24/03/2026
🏃♂️ Следна трка: Водно 10К!
Следната трка од Македонската Тркачка Лига е Водно 10К, која ќе се одржи на 29 март (недела), на прекрасното Водно 🌲
Трасата води по асфалтниот пат од Средно Водно до Пантелејмон и назад – комбинација од предизвик и уживање во природа.
⏰ Пријавите се отворени до 26 март (четврток)
👉 https://fortius.trki.mk/mk/events/vodno-10k-2026/register
🔥 Доколку сакате да го подобрите вашиот пласман во лигата или да започнете да собирате бодови – сега е вистинскиот момент!
Не ја пропуштај оваа трка! 💪
Сите што имаа проблеми со банкарско плаќање или пак не стигнаа да се пријават, ги информираме дека пријавувањето за Водно 10К е продолжено до четврток (26.03).
Пријава на следниот линк: https://fortius.trki.mk/mk/events/vodno-10k-2026
23/03/2026
🏃♂️ Македонска Тркачка Лига 2026 – после 3 трки!
Со вчерашниот Зегин Спектратон успешно ја заокруживме и третата трка од сезоната 🔥
Темпото се засилува, а борбата за врвот станува сè поинтересна!
📊 Генерален пласман после 3 трки:
👨 Мажи:
🥇 Жан Тосев – 2205 бода (3 трки)
🥈 Роберто Димитриевски – 1724 бода (3)
🥉 Трајче Илијевски – 1587 бода (3)
4️⃣ Никола Алексов – 1425 бода (3)
5️⃣ Александар Арсов – 1286 бода (2)
👩 Жени:
🥇 Емили Ивановска – 1617 бода (3 трки)
🥈 Марија Гинова – 1526 бода (3)
🥉 Фросина Михајловска – 1417 бода (2)
4️⃣ Христина Гиздовска – 1362 бода (3)
5️⃣ Емилија Пановска – 1361 бод (3)
🔥 Конкуренцијата е жестока, а секоја трка може да го смени поредокот!
📈 Целосната ранг листа:
https://www.mtl.mk/ranglista/
⏭ Следна трка: Водно 10К
📅 29 март
📝 Пријавување:
https://fortius.trki.mk/mk/events/vodno-10k-2026/register
⚠️ Не ја пропуштај следната шанса за бодови – секој настап може да биде клучен!
16/03/2026
🏃♂️ Се одржа и втората трка од Македонската Тркачка Лига 2026
Вчера во Градскиот парк во Скопје се одржа Шри Чинмој Маратон, втората трка од сезоната во Македонската Тркачка Лига. Честитки до сите учесници за одличните настапи! 👏
По две одржани трки во лигата, Жан Тосев се искачи на првото место во генерален пласман кај мажите, по победата на вчерашната полумаратонска трка.
Кај жените, водечка во генералниот пласман е Емили Ивановска, која триумфираше на вчерашната трка на 10 км.
📊 ТОП 5 во генерален пласман по две трки
Мажи
Жан Тосев – 1447 бода
Роберто Димитриевски – 1187
Трајче Илиевски – 1055
Никола Алексов – 948
Методиј Богоевски – 730
Жени
Емили Ивановска – 1069 бода
Марија Гинова – 1034
Емилија Пановска – 917
Христина Гиздовска – 909
Даниела Устапетрова – 751
📅 Следната трка од лигата е Зегин Спектратон, која ќе се одржи на 22 март (недела) во населбата Аеродром во Скопје.
Се гледаме на старт! 🏃♂️🏃♀️
13/03/2026
⏳ Пријавите за Зегин Спектратон се отворени уште кратко!
Пријавите за трката Зегин Спектратон, која ќе се одржи на 22 март во Скопје, се отворени до 15 март.
Со вашата пријава не само што учествувате на трката, туку автоматски станувате дел од Македонската Тркачка Лига, каде со освоените поени го подобрувате вашиот пласман на ранг-листата.
🏃♂️ Зегин Спектратон е 3-та трка од сезоната во Македонската Тркачка Лига 2026.
Не пропуштајте ја шансата да соберете нови поени и да бидете дел од лигата.
🔗 Пријавете се тука:
https://trka.zegin.com.mk/mk/events/zegin-spektraton-2026/register
Трчаме за насмевки, поддршка и промена. Трчаме за можности и хумана мисија.
22ри март трчаме за љубов. Пријави се и биди дел од Зегин Спектратон. 🏃🏻♂️➡️❤️
09/03/2026
🏃♂️ Стартуваше Македонската Тркачка Лига 2026!
Со Кавадаречкиот полумаратон, кој се одржа вчера, официјално започна новата сезона на Македонската Тркачка Лига. По првата трка веќе ги имаме и првите водечки во генералниот пласман.
Во Кавадарци на програмата беа три трки, но највредни резултати според бодовната табела на Светска Атлетика освоија победниците на полумаратонската трка, нашиот најдобар маратонец и олимпиец Дарио Ивановски кај мажите и Фросина Михајловска кај жените
📊 Комплетната ранг листа со бодови во сите категории можете да ја погледнете тука:
https://www.mtl.mk/ranglista/
ℹ️ Напомена: Трките на 5КМ и 10КМ во Кавадарци се со малку поголема должина од стандардната, па за пресметка на бодовите е применет коефициент според реалната должина на патеката.
📅 Следни трки во Македонската Тркачка Лига:
• 15 март – Шри Чинмој маратон, Скопје (пријавите се затворени)
• 22 март – Зегин Спектратон, Скопје
📝 Пријавувањето за Зегин Спектратон е отворено до 13 март:
https://trka.zegin.com.mk/mk/events/zegin-spektraton-2026/register
🔥 Сезоната само што започна – борбата за бодови во лигата продолжува!
#МакедонскаТркачкаЛига
28/02/2026
🏃♂️ Македонска Тркачка Лига 2026 – Стартуваме на 8 март во Кавадарци!
Со големо задоволство најавуваме дека првата трка од Македонската Тркачка Лига ќе се одржи на 8 март, а домаќин на отворањето е Кавадаречки Полумаратон!
Ова ќе биде официјалниот старт на новата сезона во Лигата која обединува 16 улични трки низ Македонија, која ќе генерира ранг листа во генерален пласман и пласман по возрасни категории.
🏁 Во Кавадарци на програмата се 3 трки:
✅ Полумаратон (21.1 км)
✅ 10 км
✅ 5 км
Без разлика дали сте искусен тркач или рекреативец кој сака да ја отвори сезоната со добра трка – Кавадарци е вистинското место!
📅 Важно!
🕒 Пријавувањето трае до 1 март!
Не чекајте последен момент – обезбедете си место на стартот и направете ги првите бодови во Македонската Тркачка Лига!
🔗 Пријавување:
👉 https://runnerspot.com/event/Kavadarci
🎯 Потсетуваме:
Со учество на било која од трките автоматски влегувате во бодирањето за Македонската Тркачка Лига.
Да ја отвориме сезоната силно!
Се гледаме на стартот во Кавадарци! 💪🇲🇰
20/02/2026
🔥 Македонска Тркачка Лига 2026 – Сезоната започнува! 🔥
Подготвени за нова тркачка сезона? 🏃♂️🏃♀️
Оваа година не чекаат вкупно 16 трки кои се дел од лигата, од кои 3 нови трки во календарот! 💪
Сезоната ја отвораме со три трки за кои пријавите наскоро се затвораат:
📍 Кавадаречки полумаратон
🗓 8 март
⏰ Пријави до 1 март
📍 Шри Чинмој маратон
🗓 15 март
⏰ Пријави до 3 март
📍 Зегин Спектратон
🗓 22 март
⏰ Пријави до 12 март
Не чекај последен момент! 😉
Сите трки, датуми и линкови за пријави на трките од сезоната 2026 ќе ги најдеш тука:
👉 www.mtl.mk
Ајде да ја направиме 2026 најтркачката година досега! 🔥💥
#МакедонскаТркачкаЛига #Трчај #16Трки #НоваСезона
02/12/2025
Благодарност до Nezavisen Vesnik за објавување на информацијата од нашата церемонија на прогласување на најдобрите
Прогласени најдобрите во Македонската тркачка лига за 2025 година - Независен Весник
Жан Тосев од АК „Струмица“, припадник на Армијата, со 7.304 бода од истрчани 11 од вкупно 13 трки е прворангиран во Македонската тркачка лига за 2025 година. Признанието м...
01/12/2025
Благодарност до медиумите за информацијата од нашата церемонија на прогласување на најдобрите Телевизија 24
Тосев, Никовски и Димитриевски во машка Ристиќ, Поп Арсова и Божиновска во женска конкуренција прогласени за најдобри во Македонската т
Жан Тосев од АК „Струмица“, припадник на Армијата, со 7.304 бода од истрчани 11 од вкупно 13 трки е прворангиран во Македонската тркачка лига за 2025 година. Признанието м...
01/12/2025
Вчера во Домот на културата во Кавадарци се одржа свечената церемонија за доделување на признанија за најуспешните учесници во Македонската Тркачка Лига за сезоната 2025 – првата официјална сезона на оваа лига.
Честитки до сите добитници на награди! Ви благодариме за посветеноста, спортскиот дух и придонесот кон развојот на трчањето во Македонија. Се надеваме дека сезоната 2026 ќе биде уште поуспешна и уште побогата со нови рекорди, пријателства и лични победи.
Голема благодарност до Meridian Athletic Club Kavadarci и до градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев за одличното гостопримство и поддршката во организацијата на свеченоста.
27/11/2025
🟣 Македонска Тркачка Лига – Специјални признанија за најредовните учесници!
Со големо задоволство ги истакнуваме Петре Завировски и Маринела Богданоска – тркачите со најмногу настапи во првата сезона на Македонската Тркачка Лига.
🏃♂️ Петре Завировски е единствениот учесник кај мажите кој успеа да ги истрча сите 13 трки од сезоната.
🏃♀️ Маринела Богданоска во женска конкуренција оствари впечатливи 12 финиширани трки.
🎉 Во чест на нивната посветеност, на завршната церемонија ќе им бидат доделени специјални плакети.
📅 30 ноември (недела)
🕧 12:30 часот
📍 Дом на културата, Кавадарци
Ги потсетуваме сите топ 10 натпреварувачи во секоја категорија да присуствуваат на свеченото доделување на плакети и медали, како и на пријателската дружба во организација на домаќините Меридијан Атлетски Клуб од Кавадарци
https://www.mtl.mk/ranglista/