29/08/2026
И оваа година, по седми пат, заедно веславме за оние на кои им е потребна нашата поддршка, внимание и разбирање.
„И Јас Можам“, Спортски клуб Соларис и Хотел Боград повторно ги здружија силите во една прекрасна мисија, преку спортот да испратиме порака дека никогаш не сме сами и дека секој човек заслужува шанса, поддршка и место во заедницата.
Но, годинава маратонот имаше еден посебен момент.
На стартот беше Роман Лескароски. Штотуку вратен од операција, Роман седна во двоседот заедно со својот тренер Виктор Пауноски и веслаше. Не затоа што беше лесно.Туку затоа што Роман може.
Неговото веслање беше повеќе од спортски подвиг. Беше порака за сите нас... дека границите често постојат сe додека не решиме да ги поминеме.
И ЈАС МОЖАМ.
И ТИ МОЖЕШ.
ЗАЕДНО МОЖЕМЕ СÈ.