09/03/2026
Одличен резултат од Охрид Опен 2026.
5 натпреварувачи - 5 златни медали, сите во А класа.
1. Марко Аврамовски - Children 1 - 27kg златен медал со 2 победи
2. Ана Гиовска - Children 2 -44kg златен медал со 2 победи
3. Марко Митевски - кадети -57кг златен медал со 1 победа
4. Бојан Коцевски - кадети + 65кг златен медал со 2 победи
5. Илина Ѓорѓиева - кадетки +59кг златен медал со 2 победи
💪💪💪
11/05/2025
Вчера, нашиот клуб настапи на Охрид Опен 2025г.
Со 12 натпреварувачи направи одлични резултати. 5 златни медали, 5 сребрени медали и 2 бронзени медали!
04/05/2025
Се приближуваме до Лос Анџелес 2028 🙂
Милијана Рељиќ освои сребрен медал и нови 7,20 поени за олимписката ранкинг листа за квалификации за Лос Анџелес 2028.
Во првото коло Мила беше поуспешна со 2:0 во рунди од домашната натпреварувачка Нора Хогфелт, во второто коло Мила ка победи и шведската репрезентативка одличната Тиндра Андерсон со 2:0 во рунди. Во полуфиналето Мила издвојува сјајна победа над Чиа Веи Ванг од Тајпеј со 2:1 во рунди. Во финалето Мила беше поразена од хрватицата Дора Мештровиќ, но и оваа борба можевме да ја добиеме да не беа судиските грешки кои ни одземаа победа. Мила веќе ја имаше поразено Дора Мештровиќ пред 1,5х на Европксото првенство до 21г во 2023 во Романија.
Од ТКД Тигри настапи и Горјан Бадаровски кој освои бронзен медал во категорија семиори +87кг. Горјан, со победата од 2:0 во рунди над Расму Бремдинг од Шведска обезбеди бронзен медал а во полуфиналето беше поразен од друг швеѓанин Густав Карлсон.
18/11/2024
Олимпијката Релиќ освои бронзен медал на Г1 турнир во Загреб
Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Релиќ, викендов во Загреб освои бронзен медал. Со ова, таа почна со собирање поени за Олимписките игри Лос Анџелес 2028 година.
На големиот меѓународен натпревар од светските Г1 турнири во Загреб, Релиќ поради доброто рангирање во првото коло беше слободна. Потоа, во наредното второ коло ја победи извонредната американка Хлое Чуа со 2:0 во рунди. Исто така, во борбата за медал, во нерешена борба и со одлука на судиите, Релиќ ја совлада и србинката Надја Савковиќ со скор 2:1. Во досегашните натпревари, Савковиќ извојувала три победи над нашата олимпијка. Во полуфиналето во Загреб, Релиќ изгуби од шпанката Арлет Ортиз Бените.
Новоосвоените поени се дел од светската и олимписката ранг листа како увертира за норма за Олимписките игри Лос Анџелес 2028 година.
14/09/2024
Миљана Рељиќ седма на најновата Олимписка ранг листа
Најдобрата македонска таеквондистка Милјана Рељиќ е рангирана како седма на најновата Олимписка ранг листа.
14/09/2024
Рељиќ на 7-та позиција на Олимписката ранг листа - Локално
Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Рељиќ е рангирана на 7-та позиција на Олимписката ранг листа. Со…
14/09/2024
Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа - Бриф
Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Рељиќ е рангирана на седмата позиција на Олимписката ранг листа. Со ова, според нејзиниот тренер Александар Ефтимов, ...
14/09/2024
Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа - Либертас
Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Рељиќ е рангирана на седмата позиција на Олимписката ранг листа. Со ова, според нејзиниот тренер Александар Ефтимов, ...