11/02/2026
https://skopje1.mk/promocija-na-tekbol-vo-gjorce-petrov-nov-javen-prostor-za-mladite
Промоција на текбол во Ѓорче Петров - нов јавен простор за младите
Со поставување на текбол маси на јавен простор наменет за спорт и рекреација, Општина Ѓорче Петров денеска промовираше нови спортски содржини.„Со...
11/02/2026
Благодарност до Општина Ѓорче Петров,градоначалникот Александар Стојкоски и Sports Social Solution за меѓусебната соработка и градење спортска иднина за сите граѓани.
Кога спортот е достапен за сите, заедницата станува посилна. Teqball масите во Ѓорче Петров се нова енергија за младите и за сите љубители на спортот.
06/12/2025
✅World Teqball Championships 2025
📍 Odorheiu Secuiesc, Романија
📅 3–7 декември
Singles: Димитар Пејчиновски
Doubles: Димитар Пејчиновски & Коста Трифуноски
🇲🇰Нашите момци влегуваат на светската сцена со рекорден успех! Со заслужено 17 место на светската ранг-листа, Македонија го постигнува својот најголем текбол пласман досега – резултат на жестока работа, дисциплина и борбен дух.
Подгответе се да навиваме силно, затоа што Македонија оди кон нови победи!
❗️Голема благодарност до Македонскиот Олимписки Комитет за поддршката и обезбедувањето на врвна спортска опрема. Вашата доверба и вложување се силен ветер во грб за нашите спортисти на патот кон нови успеси!
03/12/2025
✅World Teqball Championships 2025
📍 Odorheiu Secuiesc, Романија
📅 3–7 декември
Singles: Димитар Пејчиновски
Doubles: Димитар Пејчиновски & Коста Трифуноски
🇲🇰Распоред – Singles (Димитар Пејчиновски)
Денес игра во следниве термини:
⏰ 11:10 – против словачкиот играч M. Biros
⏰ 13:30 – против израелскиот играч L. Liberman
⏰ 14:50 – против бразилскиот играч Da Silva
⏰ 17:20 – против данскиот играч Hamm
На сликите се групите и ждрепките каде нашите момци ќе се борат против најдобрите во светот.
🎥 Гледајте во живо:
👉 https://www.youtube.com/live/klwfNlx_ItA?si=xi1jZKzPvgHBD62b
02/12/2025
✅World Teqball Championships 2025
📍 Odorheiu Secuiesc, Романија
📅 3–7 декември
🇲🇰Со голема гордост објавуваме дека Македонија ќе има свои претставници на светското првенство во текбол! Ова е осмото издание на елитниот натпревар што ги собира најдобрите во светот.
Нашите представници:
Single: Димитар Пејчиновски
Doubles: Димитар Пејчиновски & Коста Трифуноски
Поддржете ги момците кои ќе го дадат максимумот за нашата земја! 🇲🇰🔥
22/10/2025
✅ World Teqball Championships 2025
📍 Odorheiu Secuiesc Romania
🇲🇰 Со гордост објавуваме дека Светското првенство во текбол 2025 ќе се одржи во Одорхеиу Секуиеск, Романија, во периодот од 3 до 7 декември. Ова ќе биде осмото издание на престижниот настан, кој го собира светскиот врв во текболот.
Македонија ќе има свои претставници кои ќе го дадат својот максимум од себе.
19/06/2025
✅ Adriatic Teqball League
📍 Градски Кеј Охрид Македонија
🇲🇰 На турнирот одржан на 14-ти Јуни на Градскиот кеј во Охрид, нашите играчи постигнаа одлични резултати:
🥉 3-то место и бронзен медал за Димитар Пејчиновски
5-то место во double man категорија за Димитар и Коста Трифуноски
Меѓу учесниците беа и повеќе интернационални текери, што го прави успехот уште поголем! 🌍
⏫ Одиме во нагорна линија во секој сегмент – нашите играчи сѐ повеќе се адаптираат, вежбаат и се подготвуваат за уште поголеми успеси!
05/06/2025
✅ Спортски игри Велес 2025
📍Градски Парк Велес
🇲🇰 Време е за неверојатна акција на Teqball теренот! Погледнете го целосниот распоред на натпревари за денешниот ден – и во Single, и во Doubles категории!
🕟 Single дуелите започнуваат од 16:30 часот, со низа возбудливи мечеви помеѓу најдобрите играчи!
🕖 Doubles натпреварите стартуваат од 19:00 часот, каде што тимските вештини доаѓаат до израз!
🏆 Во текот на вечерта ќе се одиграат и четвртфиналињата, полуфиналињата и финалето, па останете со нас до самиот крај за да дознаете кој ќе ја понесе титулата!
🎉 Не пропуштајте спектакл – ве очекуваме со позитивна енергија и многу забава!
#велес #МакедонијаСпорт
22/04/2025
✅ Teqball World Series
📍 Јинан, Кина 18-21 Април
🇲🇰 Нашиот репрезентативец Димитар Пејчиновски учествуваше на првенството Teqball World Series каде што успешно ја помина групната фаза со победа од 2:0 против репрезентативецот од Кина, но подоцна беше елеминиран во нокаут фазата од репрезентативецот од Полска со резултат 0:2 со што и заврши неговото учество на овој турнир.
На Димитар му посакуваме среќа и успех на следните турнири и натпревари.
07/02/2025
✅Заврши и последниот семинар предвиден за државите од Западен балкан во склоп на соработка и извршувања на задачи во областа на спортот но и дел за нови проекти. Проектот Youth engagement and inclusion of Marganalized Groups и Advocacy and Awareness Raising Techniques отвори дебата,различни размислувања и работилница за решавање на предизвиците.
✅Потпишан меморандум за соработка на петте федерации членки на Западен Балкан (Албанија,Србија,Македонија,Црна Гора,Косово) за унапредување на Текбол на регионот, меѓусебна соработка, развој и промоција.
✅Нашата федерација подржжува, учествува, соработува на сите досегашни настани за цел напредок на спортот,нејзина промоција и соработка со земјите од Балканот, кои гради цврста врска.
✅Голема благодарност до невладината организација NGO-CAMS и сите земји од регионот .
Претседателот на сојузот Црна Гора-Милорад Шутулович, Унитед Текбол Србија Мирослав Бјелич,Текбол Асоцијација на Албанија Ардиан Кани, Текбол Федерација Косово Хасани Башким.