13/04/2026
🇲🇰 Нашата Душица Бреслиева од Таеквондо клуб Штип блесна на Светското јуниорско првенство во Ташкент, Узбекистан! 🌍🥋
Со две убедливи победи против претставничките на Сенегал и Тунис, и покрај поразот од репрезентативката на Русија, Душица се пласираше меѓу најдобрите 16 во светот 💪🔥
Уште еднаш покажа дека припаѓа во елитата и дека е подготвена да се носи со најсилните! 👏🇲🇰
🥋🔥🇲🇰
06/04/2026
🥈 Сребрен медал за Душица Бреслиева на Скопје Опен Г1 2026
Македонската таеквондистка и стипендист на МОК, Душица Бреслиева од Таеквондо клуб Штип освои сребрен медал на престижниот турнир Скопје Опен Г1 2026.
Бреслиева до одличниот резултат стигна по две победи, демонстрирајќи одлична форма и борбеност на еден од најсилните меѓународни таеквондо турнири во регионот.
Овој успех претставува значаен резултат за македонското таеквондо и уште една потврда за квалитетната работа во ТК Штип.
👏 Честитки за одличниот настап!
04/04/2026
🚀 Штипската олимписка надеж Душица Бреслиева денес доминираше на Skopje Ramus Open G1, E1! 🥋🇲🇰
Во исклучително тешки борби во категорија јуниорки -55 кг, Душица го освои големото второ место и сребрен медал 🥈.
Оствари победи над репрезентативките на Бугарија 🇧🇬 и Грција 🇬🇷, а во финалето загуби со минимални 2:1 на рунди од Хрватска 🇭🇷 по израмнета и квалитетна борба.
🔥 Одлични борби прикажаа и нашите борци Паола Арсовска и Антонио Арсовски, кои со минимални порази застанаа во четвртфиналето, оставајќи силен впечаток на турнирот.
👏 Честитки до сите македонски освојувачи на медали!🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
🙏 Огромна благодарност до Македонската Таеквондо Федерација за несебичната поддршка, посветеност и континуирана работа – сѐ со цел да бидеме сѐ подобри и подобри 🇲🇰💪
03/04/2026
🥋 ТАЕКВОНДО КЛУБ ШТИП НА SKOPJE OPEN G1! 🔥
Таеквондо клуб Штип ќе учествува на еден од најсилните меѓународни турнири Skopje Open G1 со 4 претставници:
🏅 Душица Бреслиева
🏅 Драгана Ефтимовска
🏅 Паола Арсовска
🏅 Антонио Арсовски
🌏 На турнирот ќе настапат 40 нации од целиот свет
🥋 Skopje Open G1 е турнир од висок ранг каде се освојуваат бодови за олимписка норма и претставува вистинска светска сцена за докажување.
🏟️ 4–5 април | СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје
🇲🇰 Да им дадеме силна поддршка на нашите борци!
💪 Штип оди храбро на светска сцена!
🔥 Со срце, дисциплина и борба до победа!
21/03/2026
🥋🏆 Одличен успех за членовите на Таеквондо клуб Штип на меѓународниот турнир Sofia Ramus Open во Софија, со над 900 учесници!
🥇 Златен медал за Душица Бреслиева
Победи над натпреварувачи од Шпанија, Бугарија и повторно Бугарија – доминантен настап и заслужено злато!
🥈 Сребрен медал за Антонио Арсовски
Победа над Бугарија, а во финалето тесен пораз од Грција – одличен резултат!
🥉 Бронзен медал за Паола Арсовска
Победа над Шпанија и полуфинале пораз од Бугарија – силна борба и заслужено трето место!
👏 Одлични борби прикажаа и Драгана Ефтимовска и Максим Арсовски, кои стигнаа до четвртфинале и покажаа голема борбеност.
💪 Горди сме на нашите млади спортисти кои достојно го претставија Штип и Македонија!
#Гордост #МладиШампиони
08/03/2026
Честит 8 Март – Меѓународен ден на жената! 🌹
Во време полно со предизвици, жените секојдневно покажуваат сила, храброст и истрајност. Нивната цврстина и борба за достоинство, еднаквост и правда е инспирација за сите.
Честит 8 Март на сите борки! 💐
07/03/2026
https://www.facebook.com/share/p/17h2Z3CqTZ/
ТКД Штип освои 17 медали на „Охрид опен“
Нова берба на медали за Таеквондо клуб Штип на Меѓународниот турнир „Охрид опен“, освојувајќи 17 медали -:7 златни, 6 сребрени и 4 бронзени. За најдобар јуниор на турн....
07/03/2026
🥋🏆 Нова берба на медали за Таеквондо Клуб Штип!
🏆17 медали за нашите борки и борци:7-Злата🥇,6 сребра🥈, 4 бронзи🥉
💪Денес Таеквондо Клуб Штип учествуваше на меѓународниот таеквондо турнир „OHRID OPEN“, кој се одржа во спортскиот центар „Билјанини Извори“ во Охрид. На силна меѓународна конкуренција нашите натпреварувачи покажаа одлични борби, голема борбеност и уште еднаш докажаа како достојно се бранат боите на клубот. Резултатите се уште една потврда за посветената работа на спортистите и тренерите. 👏🥋
CHILDREN GROUP I + 40
Божидар Крстовски – 🥇 злато
CHILDREN GROUP II - 36
Божидар Димитров – 🥇 злато
CHILDREN GROUP II - 40 kg
Павел Славков – 🥉 бронза
CHILDREN GROUP II - 44 kg
Максим Арсовски – 🥇 злато
Kadet A -33
Илијан Ампев – 🥈 сребро
Kadet A -37
Михаил Крстев – 4️⃣ четврто место
Kadet A -49
Антонио Арсовски – 🥉 бронза
Kadet A -61
Павел Басаров – 🥈 сребро
CHILDREN GROUP FEMALE I - 36
Софија Крстовска – 🥇 злато
CHILDREN GROUP FEMALE I + 40
Лина Крстева – 🥈 сребро
CHILDREN GROUP FEMALE II - 27
Миа Митрова – 🥈 сребро
Kadetkinje A -47
Софија Ристова – 🥇 злато
Kadetkinje A +59
Елена Николова – 🥉 бронза
Juniorke -49
Андреа Илиевска – 🥈 сребро
Juniorke -55
Милена Кристал Крстовска – 🥈 сребро
Juniorke -55
Паола Арсовска – 🥇 злато
Juniorke -59
Душица Бреслиева – 🥇 злато
Seniorke -62
Драгана Ефтимовска – 🥉 бронза
🏆 За најдобар јуниор на турнирот беше прогласен Максим Арсовски.
Честитки за сите натпреварувачи за одличните борби и освоените медали! 👏🥋
🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
🥋🏆