ЖФК Љуботен - Тетово Официјална Страна

ЖФК Љуботен - Тетово Официјална Страна Официјална fb страна на женскиот фудбалски клуб ЖФК Љуботен

Победничко селфи од Пржино💙💙💙Напред плави💙💙💙
30/08/2026

Победничко селфи од Пржино💙💙💙
Напред плави💙💙💙

🔵⚪️🧤🔥 ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА СТРУЧНИОТ ШТАБ – МАГДАЛЕНА ЛЕКОСКА Е НОВ ТРЕНЕР НА ГОЛМАНИТЕ! 🔥🧤🔵⚪️ЖФК ЉУБОТЕН продолжува да ги поди...
10/08/2026

🔵⚪️🧤🔥 ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА СТРУЧНИОТ ШТАБ – МАГДАЛЕНА ЛЕКОСКА Е НОВ ТРЕНЕР НА ГОЛМАНИТЕ! 🔥🧤🔵⚪️

ЖФК ЉУБОТЕН продолжува да ги подигнува стандардите на сите нивоа!

Со огромно задоволство го претставуваме новото засилување во нашиот стручен штаб – МАГДАЛЕНА ЛЕКОСКА, која ја презема позицијата тренер на голманите на ЖФК Љуботен! ✍️💙

🇲🇰 Репрезентативно искуство. Знаење. Карактер. Професионализам.

Лекоска зад себе има богата играчка кариера како голман, во која го бранеше и голот на сениорската репрезентација на Македонија, а посебно значење за нас има фактот што во својата кариера ја носеше и капитенската лента во сино-белиот дрес на ЖФК Љуботен.

Денес таа се враќа во нашето семејство во нова и исклучително важна улога – своето големо искуство, знаење и голмански менталитет да им ги пренесе на нашите голманки. 🧤⚽️

🎓 Нејзиниот тренерски развој е потврден и со сериозни стручни квалификации:

🔹 UEFA A лиценца
🔹 UEFA B лиценца
🔹 UEFA B Goalkeeper лиценца
🔹 искуство во тренерската работа и едукацијата на тренери

Ангажманот на Магдалена е уште еден чекор во создавањето силен, модерен и професионален стручен штаб, способен да работи според високите стандарди што ги поставуваме пред новата сезона.

Во Љуботен не градиме само тим за денес.

Градиме систем. Градиме иднина. Градиме победнички менталитет. 🏆

А за нашите голманки започнува ново поглавје – со поранешна репрезентативна голманка покрај себе, која одлично знае што значат одговорноста, притисокот и гордоста да се биде последната линија на одбраната. 🧤💪

💙 Магдалена, добредојде повторно дома!

Ти посакуваме успешна работа, многу заеднички победи и трофеи во сино-бело!

🔵⚪️ НАПРЕД ПЛАВИ! 🔵⚪️
🧤 НАШАТА МРЕЖА – НАШАТА ТВРДИНА!

🔵⚪️🔥 ЧЕТИРИ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА ВО СИНО-БЕЛО! 🔥🔵⚪️ЖФК Љуботен со големо задоволство ги претставува четирите нови фудбалерки ...
04/08/2026

🔵⚪️🔥 ЧЕТИРИ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА ВО СИНО-БЕЛО! 🔥🔵⚪️

ЖФК Љуботен со големо задоволство ги претставува четирите нови фудбалерки кои од денес и официјално стануваат дел од нашето сино-бело семејство. Со нивното доаѓање, клубот продолжува да гради тим подготвен за новите предизвици и високите цели во претстојната сезона.

🔹 ГАБРИЈЕЛА ЈОВИЌ (22) 🇷🇸
Пристигнува од Спартак Суботица. Универзална („all-round“) фудбалерка која со својот квалитет, искуство и тактичка разновидност ќе претставува значајно засилување за нашиот тим.

🔹 КАЛИНА ПОПЕСКИ (18) 🇷🇸➡️🇲🇰
Младата напаѓачка пристигнува од Црвена звезда. Со својата брзина, талент и голем потенцијал, Калина претставува инвестиција во иднината и дополнителна сила во офанзивната линија.

🔹 ЕДИНА СУЛЕЈМАНИ (21)
Од АС Јунајтед во Љуботен пристигнува 21-годишната централна дефанзивка. Борбена, дисциплинирана и мотивирана, Едина ќе донесе сигурност и цврстина во одбраната.

🔹 ХАЛИМЕ ИМЕРИ (21) 🧤
Нашето ново засилување меѓу стативите. Халиме доаѓа со искуство од настапите за ЖФК Вардар, а беше дел и од ЖФК Скопје, каде го градеше својот развој како голманка. 🟢⚪️➡️🔵⚪️

Четири фудбалерки.
Четири различни приказни.
Една заедничка цел – успех во дресот на Љуботен. 💙🤍

Веруваме дека со нивниот квалитет, карактер и посветеност ќе бидат важен дел од тимот и ќе придонесат во остварувањето на амбициите на клубот.

На Габријела, Калина, Едина и Халиме им посакуваме многу здравје, успешни настапи, победи и незаборавни моменти во сино-белиот дрес.

💙🤍 ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ЖФК ЉУБОТЕН!

НАПРЕД ПЛАВИ🔵⚪️🏆

🏆⚽️ ДЕН КОЈ ОСТАНУВА ЗАПИШАН ВО ИСТОРИЈАТА НА ЖФК ЉУБОТЕН! ❤️🤍На денешен ден, нашите девојки испишаа една од најубавите ...
02/08/2026

🏆⚽️ ДЕН КОЈ ОСТАНУВА ЗАПИШАН ВО ИСТОРИЈАТА НА ЖФК ЉУБОТЕН! ❤️🤍

На денешен ден, нашите девојки испишаа една од најубавите страници во историјата на ЖФК Љуботен и на македонскиот женски фудбал! 🇲🇰🏆

ЖФК Љуботен успешно го мина првиот квалификациски круг од УЕФА Лигата на шампионите, остварувајќи резултат кој засекогаш ќе остане дел од историјата на нашиот клуб.

Но, не беше само пласманот она што го направи овој успех посебен.

Нашите девојки беа меѓу најдобрите во сите најважни статистички сегменти на квалификациите – постигнати голови, примени голови, напади, удари кон противничкиот гол – покажувајќи квалитет, карактер и победнички дух. 💪⚽️🔥

Дополнителна гордост за нашиот клуб беше и Хава, која беше најдобра голгетерка на квалификациите! ⚽️👑

Успех кој тешко се постигнува и уште потешко се повторува.

Затоа денес со огромна гордост се потсетуваме на девојките кои го носеа дресот на ЖФК Љуботен и заедно го испишаа овој историски резултат. ❤️🤍

Овој датум има уште едно посебно значење за нашето семејство – денес роденден слави нашата Ива! 🎂🎉

Ива, ти посакуваме многу здравје, среќа, љубов и уште многу фудбалски и животни успеси! ❤️⚽️

Горди на минатото. Горди на нашите девојки. Горди на ЖФК Љуботен!

ЕДЕН Е ЖФК ЉУБОТЕН! ❤️🤍💪

🎂 Среќен роденден, Ива! 🎉❤️
🏆⚽️🇲🇰❤️🤍💯

Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот Јовица Илиевски. Беше човек кој неуморно го помагаш...
23/06/2026

Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот Јовица Илиевски. Беше човек кој неуморно го помагаше спортот го помагаше Љуботен, во успесите на ЖФК Љуботен беше нераскинлив дел, секогаш спремен и отворен за соработка вистински човек.
Во овие тешки моменти нашите мисли се со неговите најблиски, со семејството, да имаат сила да ја издржат оваа огромна загуба!
ЖФК Љуботен изразува сочуство до семејството и сите оние кои го познаваа!
Почивај во мир Јоцо🕊️💔

11/05/2026

💙💙💙

💙КРАЈ НА ЕДНА ЕРА💙Денес беше последниот натпревар за многу играчи во ЖФК Љуботен, последен со интернационалки, последен ...
05/04/2026

💙КРАЈ НА ЕДНА ЕРА💙
Денес беше последниот натпревар за многу играчи во ЖФК Љуботен, последен со интернационалки, последен по многу нешта!
По последните случувања на терените за кои сме повеќе од сигурни беа се само спортски не, како и одлуките на Фудбалската Федерација јасно и гласно ни покажаа дека нема место за успешни, за тие кои искрено вложуваат и сакаат напредок во спортот.
Изгубија сите изгуби Тетово, изгуби репрезентацијата имаме 10 репрезентативки, изгуби фудбалот, згаснува бренд по кој е познат женскиот фудбал во регионот и пошироко!
Сега неколку збора и за ЖФК Љуботен под наше менаџирање последниве 6 години:
Клубот го презедовме во март 2020 година како најслаб во лигата во сезона 2019/2020година убедливо на последно место и кога сите прогнозираа згаснување ние се спасивме, тука имаше и улога прекинот поради короната!
Следната сезона 2020/2021 првата наша официјално сезона од почеток како ново раководство:
Многу тешко да ги убедиме фудбалерките во проектот ЖФК Љуботен во јули доаѓа првата Македонска репрезентативка Јулија Живиќ со уште неколку фудбалерки се прави солиден тим кој се надеваме ќе избори опстанок но оди тешко!
Декември 2020 полусезона по доброто менаџирање полусезоната и добра медиумска покриеност во Љуботен доаѓа првата бразилка сега ги има повеќе, прв клуб со пет странски професионални фудбалерки и неколку репрезентативки и опстанокот обезбеден!
Сезона 2021/2022 прва шампионска титула!
Пет професионални фудбалерки четири тренери со професионален кондиционен тренер прва женска екипа на висински подготовки во земјава максимално професионална работа и резултатот е титула!
Оваа година прва женска фудбалска екипа која има набавено возила за сопствени потреби!
Сезона 2022/2023 прва дупла круна!
И оваа година први во женскиот фудбал тренинг камп - сопствен мотел со соби за сите играчи професионален кувар само за сопствени потреби, комплетна реконструкција на просториите сега Љуботен има свој фитнес центар, соблекувална со највисоки стандарди и соба за рекуперација со базен, ова го немаат многу прволигашки машки екипи!
Сезона 2023/2024 нова дупла круна но и во оваа сезона Љуботен е прв по нешто!
Прва женска екипа која користи GPS уреди за следење на играчите со работа до врвни перфоманси во 2023 неколку машки екипи користеа а до ден денес единствена женска екипа која користи вакви уреди!
И ова прва македонска женска екипа која после 12 години издвојува победа во квалификации за лигата на шампиони победен е Кардиф во Холандија!
Сезона 2024/2025 историската и овој пат дупла круна но оваа сезона е испишана историја! Ова е Ваше време!
Ќе почнем со ред прва женска екипа која заминува на подготовки надвор од државава одработени десет дневни подготовки на Златибор и резултатите беа неминовни!
Прва женска екипа која помина прва група во квалификациите за лигата на шампиони издвојувани две победи против шампиони на Ерменија Пјуник и Фарски Острови Рујнавик, тогаш и којзнае кога! Ова треба да го наградите Вие но.....
Ќе останат недовршени многу проекти и визии кои ги имавме во план од кои ќе наброиме неколку: нарачаниот клубски автобус ќе бевме први и во тоа можеби и на балканот женска екипа со свој сопствен автобус ќе заврши во некоја туристичка агенција, големиот проект со потенцијалниот странски инвеститор за изградба на тренинг центар со хотел и сите пропратни елементи во близина на Тетово, градоначалникот Јовица знае а го запознав и министерот при една наша средба, тука во Вас ФФМ гледавме партнери, планираното враќање на најстариот машки клуб во земјата прво во втората лига па потоа и ранг погоре итн....,
Денес дами и господа вие го погребавте Тетово, пркосот или тоа што им бодеше во нос на сите тука успесите на ЖФК Љуботен, денес Вие можеби ставте клуч на најстариот машки фудбалски клуб Љуботен денес ја погребавте македонштината и уште еднаш ни кажавте дека нема место за луѓе со чесност, визија и успеси! За нас Тетово и Македонија се светост ние сме сигурно многу поголеми од сите Вас и тие што ве советуваат ова да го направите, но чесноста ни е пред се!
Ние јасно и одговорно Ви кажуваме Љуботен никогаш нема да дозволи да се врати времето на ...., ЖФК 🐉🐉🐉и фамозниот .... со капчето, нема девојките и тренерите да се возат во гепек, нема селекторот да прашува уште колку корнери треба и да играме впрочем тој и сега ви е селектор, ако не знаете што зборувам прашајте ама знам дека многу добро знаете, нема да дозволиме во клубот да бидат луѓе осудени криминалци за злоупотреба со осигурање и исценирање на сообраќајни незгоди тие имаат изгледа секогаш отворена врата кај Вас!
За крај да се заблагодариме на сите они фудбалерки кои го носеа дресот на Љуботен изминативе шест години ке ни треба многу редови да ги напишеме а може некого да заборавиме, двата капитени кои ги подигнаа седумте трофеи Маги и Танди ќе останете запишани во историјата на клубот, посебна благодарност до девојките од Тетово поради кои се ова започна Ива, Елена, Росана, Мила, Мими, Ангела и многу други, посебна благодарност и до сите менаџери со кои соработувавме и сите интернационалки кои го носеле дресоти ги имаше преку 50 од Бразил до Нигерија, од Русија до Црна Гора и многу други држави на сите големо Благодарам!
За крај голема благодарност и до оние кои не подржуваа овој период градоначалникот Јовица Илиевски, Министерот за спорт Борко Ристовски кој ја препозна нашата визија, компаниите: Енерго Солар, Сити такси, Дамели, Инфографика, Аурора турс и многу други големо Благодарам!

21/02/2026

Address

Ul Ivo Lola Ribar Br 226
Tetovo
1200

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЖФК Љуботен - Тетово Официјална Страна posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to ЖФК Љуботен - Тетово Официјална Страна:

Shortcuts

Share