06/06/2026
Даме Груев Белевски повторно на највисокото место на пиедесталот.
7 борци во категорија. 4 победи до злато.
Непобедив на овие простори.
Следен сериозен предизвик Балканско првенство во септември.
29/05/2026
Почитувана спортска јавност.
Со голема радост и гордост објавуваме дека нашиот борец Катерина Ацевска од денес го превзема тронот во категоријата СЕНИОРИ +70 килограми и е
ПРВА ВО СВЕТОТ.
Позади нас останаа 70 борци во таа категорија од 30 различни Држави.
(sportdata.org)
Македонија е на врвот !!!!!
Катерина е на врвот !!!!!
Овој резултат доаѓа после 15 годишна напорна работа и посветеност, многу вложување и многу откажување.
Многу пролеана пот и крв, многу поминати тренинг кампови, многу повреди, преживеани судиски неправди, непреспиени ноќи, финансиски кризи.
Една цела младост…
Овој резултат доаѓа после многу поминати турнири, после многу освоени медали.
Учества и освојување на медали на Светски првенства, учества и освојување на медали на Европски првенства, ГрандПри турнири, Балкански првенства…
Незастануваме тука, ќе се обидеме што подолго да го задржиме првото место.
Ова за нас ќе биде голем мотив но и обврска уште појако да го одиме овој пат наречен џиу џица.
Тоа е нашата мисија, тоа е нашиот живот.
Федерацијата изразува голема благодарност до сите тренери што работат со Катерина и од земјава и од странство, до сите нејзини асистенти и спаринг партнери, благодарност до Министерството за спорт за финансиската помош што ја дава за Катерина и за клубот каде што тренира Катерина, за отворените врати и разбирањето од вработените.
ЗА КОГО?
ЗА МАКЕДОНИЈА 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
12/05/2026
Најдобар млад борец на турнирот во Лозница.
Во својата категорија 10 борци, со четири победи од кој 3 со фул ипон доаѓа до златниот медал:
Во потешката категорија 7 борци, 2 победи и пораз во финале доаѓа до сребрениот медал.
Малиот има седум години и 22 кила со се патики.
10/05/2026
Дамјан Груев Белевски, во конкуренција со 9 борци во својата категорија, со 4 победи успеа да се искачи на највисокото место на пиедесталот на турнирот во Србија.
Запомнете го детево -
Дамјан Груев Белевски 👊👊👊
26/04/2026
Кетрииииин 😍😍😍😍😍😍
Нов голем успех на Катерина Ацевска – бронза на Гранд при Париз опен
Катерина Ацевска на престижниот сениорски џиу џицу турнир Гранд при Париз опен освои бронзен медал. Ова е нов голем успех на Ацевска која постепено го зацврстува с....