Тениски клуб Астибо

Тениски клуб Астибо

Share

Тениски клуб Астибо - Штип

Photos from Тениски клуб Астибо's post 29/06/2026

🎾🏆 Горди сме на нашите млади шампиони! 🏆🎾
Со голема радост им честитаме на Марија Стодик за освоеното 3-то место и на Давид Стојановски за освоеното 1-во место на Отвореното првенство на Македонија во категоријата до 12 години, кое се одржа од 27 до 29 јуни во ТК „Топ Спин“ – Прилеп.
Вашата посветеност, труд и борбен дух се исплатија. Продолжете да работите со истата желба и љубов кон тенисот – ова е само почеток на многу нови успеси!
👏 Честитки и до нивните родители и тренери.

Photos from Тениски клуб Астибо's post 18/05/2026

🎾 Уште еден одличен настап за младите тенисери на ТК Астибо!
На Отвореното првенство до 12 години, кое се одржа во ТК Борец – Велес, во машка категорија настапија 14 натпреварувачи, а нашиот Давид Стојановски успеа да го освои одличното 3 место 🥉👏
Во женска конкуренција, успешен настап забележаа и нашите тенисерки Марија Стодиќ и Дарија Монева, кои достојно го претставија клубот. 💪🎾
Честитки за сите учесници и многу успех на следните турнири! 🔵⚪

Photos from Тениски клуб Астибо's post 12/05/2026

Уште еден одличен успех за ТК Астибо! 🎾👏
Нашата тенисерка Мила Ушинова, заедно со Тицијана Апел од ТК Мондано, го освоија II-то место во категорија двојки на Државното првенство на Северна Македонија за јуниорки до 14 години. 🥈
Првенството се одржа на терените на ТК „МТП“ – Скопје, во периодот од 09–12.05.2026 година, каде Мила и Тицијана прикажаа одлична игра, борбеност и тимски дух. 💚
Честитки за постигнатиот успех и им посакуваме уште многу победи во иднина! 💪🎾

Photos from Тениски клуб Астибо's post 12/05/2026

🎾
Нашата тенисерка Мила Ушинова освои III место на Државното првенство на Северна Македонија во тенис за јуниорки до 14 години, кое се одржа во Скопје на терените на ТК „МТП“ во периодот од 09–13.05.2026 година. 🏆
Горди сме на нејзината борбеност, посветеност и одличниот резултат.
Честитки Мила, продолжи со уште поголеми успеси! 💚👏

Photos from Тениски клуб Астибо's post 10/05/2026

🎾 Уште еден голем успех за ТК Астибо! 🏆
На традиционалниот „Меморијален тениски турнир Пиљар“ во конкуренција на двојки, кој се одржа во Евросет, учество земаа 30 квалитетни и силни двојки. 💪
Нашиот играч Панче Арсов,заедно со Горан Џугоманов, прикажаа одлична игра во текот на целиот турнир и заслужено го освоија првото место! 🥇👏
Честитки за одличниот резултат 🎾

Photos from Тениски клуб Астибо's post 26/04/2026

На отвореното првенство на Северна Македонија за јуниорки до 14 години, кое се одржа во периодот од 25–27.04.2026 на терените на ТК Мондано – Скопје,
Мила Ушинова од ТК Астибо освои одлично 🥉 трето место! 🎾👏
Уште еден доказ за посветеноста, трудот и континуираниот напредок 💪
Браво Мила, само напред! 🔝🎾

Photos from Тениски клуб Астибо's post 25/04/2026

Голем успех за ТК Астибо! 🎾
На Отвореното првенство на Македонија за ветерани 30+, одржано во периодот 18–20.04 во ТК Мондано – Скопје, Панче Арсов прикажа одлична игра и во финалето го совлада Ѓорги Стојковски, освојувајќи го 🥇 првото место.
Во категоријата 50+, уште еден триумф за клубот – Борче Андов беше поуспешен од Петар Трајковски и заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот. 👏
Горди сме на нашите шампиони! 💙

Photos from Тениски клуб Астибо's post 09/02/2026

Со особена гордост информираме дека нашата тенисерка Марија Стодиќ доби признание од Општина Штип за постигнати значајни спортски резултати во 2025 година, во категорија пионери.
Ова признание е резултат на нејзината посветеност, дисциплина и континуирана работа. Постигнатите резултати на Марија нека бидат мотивација и инспирација за сите млади спортисти кои чекорат по патот на спортот.
Како клуб, упатуваме искрени честитки до Марија и ѝ посакуваме уште многу успеси, спортски победи и понатамошен напредок во нејзината тениска кариера.
Горди сме што сме дел од нејзиниот развој и успех.

Photos from Македонски тенис Makedonski tennis's post 02/02/2026
Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Stip?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address

Борис Крајгер 2
Stip
2000