FK Bidzo Kumanovo

FK Bidzo Kumanovo

Share

22/05/2026

🩸❤️ КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ❤️🩸

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со ФК Биџо, Ве покануваат да бидете дел од хуманата мисија за спасување човечки животи.

📅 Датум: 26.05.2026 (вторник)
⏰ Време: 10:00 – 14:00 часот
📍 Локација: Простории на Црвен крст Куманово

Секоја дарувана единица крв може да помогне и да спаси повеќе животи. Со само неколку минути од Вашето време можете да направите огромна разлика за некого кому помошта му е најпотребна.

⚽ ФК Биџо и Црвен крст заедно испраќаат порака:
„Дарувај крв – биди дел од најважниот тим!“

Ве очекуваме да ја покажеме хуманоста на дело!

Photos from FK Bidzo Kumanovo's post 20/05/2026

Недела

2013 (13:00) Биџо - Шкупи
2018 (14:50) Биџо - Водно

3-то и последно елиминациско коло во скопскиот регион кое ќе ги одреди патниците на завршниот турнир на државно ниво.

Горди на сите наши генерации за одличната сезона. 💙

16/05/2026

2018 генерација победнички и во второто елиминациско коло. 💙

07/05/2026

ГОЛЕМА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА 🩸

На 26.05.2026 (вторник) ќе се одржи нашата втора голема крводарителска акција во соработка со Црвен крст Куманово.

Сите кои сакаат да донираат тоа ќе можат да го направат во просториите на Црвен крст Куманово (до Основен суд) од 10:00 до 14:00 часот.

📩 За сите подетални информации можете да нѐ контактирате на Фејсбук или Инстаграм.

02/05/2026

Продолжува победничката серија на 2013 генерација. 🔵

Вељко Максимовиќ ⚽️⚽️
Борис Бурназовски ⚽️⚽️
Лазар Трајковски ⚽️
Филип Станојковиќ ⚽️
Александар Арсовски ⚽️

02/05/2026

Бесплатен пробен тренинг за најмалите генерации! 🏟️

Секое дете кое сонува да стане фудбалер, може да се пријави на нашиот пробен тренинг во среда. 🔵

Ве очекуваме! ⚽️

Photos from FK Bidzo Kumanovo's post 30/04/2026

Покрај забавните три дена, одигравме и одличен турнир! ⭐️

2015 несреќно испадна од групната фаза иако имавме добри настапи, додека 2016 генерација се закити со 4 место откако доминантно стигнавме до полуфиналето, но таму бевме поразени, како и во натпреварот за 3 место. ⚽️

Честитки за сите дечиња и благодарност до родителите кои несебично ни ја даваат целата поддршка. 💙

Photos from FK Bidzo Kumanovo's post 29/04/2026

Со децата од 2015 и 2016 генерација поминавме незаборавни три дена во Златибор. 🔵

Играта, смеата, забавата и другарувањето беа во прв план, а ние секогаш во улога на фотографи трудејќи се да ги забележиме и доловиме тие моменти. ⭐️

27/04/2026

ФК Биџо викендов учествуваше на меѓународниот турнир во Златибор и во следните неколку објави ќе ви доловиме како си поминавме во овој прекрасен град. 🇷🇸

За почеток слика од нашиот стручен штаб. 🔵

25/04/2026

Нова победа за нашата 2013 генерација во детската лига на ФФМ. 🔵

Вељко Максимовиќ ⚽️⚽️⚽️
Лазар Трајковски ⚽️
Борис Бурназовски ⚽️

Photos from FK Bidzo Kumanovo's post 17/04/2026

Нови засилувања во стручниот штаб на ФК Биџо.

Со нашите најмали категории, таму кај што демонстрацијата е многу поважна од давање насоки ќе работат и инаку активни фудбалери во екипите на ГФК Куманово и БВК Коњари. 🔵

Им посакуваме успех во работата и да поминат многу генерации успешни фудбалерчиња под нивно водство. 🪄

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility?

Website