22/03/2026
Денеска започнавме со пролетниот дел на сезоната, со натпревар против екипата на Цетинска.
Во зимскиот преоден рок, успеавме да го засилиме тимот со повеќе играчи. Кон клубот пристапија:
- Игор Савески, Денис Младеновски и Лука Зафировски од ФК Љуботен, Петар Савески, Лука Савески, Ангел Ѓорѓевски, Михаил Спасовски и Мартин Спасоски од ФК Тетекс, Стефан Ѓорѓиевски од ФК Теарце и Даниел Тодевски (нов играч).
Напред Хајдук! 🤍🩵
14/12/2025
Голема благодарност до ресторан "Арома С" - Вратница за организиран ручек по повод завршувањето на првата полусезона.
14/12/2025
Крај на есенскиот дел на сезона 2025/26.
После потежок почеток на сезоната, Хајдук продолжува да се бори во четвртата македонска лига. Со нови засилувања одиме кон нови победи од пролет.
Ви благодариме на поддршката!
Напред Хајдук 🩵🤍
27/06/2025
Почитувани,
сакаме да ви изразиме голема благодарност за сета поддршка и помош што ни ја дадовте оваа сезона.
И покрај тоа што резултатите не беа на посакуваното ниво, изградивме основа врз која ќе продолжиме да работиме. Благодарни сме за сите кои на каков било начин придонесоа да го одржиме клубот, дали тоа било со парична помош или поддршка на трибините.
Следната сезона ќе ја дочекаме со повеќе искуство и јасна цел: домашен терен и добри резултати.
Искажуваме специјална благодарност до:
Мартин и Мирче Серафимовски, Предраг Павловски и Себастијан Симјановски за донација на сет тренерки.
Душко Кузмановски и Јоше Ацовски за донација на домашен и гостински сет дресови (по еден сет).
Јовица Спировски, заедно со значаен број на иселеници во САД од Беловиште, Вратница и Старо Село за донација на финансиски средства за реконструкција на стадионот во с. Беловиште.
Нашите спонзори, ИГМ "Вратница", Интертрејд Компани, Здружение на жители "Вратница", ресторани "Aroma S Beloviste", Етно куќа "Чорбаџиски Ан" , Restoran "vikendica " - Petacko Vodice.
Напред Хајдук! 🩵🤍
08/06/2025
ФК Јехона 0:0 ФК ХАЈДУК
Ја завршуваме сезоната со бод на гости против ФК Јехона. Големо браво до играчите за борбеноста!
Ви благодариме за поддршката!
#НапредХајдук 🩵🤍
07/06/2025
На последниот натпревар од сезоната нѐ пречекува екипата на ФК Јехона.
ФК Јехона : ФК Хајдук
Недела, 11:00ч
С. Теарце
31/05/2025
ФК Хајдук : ФК Пирок
14:00ч, недела
С. Теарце
#НапредХајдук 🩵🤍
27/05/2025
Сакаме да изразиме голема благодарност до Joe Acovski за донацијата на нов комплет дресови.
Ваквата поддршка ни значи многу и е уште еден доказ дека само заедно можеме да го издигнеме Хајдук на повисоко ниво.
#НапредХајдук 🩵🤍
25/05/2025
ФК Беса 3:0 ФК ХАЈДУК
#НапредХајдук 🩵🤍
24/05/2025
16. коло на гости нѐ пречекува екипата на ФК Беса.
ФК Беса : ФК Хајдук
Недела, 11:00ч
С. Челопек
18/05/2025
Уште еден борбено одигран натпревар против тежок противник.
ФК ХАЈДУК 1:3 ФК Цетинска
Стрелец на голот:
⚽ Васе Ристовски
#НапредХајдук 🩵🤍