Бадминтон клуб Vincinni

Бадминтон клуб Vincinni

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Бадминтон клуб Vincinni, Sports, Спортска сала на О. У "Славчо Стојменски" Виница, Vinica.

Бадминтон е рекетен спорт кој се игра помеѓу двајца противнички играчи (поединечно), или помеѓу два противнички пара (двојки). Играчите (паровите) завземаат позиции на спротивните половини од теренот кој е одделен со мрежа.

Photos from Бадминтон клуб Vincinni's post 09/05/2026

На 09.05.2026 (сабота) во салата ООУ „Никола Карев” во Петровец-Скопје се одржа турнир во Бадминтон второ коло од сезоната 2026.🏸
Турнирот се оддржа во следните категории:
У9, У11, У13, У15, У17, У19 и сениори.
Браво за одличната игра и за постигнатите успеси на нашите најмали натпреварувачи!

Photos from Бадминтон клуб Vincinni's post 29/03/2026

На 29.03.2026 (недела) во салата „Архиепископ
Досите” при ООУ „Круме
Кепески” во Кисела Вода, Скопје се одржа турнир во Бадминтон прво коло од сезоната 2026.🏸
Турнирот се оддржа во следните категории:
У9, У11, У13, У15, У17, У19 и сениори.
Големо браво за одличната игра и за постигнатите успеси на нашите најмали натпреварувачи!

Photos from Општина Виница's post 06/02/2026

Со голема чест и благодарност Ви благодариме за признанието и поддршката.
Продолжуваме со уште поголема љубов и посветеност да го развиваме бадминтонот и спортскиот дух во Виница! 🏸💪✨

05/02/2026

Со срце, дисциплина и бескрајна посветеност – така се градат вистински спортски асови 🏆

Горди сме што на манифестацијата „Спортски асови 2025“, во организација на Општина Виница, беа оддадени признанија на оние кои секојдневно ја претставуваат нашата општина со чест, борбеност и спортски дух.

💪 Бадминтон клуб Винчини Виница оваа година блесна со дури 5 признанија:
🏅 признание за клубот
🏅 признание за тренерот
🏅🏅🏅 три признанија за освоени медали на државен натпревар

Овие успеси се доказ дека кога има визија, континуирана работа и верба – резултатите доаѓаат.
Вие сте инспирација за младите, гордост за Виница и пример дека со спорт се градат карактер и иднина.

Честитки до целиот тим – продолжете да сонувате големи соништа и да ги освојувате терените! 🏸🔥
#СпортскиАсови2025 #ГордостНаВиница #ВинчиниВиница #СпортскиДух #УспехСоПосветеност
Vincinni

Photos from Бадминтон клуб Vincinni's post 14/12/2025

На 14.12.2025 (недела) во салата на ООУ „Круме Кепески“ се одржа финалното, петто коло од сезоната 2025.
Турнирот се одржа во категориите: U11, U13, U15, U17 и U19, а нашите млади натпреварувачи се натпреваруваа во U11 и U13.
Нашите резултати:
🥉 Бронзен медал – женски U11
🥉 Бронзен медал – машки U11
🥈 Сребрен медал – машки U13
Ова е прва година на Бадминтон клуб VINCINNI, а постигнатите резултати се уште поголем успех и мотив за понатамошна напорна работа.
Големо браво за сите наши натпреварувачи за прикажаната борбеност и посветеност 👏
Горди сме и продолжуваме напред со уште поголема мотивација! 💪🏸

18/08/2025

🏸 УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ!
Бадминтон клуб Vincinni ве поканува да станете дел од најбрзиот спорт со перце!
Отворен е уписот за деца и возрасни!

🎯 За кого?

Деца од 8 години па нагоре

Возрасни – почетници, рекреативци и напредни играчи

👨‍🏫 Стручен тим со лиценцирани тренери
Професионални тренинзи прилагодени за сите нивоа – од основи до напредна техника и кондиција.

📍 Локација:
Сала при ОУ „Славчо Стојменски“ – Виница

🗓️ Термини:
Тренинзите се одржуваат неколку пати неделно, со флексибилни термини според вашите можности.

📞 Пријавување и информации:
➡️ Обратете се кај: Филип Атанасов
📱 Тел: 072 212 663

✨ Зошто бадминтон?

Photos from Бадминтон клуб Vincinni's post 07/04/2025

На 05.04.2025 (сабота) во салата на основното училиште ,,Партенија Зографски'' Скопје се оддржа турнир во Бадминтон прво коло сезона 2025/26.🏸
Турнирот се оддржа во следните категории:
У9, У11, У13 и У15.
Големо браво за одличната игра и постигнатиот успех на нашите најмали натпреварувачи.🙌

17/03/2025

Почитувани,

Ве известуваме дека поради незамисливата трагедија која се случи во нашата држава утрешниот тренинг (18.03.2025) со почеток од 16:30h се откажува.
Длабока тага и сочувство до семејствата на трагично починатите.
Посакуваме брзо оздравување на повредените. 🙏

13/03/2025

Дали сте знаеле дека перцето во бадминтон може да достигне брзина од 500 km/h? 🤔🏸🤔

11/03/2025

Се гледаме на тренинг! 🙌🏸🙌
📅Ве очекуваме во спортската сала на Славчо Стојменски во Виница со почеток од 16:30h.

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Vinica?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Website

Address

Спортска сала на О. У "Славчо Стојменски" Виница
Vinica
2310