24/08/2026
На 22 август 2026 година, во просториите на Хотел Солун, се одржа обука за родова еднаквост во ППФСМ.
На обуката учествуваа 10 професионалци од пингпонгот – тренери, играчи и официјални лица. Во текот на обуката беа опфатени значајни теми поврзани со препознавањето на родовата дискриминација, чекорите за пријавување на случаи на дискриминација, како и улогата и работата на новоформираната Комисија за родова еднаквост во ППФСМ.
Комисијата за родова еднаквост има важна улога во унапредувањето и промовирањето на еднаквоста во пингпонгот. Нејзините обврски вклучуваат следење и препознавање на случаи на родова дискриминација и нееднаквост, прием и разгледување на пријави, насочување на лицата кои пријавуваат кон соодветните постапки и институции, како и предлагање мерки за спречување и надминување на дискриминаторските практики. Комисијата има обврска и да придонесува кон подигнување на свеста за родовата еднаквост преку едукација, информирање и промовирање на еднакви можности за сите членови на пингпонг заедницата.
Им честитаме на членовите на новоформираната Комисија за родова еднаквост во ППФСМ: Виолета Апостолоска, Елица Јовевска и Томи Јаневски, и им посакуваме успешна работа.
Активностите се дел од проект ”Рекет за сите: Успехот те чека ” поддржан од Европската Унија.