29/03/2025
Роденденот е секогаш еден посебен, магичен ден! Тогаш најмногу ги чувствуваш емоциите од околината кон себе! Тогаш на кратко ѕиркаш во нечие срце преку мислата упатена во форма на честитка и искрена желба! Секој во својата мисла додава по збор, два, реченица, кои те опишуваат тебе или пак нивната емоција кон тебе! Затоа роденденот е магичен ден! Преполн со емоции, сеќавања, надежи, планови…. Една желба е секогаш тука и најважна! Да сме живи и здрави! Уште многу години да си посакуваме убавини и да го славиме животот! Убав е, скапоцен е! Ви благодарам на сите за одвоеното време и желбата да ми го направите денот уште поубав!
02/03/2025
27/01/2025