Sv. Nikole Sport

Sv. Nikole Sport Се на едно место за спортот

🏆 АПСОЛУТЕН РЕКОРДЕР И ПРВ СТРЕЛЕЦ ВО ПРВАТА ЛИГА! 🏆Нашата Анастасија Сентовска ја круниса оваа сезона со титулата најдо...
13/08/2026

🏆 АПСОЛУТЕН РЕКОРДЕР И ПРВ СТРЕЛЕЦ ВО ПРВАТА ЛИГА! 🏆
Нашата Анастасија Сентовска ја круниса оваа сезона со титулата најдобар стрелец во Првата ракометна женска лига! 🤾‍♀️🔥
Предводничката на тимот на ЖРК Овче Поле - Славјански Универзитет зад своето име запиша неверојатни 197 погодоци на 23 натпревари, предводејќи го клубот до одличното 3-то место во лигата. Нејзината доминација ја потврдува и фасцинантниот просек од 8,57 гола по натпревар.
Огромни честитки за Анастасија за фантастичната игра, борбеноста и покажаната мајсторија! 👏❤️
✨ Се надеваме дека еден ден ќе ни направи чест и ќе даде ексклузивно интервју за Свети Николе Спорт! 🎙️🇲🇰
#АнастасијаСентовска #ЖРКОвчеПоле #СлавјанскиУниверзитет #РакометМК #ПрвСтрелец #СветиНиколе #СветиНиколеСпорт

Војдан Стаменковски -  Х факторот за голем преокрет и победа над Швајцарија! 🇲🇰🏀Македонија изгледаше изгубено сè додека ...
10/08/2026

Војдан Стаменковски - Х факторот за голем преокрет и победа над Швајцарија! 🇲🇰🏀
Македонија изгледаше изгубено сè додека на теренот не стапна Војдан Стаменковски. Со челична одбрана, агресивни продори и неверојатна енергија, тој ја проби швајцарската одбрана во вид на швајцарски нож и целосно го промени текот на натпреварот.
Иако не е од Свети Николе, овој млад кошаркар заслужи огромно признание! Натпреварот го заврши во стилот на Captain America - заштитник во одбраната и лидер на теренот, со неверојатен +/- од +18! 🛡️⚡
Големо „БРАВО“ и за Конески, Ангеловски, Зунзуровски и целиот тим кој остави срце на паркетот.
Утре одиме на нова победа! Гордост е да се имаат вакви борци - а и да ги нема, наша должност е да ги направиме! 💪🔥
*оваа објава не е реклама!

Бојан „Боки“ Димитриев - една од причините зошто го отворивме овој профил за промоција на млади спортисти од Свети Никол...
07/08/2026

Бојан „Боки“ Димитриев - една од причините зошто го отворивме овој профил за промоција на млади спортисти од Свети Николе - се сели во КК Пелистер во Битола, каде што ќе игра во Првата лига!
Бојан кариерата ја започна во Ангели, а потоа се пресели во Водно Санс, каде што беше предизвикан максимално од одлични играчи со кој дополнително го разви својот потенцијал. Дете што многу вреди, дете кое постојано се труди и ја става кошарката во преден план.
Со своите 204 cm, Бојан ќе има огромен придонес под кошевите. Сите македонски прволигаши нека се спремаат да бидат тероризирани! Неговите противници имаа голема среќа што минатата година беше повреден, но сега е целосно подготвен да го направи Пелистер шампион, заедно со својот брат Благој.
Среќно Бојан, направи нè горди како и секогаш! Овој град е секогаш зад тебе! 🇲🇰🏀🔥!
#БојанДимитриев #СветиНиколе #ККПелистер #КошаркаМК #ПрваЛига #ПоддршкаЗаМладите #дететивредиш

❤️‍🔥 Григориј Ѓорѓевиќ капитенот на У18 репрезентација во екслузивно интервју за КОШ.МК❤️‍🔥 „Пред се, настапот на ова пр...
23/07/2026

❤️‍🔥 Григориј Ѓорѓевиќ капитенот на У18 репрезентација во екслузивно интервју за КОШ.МК❤️‍🔥
„Пред се, настапот на ова првенство за мене и моите соиграчи е
привилегија, да доідеме овде и да играме против наідобрите кошаркари од земјите учеснички на првенството
и да се натпреваруваме на нависоко
ниво е вистински предизвик.
Подготвени сме, добро трениравме во изминатиот период и мислам дека
сме подготвени за сите ситуации.
Како тим сме обединети, имаме добра хемија и размислуваме само за
голем успех. Ке дадеме од себе и ке се бориме за нависок пласман", изјави
Ѓорѓевиќ за КОШ.МК.

Браво дете младо направи нѐ горд❤️‍🔥💪🇲🇰
#СветиНиколе

🔥 МЛАДИНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПОД 18 ГОДИНИ ПРИСТИГНА ВО РИЈЕКА И ОПАТИЈА СО ЈАСНА ЦЕЛ ОСВОЈУВАЊЕ НА ДИВИЗИЈА „Б“! 🔥Предв...
22/07/2026

🔥 МЛАДИНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПОД 18 ГОДИНИ ПРИСТИГНА ВО РИЈЕКА И ОПАТИЈА СО ЈАСНА ЦЕЛ ОСВОЈУВАЊЕ НА ДИВИЗИЈА „Б“! 🔥

Предводени од селекторот Миодраг Тодоровиќ, селектор кој дава надеж, кој покажал дека знае како да создаде успешен тим и во најтешките околности, младите кошаркари заминуваат со големи амбиции и верба во нов успех. Во стручниот штаб се Илија Стамболџиев и Дамјан Велјанов. 💪

🇲🇰 Среќно, момци! Македонија е со вас! 💛❤️

Св. Николе Спорт ќе ве држи во тек 🙌.

17/07/2026

Бојан „Боки“ Димитриев (13) гази за У20 репрезентацијата! 🇲🇰🔥
Во големата победа над Грузија, Боки брилираше со 13 поени и забивање на препознатлив „светиниколски“ начин. 🔥
Напред Бојан, напред Македонија! 🥇

🏀 Македонија го започнува настапот на Европското првенство! 🇲🇰Машката репрезентација на Македонија до 20 години утре го ...
09/07/2026

🏀 Македонија го започнува настапот на Европското првенство! 🇲🇰

Машката репрезентација на Македонија до 20 години утре го игра првиот натпревар на Европското првенство - Дивизија Б во Братислава. Во составот се наоѓа нашиот Бојан Димитриев.

Нашите кошаркари ќе се соочат со домаќинот Словачка, а натпреварот започнува во 18:00 часот.

Особено внимание од организаторот ФИБА ќе биде насочено кон македонскиот репрезентативец Лукановски, кој е посочен како еден од играчите што вреди да се следат на турнирот.

Цело Свети Николе им посакува многу среќа и успешен старт на нашите момци! 🇲🇰❤️

ИСТОРИЈА Е ИСПИШАНА: СРЕБРО СО ЗЛАТЕН СЈАЈ ЗА НАШИТЕ МОМЦИ! 🥈🇲🇰🔥Свети Николе – Македонија има со што да се гордее, а кош...
18/06/2026

ИСТОРИЈА Е ИСПИШАНА: СРЕБРО СО ЗЛАТЕН СЈАЈ ЗА НАШИТЕ МОМЦИ! 🥈🇲🇰🔥
Свети Николе – Македонија има со што да се гордее, а кошаркарскиот ген од нашиот град уште еднаш докажува дека раѓа вистински шампиони! Нашите момци ја претставија Македонија на најдостоинствен можен начин на Европското училишно првенство во баскет 3х3 кое се одржа во Белград.
Македонската селекција се закити со сребрен медал во брутално силна конкуренција! Во големото финале, Англија успеа да слави со тесни 22-18, но нашите лавови одиграа уште еден неверојатно храбар натпревар, борејќи се до последната секунда и оставајќи го срцето на теренот.
👉 Овој резултат е историски! За првпат тим од Македонија учествува на вакво Европско првенство во баскет 3х3 и веднаш се враќа дома со сребро околу вратот.
Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ (МВП), Дамјан Стојановски и Филип Алексовски се момците кои нè направија горди и ни ги исполнија срцата со искрена радост. За Белград тргнаа скромно, но најавија борба – и го одржаа зборот. На теренот беа вистински ѕверови и со својата игра ги освоија симпатиите на целата публика!
📍 Сурова доминација во бројки:
За само четири дена, Македонија одигра дури осум натпревари, забележувајќи седум моќни победи и само еден единствен пораз – во финалето. Падоа селекциите на Молдавија, Хрватска 2, Црна Гора, Хрватска 3, Србија 1, Хрватска 1 и повторно Хрватска 2!
Поддршката за кошарката во Свети Николе и во целата држава продолжува уште посилно!
Ви благодариме момци за овие прекрасни моменти, вие сте нашата гордост и вистински шампиони! 👏💪🥇
#КошаркарскиМозаикМК #СветиНиколе #Македонија #Баскет3х3 #ЕвропскоПрвенство #СреброСоЗлатенСјај #Шампиони #МакедонскаКошарка #Белград2026

Дел од интервјуто со Борјан Лазаров 🎙️ Спорт Свети Николе: Како се чувствуваш по освојувањето на титулата во Гевгелија?🏀...
19/05/2026

Дел од интервјуто со Борјан Лазаров

🎙️ Спорт Свети Николе: Како се чувствуваш по освојувањето на титулата во Гевгелија?
🏀 Борјан: Прекрасно искуство, премногу сум среќен за шампионскиот пехар!
🎙️ Спорт Свети Николе: Што најчесто јадеш како подготовка пред натпревар?
🏀 Борјан: Нешто лесно за енергија, обично пилешко со ориз или паста неколку часа пред утакмица.
🎙️ Спорт Свети Николе: Како се релаксираш во слободното време?
🏀 Борјан: Кога сакам да одморам од сè, ја пуштам Hay Day на телефон и си ја средувам фармата.
🎙️ Спорт Свети Николе: Кој ти е најдобар другар во кошарката?
🏀 Борјан: Тоа е Војдан Стаменковски од Крива Паланка, постојано сме во контакт и си даваме поддршка.
🎙️ Спорт Свети Николе: Кој ти е омилен соиграч на теренот?
🏀 Борјан: Михаил Стојанов – дефинитивно најстрашниот шутер на сите времиња!
🎙️ Спорт Свети Николе: Која е твојата долгорочна цел?
🏀 Борјан: Прво да ги поправам сите оценки во училиште, а после тоа да изградам успешна кариера како професионален кошаркар.
Му благодариме на Борјан за времето а целото интервју ќе можете да го слушнете наредна недела на платформата “Spotify”
#СветиНиколе #СпортСветиНиколе #БорјанЛазаров #БрзоИнтервју #Кошарка #ВодноСансПартизан

БОРЈАН ЛАЗАРОВ БЛЕСНА ВО ГЕВГЕЛИЈА: Светиниколскиот кошаркарски ген носи нова титула! 🏀🏆Свети Николе – Шампионската прик...
19/05/2026

БОРЈАН ЛАЗАРОВ БЛЕСНА ВО ГЕВГЕЛИЈА: Светиниколскиот кошаркарски ген носи нова титула! 🏀🏆
Свети Николе – Шампионската приказна на „Водно Санс Партизан“ во У20 конкуренцијата има уште еден силен светиниколски печат. Покрај доминацијата на Димитриев, огромен придонес во освојувањето на златото на завршниот „Final Four“ турнир во Гевгелија даде и нашиот Борјан Лазаров!

Address

Свети Николе
Sveti Nikole

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Sv. Nikole Sport posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category