02/02/2026
Фото албум 3 од Државното првенство во велокрос – 2026 🇲🇰
велосипедизам
02/02/2026
Фото албум 3 од Државното првенство во велокрос – 2026 🇲🇰
02/02/2026
Фото албум 2 од Државното првенство во велокрос – 2026 🇲🇰
02/02/2026
Фото албум од Државното првенство во велокрос – 2026 🇲🇰
02/02/2026
Честитки до сите учесници за борбениот настап, до клубовите за посветената работа и до организаторот за професионалноста на Државното првенство во вело-крос кое вчера се одржа во Куманово во организација на Велосипедската федерација на Македонија, ВК Кросс Сајклинг и ВК Инвиктус!👏🏅Натпреварот се одвиваше во вистински вело-крос услови, на патека поставена според стандардите на оваа дисциплина со одлична техничка изведба🏆
Им посакуваме на сите натпреварувачи успешна сезона и уште многу силни резултати на домашната и меѓународната сцена 🚴♂️🇲🇰
📸Vasko Jovanov
Halkbank AD Skopje
29/01/2026
Срдечни честитки до нашите членови - млади надежи од ВФМ, добитници на стипендијата „Спортска надеж“! 👏🎖️ Со поддршка од Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, ова признание е награда за нивниот труд, дисциплина и истрајност. Во истовреме претставува значаен поттик младите спортисти да продолжат да се развиваат и да веруваат во своите соништа!🏅Им посакуваме многу успех и уште многу спортски достигнувања! 🚴🇲🇰🚵♀️
18/01/2026
🇲🇰🇹🇷На годинешниот Конгрес на Балканската велосипедска унија, кое се одржа во Истанбул, присуствуваше претседателот на Велосипедската федерација на Македонија, Емил Цветанов, заедно со претставници од федерацијата🚴♂️
Во рамки на Конгресот, македонската делегација имаше можност да оствари средби и разговори со претседателот на Светската велосипедска унија (UCI), Давид Лапартиен, со претседателот на Европската велосипедска унија (UEC), Енрико Дела Каза, како и со претставници на другите балкански велосипедски федерации.
🤝На состаноците беа разгледани повеќе значајни теми, меѓу кои и календарот на натпревари на Балканската унија, како и други прашања поврзани со унапредување на соработката, развојот на велосипедизмот и зајакнување на регионалните односи меѓу федерациите.
🇲🇰Велосипедската федерација на Македонија продолжува активно да учествува во меѓународните иницијативи со цел подобра организација, поголема меѓународна поврзаност и континуиран развој на велосипедскиот спорт во нашата земја!🚴♂️
29/12/2025
Велосипедската федерација на Македонија им посакува среќна Нова година и убави празници на сите спортисти, тренери, спортски работници, поддржувачи и љубители на спортот. Нека новата 2026та донесе здравје, истрајност, фер-плеј и нови спортски успеси. Заедно градиме силна, здрава и спортска иднина!
🚴♂️🇲🇰🚵♀️
UCI Coaching course level 2🚴♂️🇲🇰
Antonio Barać Centre Mondial du Cyclisme
19/12/2025
Centre Mondial du Cyclisme Thank you for your support!🚴♂️🚴♀️🚴 Antonio Barać👏🎖️
16/12/2025
На денешното вонредно собрание на Велосипедската федерација на Македонија, Емил Цветанов е избран за претседател на Федерацијата, со едногласна поддршка од сите претставници на клубовите членки👏Искрена благодарност до Иванчо Тошевски за неговиот досегашен ангажман на функцијата претседател, како и желби за успех во неговите понатамошни професионални ангажмани🎖️
Честитки до новоизбраниот претседател Емил Цветанов, со верба за успешна и плодна соработка и нови заеднички успеси во велосипедскиот спорт! 🚴♂️🏆🇲🇰