27/05/2026
Осум екипи овој викенд ќе се борат за опстанок/влез во #2МФЛ за наредната сезона
Од второлигашката конкуренција, Каменица Саса, Тетекс и Кожуф завршија на бараж-позициите, додека шампиони од регионите се: Еуромилк ГЛ од северен, Победа Валандово од источен, Камјан од Западен. Борец од јужен и Влазними од југозападен.
На ждрепката беа одредени следните бараж двојки:
Каменица Саса – Еуромилк ГЛ (Кратово)
Победа Валандово – Камјан (Штип)
Кожуф – Борец (Кочани)
Тетекс – Влазними (Скопје)
Победниците од овие натпревари ќе обезбедат место во #2МФЛ за сезоната 2026/27.
⚽ • 🇲🇰 🌐
26/05/2026
⚔️ Битола и Кавадарци домаќини на баражите за #1МФЛ
Во Битола и Кавадарци ќе се одиграат бараж натпреварите за пополнување на 1. МФЛ за сезоната 2026/27.
Двата натпревари се закажани за недела (31 мај) со почеток од 16:30 часот.
Во Кавадарци, Пелистер ќе се бори за задржување на прволигашкиот статус против Шкендија 77, која е на чекор до историски пласман и прво учество во елитата.
Во Битола, Скопје по две сезони минати во Втората лига има можност повторно да се врати меѓу најдобрите, додека на спротивната страна ќе биде Брера, клуб кој девет последователни сезони е дел од прволигашкото друштво и во неколку наврати ја претставуваше Македонија на европската сцена.
Кој ќе обезбеди место во #1МФЛза следната сезона? 👀
⚽ • 🇲🇰 🌐
24/05/2026
Вардар вчера на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со убедлива победа од 3:0 над Шкендија во последното коло ја заокружи шампионската сезона. Покрај трите бода, „црвено-црните“ го подигнаа и шампионскиот пехар, по пауза од шест години.
По натпреварот, извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, еклузивно за mfl.mk даде краток осврт на сезоната.
„За една година и 10 месеци, освоивме еден куп и една шампионска титула. Мислам дека е достигнување за почит. Догодина одиме на дупла круна.
На табелата пред второпласиранта Шкендија сме девет бода разлика, на полусезоната бевме само еден бод со Струга Трим Лум, сега сме 21 бод разлика. Вардар има најмногу постигнато и најмалку примено гола од сите клубови. Немавме ниту еден инцидент цела сезона кога бевме домаќини.“
⚽ • 🇲🇰 🌐
23/05/2026
Шампионскиот пехар во рацете на фудбалерите на Вардар 🏆⚫️🔴
⚽ • 🇲🇰 🌐
23/05/2026
Брегалница по две години повторно е прволигаш 🔙🔵
„Штипјани“ ја обезбедија промоцијата во #1МФЛ откако ја освоија првата позиција во #2МФЛ со 71 освоен бод. Иако сезоната ја завршија со ист број бодови како и Скопје, Брегалница го освои шампионскиот трофеј благодарение на подобриот меѓусебен скор во дуелите со скопјани.
⚽ • 🇲🇰 🌐
23/05/2026
Во последното коло од #1МФЛ, Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ по 12-ти пат во својата историја ќе го подигне шампионскиот пехар на натпреварот против Шкендија, која сезоната ја заврши на втората позиција. 🏆🔴⚫
„Црвено-црните“ по шест години повторно се искачија на тронот на македонскиот фудбал и ја освоија својата 12-та шампионска титула.
Претходно Вардар беше шампион во сезоните: 1992/93, 1993/94, 1994/95, 2001/02, 2002/03, 2011/12, 2012/13, 2014/15, 2015/16, 2016/17 и 2019/20 која беше прекината поради COVID 19.
⚽ • 🇲🇰 🌐
22/05/2026
Македонската А-репрезентација на крајот од месецот ќе одигра два контролни натпревари против селекции кои летово ќе настапат на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Селекторот Гоце Седлоски направи неколку измени во составот за овој собир, за натпреварите на гостински терен против Босна и Херцеговина и Турција, а меѓу повиканите се најдоа и пет дебитанти. Еден од нив е десниот бек на Вардар, Георгије Јанкулов, кој зад себе има одлична сезона во дресот на „црвено-црните“, крунисана со шампионската титула.
Јанкулов претходно настапуваше за младинските селекции на Македонија, а сега за првпат добива повик во сениорскиот национален тим. 24-годишниот фудбалер за mfl.mk ги сподели своите впечатоци по добиениот повик од селекторот Седлоски:
„Повикот во А-репрезентацијата на Македонија е остварување на сонот на секој фудбалер. Му благодарам на селекторот за укажаната доверба.
Нè очекуваат натпревари против две квалитетни репрезентации кои ќе настапат на Светското првенство и се надевам дека ќе се претставиме во најдобро можно светло“, изјави Јанкулов.״
⚽ • 🇲🇰 🌐
21/05/2026
Сите освојувачи на Купот на Македонија низ историјата (1992/93 – 2025/26) 🏆🇲🇰
Најтрофеен клуб во Купот на Македонија е Вардар, кој има шест освоени пехари од седум одиграни финалиња.
Со вчерашната победа над Шкендија во финалето, Силекс стигна до својот четврти куп-пехар и се израмни со Работнички на вечната листа. „Романтичарите“ имаат четири трофеи од седум финалиња, додека Силекс има четири трофеи од шест финални настапи.
Само три клуба успеале да го одбранат трофејот во две последователни сезони: Работнички (2007-2008 и 2014-2015), Вардар (1998 и 1999) и Македонија ЃП (2022 и 2023).
Најмногу финалиња има одиграно Слога Југомагнат – вкупно осум. Клубот трипати го освоил трофејот, а петпати бил поразен во финалето, што го прави и рекордер по бројот на загубени финалиња. Следува Шкендија со четири порази во финални натпревари.
🏆 • 🇲🇰 • 🌐
21/05/2026
Селекторот на А репрезентацијата, Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои се во комбинација за претстојните пријателски натпревари на гостински терен против Босна и Херцеговина (29.05) во Сараево и Турција (01.06.) во Истанбул.
Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 27 играчи, а меѓу нив петмина кои за прв пат ќе го носат дресот на македонската репрезентација, дефанзивецот на романски УТА, Дин Аломеровиќ, десниот бек на Вардар, Јанкулов, фудбалерите од средниот ред на Силекс, Анѓелески и Додев и најдобриот стрелец на Вардар, Азер Омерагиќ.
Поради повреда, селекторот Седлоски нема да смета на Љупче Дориев, Лука Станковски, Егзон Бејтулаи, Марио Илиевски и Димитар Митровски, а поради клупски обврски двата натпревари ќе ги пропуштат Тихомир Костадинов и Андреј Стојчевски.
⚽ • 🇲🇰 🌐
20/05/2026
Силекс е освојувач на Купот за 2025/26 сезона 🏆
🏆 • 🇲🇰 🌐