„Што значи ФК Атлетико 2021 за нашите деца? Погледнете ги нивните искрени и интересни изјави по прославата. ⚽️🎥“
Ф.К Атлетико 2021
Football club
16/06/2026
Прослава за успешно завршена сезона🍀
„Дрвото го познаваме по неговите плодови.“
Во фудбалот, како и во животот, вистинската вредност не се гледа во зборовите, туку во резултатите. Организацијата на клубот, начинот на работа, дисциплината на тренинзите и однесувањето надвор од теренот со текот на времето ги даваат своите плодови.
Нашата цел не е само да создаваме подобри фудбалери, туку и подобри личности. Кога децата напредуваат, покажуваат почит, одговорност и љубов кон спортот – тогаш знаеме дека сме на вистинскиот пат.
⚽ ФК Атлетико 2021 – затоа што секој плод е резултат на правилно засадени вредности. 💙🤍
11/06/2026
⚽️ Денес го одржавме последниот тренинг за оваа сезона, кој традиционално го завршуваме со натпревар „Родители против деца“.
Како и секоја година, натпреварот беше исполнет со многу насмевки, спортски дух, дружење и прекрасна атмосфера. Родителите уште еднаш покажаа дека се важен дел од нашето фудбалско семејство, а децата уживаа во заедничката игра и дружење.
Им благодариме на сите деца, родители, тренери и поддржувачи за успешната сезона. Ви посакуваме убав летен одмор, а ние повторно ќе се собереме со нова енергија и уште поголеми амбиции.
ФК Атлетико 2021 ❤️⚽ :::
02/06/2026
Simon Kocev кралот на стрелците оваа сезона во регионалната лига со 33 постигнати голови и 19 асистенции од вкупно 74 наши постигнати голови!,
Индивидуалните признанија се резултат на тимска работа. Зад секој постигнат гол стои цела екипа, посветеност и заедништво.“
„Головите ги запишува еден играч, но успехот го создава целиот тим.“
01/06/2026
Изминатиот викенд во Скопје земавме учество на завршниот турнир во детската лига
Резултати по генерации
Со 2014 пораз од екипата на Јанг тим од 5-1
Со 2013 пораз од екипата на Шкупи од 6-0
Со 2017 пораз од екипата на Победа кидс од 2-1
Треба да бидеме големи и во победа и во пораз
Честитки за сите деца ⚽👏🇲🇰
Максим Арсов генерација 2017⚽❤️✅
26/05/2026
На нашиот сограѓанин Стојче Стојов од ❤️му ја честитаме освоената куп титула со ФК Силекс ⚽
23/05/2026
Повторно активни, денеска одигравме пријателски натпревари на домашен терен против ФК Осогово,но не нашите соседи,наш гостин беше екипата на ФК Академија Осогово од Крива Паланка ⚽ дождот не претставуваше пречка за децата да ги покажат своите квалитети ✅
22/05/2026
Вчерашниот ден го искористивме за пријателски натпревар против ГФК Осогово со генерација 2013 нашиот тим го доби заслужениот пехар 🏆🥇⚽ децата од оваа генерација одиграа скоро перфектна сезона со само еден пораз уште од првото коло во септември👏 честитки за нив
😀👏🤪