04/06/2026
Нашиот број 1 - Justine Houteer Magni
додека ужива како ВИП на трката од Формула 1 во Монако
го најавува своето учество на нашиот настан.
Пријавувањето го отвараме за неколку дена!
9-13 септември 2026 година
100 часовен фестивал на трчање и одење
04/06/2026
Нашиот број 1 - Justine Houteer Magni
додека ужива како ВИП на трката од Формула 1 во Монако
го најавува своето учество на нашиот настан.
Пријавувањето го отвараме за неколку дена!
22/05/2026
Денес снимавме специјален прилог за Утринската програма
на Канал 5 телевизија.
Зборувавме за хуманитарно-спортскиот предизвик No Finish Line Skopje.
Нашата претседателка Тамара Соколовска ја сподели визијата.
Д-р Катерина Бошковска, директор на Детската болница Козле зборуваше за важноста на настанот.
Наскоро јавуваме точен термин на емитување
и најавуваме почеток на пријавувањето.
Бидете подготвени за трчање и хуманост!
08/05/2026
No Finish Line Skopje
e хуманитарен фестивал на движење, музика и надеж.
На настанот ќе можете да донирате нови или скоро нови, чисти обувки и облека, училишен прибор, велосипеди, играчки...
Сите донирани предмети ќе бидат дадени на Мисионерките на љубовта од куќата на Мајка Тереза во населбата Кисела Вода, кои се грижат за сиромашните жители во Скопје.
05/05/2026
Соединети во хуманоста!
Со гордост најавуваме дека No Finish Line Skopje
и Фондацијата "Ице Бегов"
ги здружуваат силите во мисијата која е едноставна:
Заедно да им помогнеме на оние на кои им е потребно!
За хуманоста нема целна линија!
01/05/2026
„Здравиот просјак е посреќен од болниот крал“
е мото на компанијата Хелиос Медикал,
главен застапник за целиот Балкан на врвните
германски компании Gelita-CH Alpha и Doppelherz...
и наш партнер во организирањето на No Finish Line Skopje.
28/04/2026
Дали сте спремни за едно вакво доживување во Скопје?
No Finish Line Athens и оваа година покажа голема хуманост.
Поминаа 75.643 километри исполнети со љубов кон децата!
Респект!!!
18/04/2026
Just one – Justine Houteer Magni
Со посебна чест го објавуваме нашиот Број 1.
После No Finish Line Monaco и No Finish Line Nice
и ние ќе имаме чест да бидеме домаќини
на една ултра издржлива спортистка
и автор на книгата „Avancer loin sans bruit“ (Go Far, Quietly)
13/04/2026
Прекрасно издание на No Finish Line Nice со рекордни:
8.990 учесници
146.582 поминати километри
582 километри на Justine Houteer Magni
Честитки за децата и граѓаните на Ница!!!
03/04/2026
Со задоволство објавуваме дека денеска нашата претседателка Тамара Соколовска и директорката на Детската болница Козле д-р Катерина Бошковска се договорија средствата што ќе бидат собрани на овогодинешниот No Finish Line Skopje да одат директно во корист на Детската болница.
Секој километар на учесниците на НФЛ Скопје добива своја смисла.
Секој километар значи подобри услови за децата на Скопје!
31/03/2026
Патеката на НФЛ Скопје низ призмата на Gemini AI