JOB IS DONE🍾, FIRST LEAGUE HERE WE GO🔵⚪️
FC Skopje
Официјален профил нс ФК Скопје �� The official account of FC Skopje
02/06/2026
🏴☠️ ПРВА ЛИГА, ДОАЃАМЕ! ⚽️🔥
Од -7 бода зад првото место на полусезона, до остварување на сонот! Кога многумина не веруваа, ние верувавме. Кога не отпишаа, ние работевме уште повеќе. Секој тренинг, секој натпревар, секоја жртва не доведе до овој момент.
ФК Скопје со победа од 1:0 над ФК Брера во бараж натпреварот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола го обезбеди своето место во ПРВАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА! 💙🤍
Сезона полна со предизвици, борба до самиот крај и делба на првото место, а потоа потешкиот пат преку бараж. Но оваа екипа покажа карактер, срце и победнички менталитет.
Оваа победа не е само наша. Таа им припаѓа на сите наши 'ПРИЈАТЕЛИ' кои во текот на целата сезона беа покрај клубот и несебично нè поддржуваа на секој можен начин.
Голема благодарност до нашата навивачка група ПИРАТИ 🏴☠️, кои беа нашиот дванаесетти играч во текот на целата сезона.
Благодарност до целиот стручен штаб, предводен од Александар Таневски, за посветеноста, професионалноста и вербата во тимот. Нивната работа, знаење и пожртвуваност беа темелот врз кој се изгради овој историски успех.
Посебна благодарност до Општина Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски за континуираната поддршка и вербата во овој проект.
Ова е победа за сите што веруваа. За сите што сонуваа. За сите што ФК Скопје им е во срцето 💙.
ФК СКОПЈЕ Е ПРВОЛИГАШ! 🔥💙🤍
#ФКСкопје #ПрваЛига #ЗаСкопје #Пирати #ГазиБаба НикогашНеСеОткажувај
31/05/2026
TEAM🔵⚪️
31/05/2026
MISTER 🔵⚪️🏆
31/05/2026
ПРВА ЛИГА ⚪️🔵🏆
Сите патишта водат кон Битола!
Да ја продолжиме бајката што заедно ја пишуваме цела сезона!
СИТЕ ВО БИТОЛА!
ЗА НАСЕЛБАТА, ЗА КЛУБОТ, ЗА БАЈКАТА ДА ТРАЕ! ⚽💙🤍
28/05/2026
Горди сме што нашиот тренер Александар Таневски успешно ја положи УЕФА ПРО ЛИЦЕНЦАТА за меѓународни потреби! 👏⚽
Ова е огромен успех и потврда за неговата посветеност, професионалност и континуирана работа во фудбалот. Му посакуваме уште многу успеси и големи резултати во иднина! 🥂🍾
Честитки MISTER! 💙
28/05/2026
На стадионот во Автокоманда оваа недела тренира У21 селекцијата на Фудбалската Федерација на Македонија, предводена од селекторот Горан Станиќ. ⚽🇲🇰
Голема чест и задоволство е нашиот стадион да биде домаќин на младите репрезентативци кои се подготвуваат за претстојните предизвици.
Им посакуваме многу успех и одлични резултати во иднина! 💪
26/05/2026
23.05.2026
FC SKOPJE - FC DETONIT (5-1) 🔵⚪️
Fc Skopje 🔵⚪️
Click here to claim your Sponsored Listing.