ППК 1060 АС Ѓорче Петров

ППК 1060 АС Ѓорче Петров Пингпонгарски клуб 1060 АС Ѓорче Петров�

🇨🇳🏓 На посебна покана од Кинеската Амбасада, нашиот клуб, заедно со нашите најмлади членови, имаше чест да биде дел од з...
12/09/2026

🇨🇳🏓 На посебна покана од Кинеската Амбасада, нашиот клуб, заедно со нашите најмлади членови, имаше чест да биде дел од завршниот настан.

Особено ни беше драго што нашите најмлади спортисти имаа можност да присуствуваат на овој значаен настан, да се запознаат со кинеските спортисти и претставници и да бидат дел од една прекрасна спортска и културна средба.

Благодариме за поканата и за прекрасното гостопримство! 🇲🇰🤝🇨🇳🏓

12/09/2026

🏓 Успешно завршен уште еден камп!

Андреј имаше можност да им се обрати на кинеските спортисти и претставници на Амбасадата, посакувајќи им срдечно добредојде и успешен престој.

Посебно ни е драго што оваа прилика беше збогатена со обраќањето на Андреј на нивниот мајчин јазик, како убав гест на почит и пријателство.

Продолжуваме со нови предизвици, искуства и спортски успеси! 🇲🇰🏓🇨🇳

🏓 PRISHTINA OPEN 2026 🏓Уште едно успешно учество зад нас! 💪На Prishtina Open 2026, нашиот клуб беше претставен од Сара и...
29/08/2026

🏓 PRISHTINA OPEN 2026 🏓

Уште едно успешно учество зад нас! 💪

На Prishtina Open 2026, нашиот клуб беше претставен од Сара и Андреј Стојановски, кои со одлична игра, борбеност и максимална посветеност ги бранеа боите на клубот. 🏓🔥

🥈 Посебно го издвојуваме успехот на Сара Стојановска, кој успеа да го освои второто место во својата категорија u21!👏🏆

Секој турнир носи ново искуство, нови предизвици и нова можност за напредок. Медалите се убави, но најважно е што со секој натпревар стануваме посилни, поискусни и поблиску до нашите цели. ❤️

Горди сме на постигнатото и продолжуваме уште помотивирани кон нови натпревари и нови успеси! 💙🏓

Честитки за одличниот резултат! 🥈

Нова сезона, нови засилувања! 🏓🔥Со особено задоволство ве информираме дека од оваа сезона нашиот клуб се засилува со ушт...
26/08/2026

Нова сезона, нови засилувања! 🏓🔥

Со особено задоволство ве информираме дека од оваа сезона нашиот клуб се засилува со уште три екипи! 💪

🔴 Женска екипа – Прва лига
🔵 Машка екипа – Втора лига
🟢 Јуниорска екипа – Јуниорска лига мажи

Ова е уште еден важен чекор за нашиот клуб и доказ дека заедно растеме, се развиваме и поставуваме нови цели. 🏆

Им посакуваме топло добредојде на сите нови членови кои од оваа сезона се дел од нашето семејство! ❤️

Заедно продолжуваме уште посилно!
Нова сезона. Нови екипи. Нови предизвици. Истата страст кон спортот. 🏓🔥

✨ 18 години – ново поглавје, нови соништа и безброј моменти што допрва ќе се создаваат. 🥂Со насмевка го испраќаме детств...
11/08/2026

✨ 18 години – ново поглавје, нови соништа и безброј моменти што допрва ќе се создаваат. 🥂

Со насмевка го испраќаме детството, а со отворено срце го пречекуваме светот на возрасните. 💫

Нека оваа година биде почеток на најубавите авантури, исполнети желби, искрени луѓе и незаборавни спомени. 🤍

Среќно полнолетство Андреј! 🥳✨
Нека ти биде животот токму онаков каков што го замислуваш! 🥂

Нашата екипа на Камп Власина 2026 ја сочинуваат: Лидерот Андреј Стојановски и тројцата мускетари Александар Дамјановски,...
05/08/2026

Нашата екипа на Камп Власина 2026 ја сочинуваат: Лидерот Андреј Стојановски и тројцата мускетари Александар Дамјановски, Андреј Дамјановски и Андреј Еленов.

Дечки ви посакуваме убав одмор и убави тренинзи. Стекнувајте искуства и запознавајте нови другари, другарки и уживајте максимално.

Спортски поздрав, се гледаме наскоро💪🏼

Камп Власина 2026🏓Одлично организиран почеток на кампот во Власина. Прв ден турнир помеѓу децата од првата смена и децат...
04/08/2026

Камп Власина 2026🏓

Одлично организиран почеток на кампот во Власина.

Прв ден турнир помеѓу децата од првата смена и децата од втората смена.. а ние се закитивме и со две медаљи.

Освоени две трети места на нашиот Андреј во категорија У19 и категорија ОПЕН.

Големи честитки до него и браво за успехот 💪🏼!

Целосна доминација на македонските пингпонгари на турнирот во Крагуевац!!💪🏻Падна и првиот пехар за нашиот клуб.. освоен ...
13/06/2026

Целосна доминација на македонските пингпонгари на турнирот во Крагуевац!!💪🏻

Падна и првиот пехар за нашиот клуб.. освоен меѓународниот турнир во Крагуевац..
АНДРЕЈ СТОЈАНОВСКИ СО ЗЛАТО ПОВТОРНО НА ТРОНОТ, ШАМПИОН ВО КАТЕГОРИЈА У19 🏆💪🏻!!
Гордост на клубот и општината Ѓорче Петров. Честитки Андреј, браво за борбеноста и играта до крај без откажување.. успехот е твој🏓.

Честитки и за клубот кој е секогаш со нас пред се како пријателство кое нема граници и како голема поддршка и во добро и во зло, со секој пораз и со секоја победа.
Ппк Зегин Берово искрени и најголеми честитки до златните деца и едниот и единствен тренер Jovan Vane Kovacovski 💪🏻❤️!

Нашите Сашо и Андреј овој викенд ќе го претставуваат клубот, општината и државата на меѓународен турнир во Крагујевац Ср...
13/06/2026

Нашите Сашо и Андреј овој викенд ќе го претставуваат клубот, општината и државата на меѓународен турнир во Крагујевац Србија.

Со среќа, многу успех и да се вратите со некој пехар😉💪🏻

Општина Ѓорче Петров и пингпонгарскиот клуб ППК 1060 АС Ѓорче Петров за прв пат во историјата брат и сестра a.k.a Андреј...
01/06/2026

Општина Ѓорче Петров и пингпонгарскиот клуб ППК 1060 АС Ѓорче Петров за прв пат во историјата брат и сестра a.k.a Андреј и Сара Стојановски во нашиот спорт на исти светски настан ќе настапуваат заедно и ќе ги бранат боите на Македонија.

Турнирот се одржува во Спортски Центар Јане Сандански од 1-7 Јуни. Дојдете да не поддржите и да навивате заедно со нас!!

Спортски поздрав и се гледаме💪🏻

Address

Општина Ѓорче Петров
Skopje
1060

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ППК 1060 АС Ѓорче Петров posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share