атлетска Федерација на Македонија

Атлетска Федерација на Македонија Athletic Federation of Macedonia - Official page

Официјална фејсбук страна на Атлетска Федерација на Македонија

💫
28/10/2024

💫

Прогласувањето се одржа синоќа во Скопје на престижната манифестација „Golden Tracks Skopje...

Денеска, Скопје ќе биде домаќин на најдобрите европски атлетичари. За прв пат во историјата во Скопје ќе се избираат нај...
26/10/2024

Денеска, Скопје ќе биде домаќин на најдобрите европски атлетичари. За прв пат во историјата во Скопје ќе се избираат најдобрите атлетичари во Европа за 2024 на престижната манифестација „Golden Tracks Skopje 2024” на Европската Атлетска Асоцијација.

„Golden Tracks“е симбол на врвниот успех, признание и престиж во светот на атлетиката,манифестација која ги наградува најуспешните атлетичари од цела Европа. Оваа година, за прв пат во три децениската историја на манифестацијата, организатор ќе биде балканска земја.

" Голема е честа да се биде домаќин на една ваква манифестација, како „Golden Tracks“ која е од големо значење за нашата држава, бидејќи не само што ја демонстрира нашата посветеност кон атлетиката, туку и ја покажува нашата сериозност и подготвеност да дејствуваме согласно европските стандарди.
Преку овој настан, ги промовираме нашите традиционални вредности и освојуваме доверба, што потврдува дека нашите напори се забележани." - истакна Александра Војнеска-Зикова, потенцирајќи ја важноста на овој настан кој придонесува за развој на меѓународната соработка односно за унапредување на спортската дипломатија како и можност за промоција на Република Македонија.

На настанот ќе се обединат повеќе од 300 истакнати личности, претставници на 51 федерација од цела Европа, вклучувајќи претседатели на национални атлетски федерации во чии редови се наоѓаат многу светски и европски звучни имиња носители на медали во атлетиката, како и најуспешните во атлетскиот спорт во Европа - имиња кои пишуваат историја во атлетиката, светски рекордери во своите дисциплини.

На настанот присутни ќе бидат Лорд Себастијан Коу, претседател на Светската атлетска асоцијација, како и претседателот на Европската Атлетска Федерација, г. Добромир Карамаринов, претстедателот на владата г. Христијан Мицкоски и Министерот за спорт, г. Борко Ристовски.

Овој светски настан ќе се емитува во живо на МРТ 3 со почеток во 20 часот ⭕️

Меѓународна Ноќна Атлетска Трка “Низ Улиците на Скопје” 2024 🏆🇲🇰 Во чест на 13-ти Ноември денот кој е симбол на ослободу...
07/10/2024

Меѓународна Ноќна Атлетска Трка “Низ Улиците на Скопје” 2024 🏆🇲🇰

Во чест на 13-ти Ноември денот кој е симбол на ослободувањето на Скопје во 1944 година, Атлетската Федерација на Македонија во соработка со Општина Гази Баба, Министерството за Спорт и МВР, ќе ја реализира една од најстарите атлетски манифестации на пат, НОЌНАТА АТЛЕТСКА ТРКА “Низ Улиците на Скопје” на 17ноември 2024 со детска трка на 400м до 12 години и главна трка на 5км во машка и женска конкуренција.

Пријавете се на:
https://runnerspot.com/event/NizUliciteNaSkopje

🏆 Атлетиката е на прагот на светла иднина !🌟 Во 2024 година, посветеността  и залагањето на нашите репрезентативци остав...
30/09/2024

🏆 Атлетиката е на прагот на светла иднина !

🌟 Во 2024 година, посветеността и залагањето на нашите репрезентативци оставија длабок печат на нашата спортска сцена. Сениорите поставија високи
стандарди, а младинците со храброст постојано ги следат и ги поместуваат границите на успехот, создавајќи врвен спорт кој инспирира и мотивира!

Посебна благодарност до Министерството за спорт за нивната максимална поддршка. Длабоко благодарни што Министерот ги препознава квалитетите на нашите млади атлетичари и направи значаен чекор напред во поддршката на спортот. Неговата визија и посветеност се уникатни и отвораат нова ера за нашата атлетика.

Со заеднички напори, продолжуваме да работиме на развојот на спортот и да ги остваруваме нашите амбициозни соништа! Заедно сме посилни! 🇲🇰💪✨

Национално Првенство во Полумаратон 🏆🇲🇰На 22 септември, во рамките на трката Трчај бе, низ битолските улици се одржа Нац...
30/09/2024

Национално Првенство во Полумаратон 🏆🇲🇰

На 22 септември, во рамките на трката Трчај бе, низ битолските улици се одржа Националното Првенство на Македонија во Полумаратон.

Најдобрите на ова првенство се:

🔴 Жени
1. Адријана Поп Арсова - 01:17.11 АК Делта
2. Миљана Ристиќ - 01:23.57 АК Делта
3. Фросина Михајловска - 01:31.32 АК Аеродром

🟡 Мажи
1. Леонид Вандевски - 01:10.44 АК Делта
2. Жан Тосев - 01:13.34 АК Струмица
3. Атанас Анчевски - 01:15.10 АК Делта

Честитки до сите атлетичари за остварените успеси 👏

Куп на Македонија за Младинци и Младинки 2024 🇲🇰Изминатиот викенд на арената Тодор Проески во Скопје се одржа Купот на М...
17/09/2024

Куп на Македонија за Младинци и Младинки 2024 🇲🇰

Изминатиот викенд на арената Тодор Проески во Скопје се одржа Купот на Македонија за Младинци , натпреварување од екипен карактер каде атлетичарите се борат да освојат што повеќе бодови за повисок пласман на нивните клубови.

Најдобрите клубови од овој натпревар се:

🔴 Мажи
1. АК Делта - 176 бодови
2. АК Куманово - 153 бодови
3. АК 7ми Мај - 122 бодови

🟡 Девојки
1. АК Дрини Старт - 154 бодови
2. АК 7ми Мај - 115 бодови
3. АК Куманово - 113 бодови

🔴 Севкупно
1. АК Куманово - 266 бодови
2. АК 7ми Мај - 249 бодови
3. АК Делта - 176 бодови

Честитки до сите атлетичари и клубови за остварените успеси 👏

Светско Првенство за Младинци 🇵🇪Во периодот од 27-31 Август во Лима, Перу се одржува Светското Првенство под 20 години к...
27/08/2024

Светско Првенство за Младинци 🇵🇪

Во периодот од 27-31 Август во Лима, Перу се одржува Светското Првенство под 20 години каде ќе настапи нашиот атлетичар Владимир Битољану.

Владимир својот настап ќе го има во четврток во 19:05 часот, каде ќе се обиде да го собори сопствениот младински рекорд на 200м кој изнесува 21.64.

Им посакуваме многу среќа и успешна трка на Владек и неговиот тренер Кристијан Кајчевски 🇲🇰

Олимписки Игри Париз 2024 🇫🇷На летните олимписки игри во Париз својот настап го имаше единствениот наш претставник во ат...
12/08/2024

Олимписки Игри Париз 2024 🇫🇷

На летните олимписки игри во Париз својот настап го имаше единствениот наш претставник во атлетиката, Дарио Ивановски.

Дарио успеа да ја заврши маратонската трка со време од 2:28.15, пласирајќи се на 69-то место.

Победник на маратонот беше Етиопиецеот Тамират Тола кој успеа да постави нов олимписки рекорд со време од 2:06.26.

Летни Олимписки Игри Париз 2024 🇫🇷🔴 Во периодот од 1 до 11 Август целиот фокус  на програмата на ЛОИ во Париз ќе биде на...
05/08/2024

Летни Олимписки Игри Париз 2024 🇫🇷

🔴 Во периодот од 1 до 11 Август целиот фокус на програмата на ЛОИ во Париз ќе биде насочен кон збиднувањата во атлетиката.

🟡 Како единствен наш претставник ќе биде Дарио Ивановски во неговата дисциплина Маратон, која на програмата е на 10 Август (сабота) со почеток во 08:00 часот.

Му посакуваме лесни нозе и нов успешен настап за Македонија 🇲🇰

Европско Првенство под 18 години Банска Бистрица 🇸🇰Во Периодот од 18 до 21 Јули во Банска Бистрица, Словачка се одржа Ев...
23/07/2024

Европско Првенство под 18 години Банска Бистрица 🇸🇰

Во Периодот од 18 до 21 Јули во Банска Бистрица, Словачка се одржа Европското Првенство за Млади Младинци каде учество зедоа двајца наши млади репрезентативци со претходно остварени норми за ова натпреварување.

🔴 Брајан Авиа настапи во дисциплината скок во далечина остварувајќи скок од 6.70 пласирајќи се на 23-то место од 30 натпреварувачи, додека во дисциплината скок во височина Брајан успеа да прескокне 1.94 за 25-то место.

🟡 Марко Алексовски настапи на дисцплината 100м со истрчан резултат од 11.14 освојуаќи го 33-то место од 37 натпреварувачи.

Честитки за Брајан и Марко за нивните постигнати резултати 🇲🇰

Address

Сала „КК Рабонички„ бб/Скопје
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38923131325

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Атлетска Федерација на Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Атлетска Федерација на Македонија:

Shortcuts

Share