08/07/2019
👫Couples workout
🎊🏆Success comes into pairs
🤸♀️🤸♂️Вежбањето со партнер е одличен начин да се поврзете подлабоко, поминете повеќе време заедно и да се поттикнете еден со друг за да ги постигнете вашите фитнес цели.
📉⬇️Повеќе од 50% од луѓето ќе се откажат од рутината на вежбање веќе во првите два месеци, тој процент расте и веќе по третиот месец е околу 80%.
Воспоставувањето рутина на вежбање е многу слична како откажувањето од цигари. Огромен број од луѓето ги знаат здравствените и естетските придобивки и знаат дека треба да го направат тоа, но знаењето едноставно не е доволно...
📈⬆️Истражувањата покажуваат дека паровите кои тренираат заедно имаат поголема веројатност да ја завршат избраната фитнес програма. Со процент на откажување околу (8%), ова е еден од надобрите начини да ги постигнете вашите фитнес цели. Еден од клучните фактори за успехот е социјалната поддршка. 😴Сите имаме денови кога чувствуваме дека сме залепени за креветот, вака секогаш ке имате некого кој ќе ве охрабри да станете.
🎉💯🎯Споделувањето на фитнес целите ќе дополнително ќе ве зближи и емоционално и физички. Кога ќе ги постигнете ќе ги славите заедно. Тука се здравата конкуренција, екстра мотивација и многу други.
☎️Јави се и закажи бесплатна консултација за вас и вашиот партнер/другар на 078 447 742.
19/06/2019
🏠At-home Workout
👩👧👧🎯 Family goals
01/05/2019
🏢We Effect
👌Corporate Fitness
10/03/2019
📌📌Флексибилност
👉Флексибилнoста е еден од 3-те столбови на фитнесот заедно со Аеробниот "кардио" и Силовиот тренинг. Флексибилноста е клучна компонента на фитнесот тесно поврзана со здравјето. Малкумина ќе речат дека флексибилноста “не е важна”, но се почесто е запоставена или комплетно игнорирана од вежбачите. Многу спортисти и рекреативци (вежбачи), главниот фокус од вежбањето го ставаат на Аеробниот и Силовиот тренинг и многу малку или воопшто не одвојуваат никакво време на подобрување на флексибилноста која може да биде од големо значење за индивидуалните перформанси.
👌✅Флексибилниот тренинг придонесува за зголемена мускулна релаксација, подобро движење во зглобовите, подобрена брзина на движење, намалена шанса за повреди, подобри перформанси итн.
Флексибилноста и мобилноста во зглобовите високо корелираат и со животниот век. Неколку студии покажуваат, колку сте по флексибилни во подоцнежните години (можете да станете од кревет без раце, со помош на една рака, ви требаат двете раце за да станете, можете да ги допрете прстите на нозете), до толку ќе имате поквалитетен живот и помали шанси за “прерана смрт”.
Доволно е да ја практикувате (истегнувате) 10-15 минути на ден.
☎️Постојат повеќе типови на ИСТЕГНУВАЊЕ, за повеќе детали пишете во порака или јавете се на 078 447 742 и закажете ја вашата бесплатна консултација.
28/01/2019
🎯💪🏃♀️Поставување на фитнес цели
🤔🙄Дали сте нови во вежбањето? Дали знаете да си поставите цели кои потоа ќе ги постигнете? Дали сте поставиле нереални цели и сте се откажале брзо потоа?
🚶♀️🏃♀️🎊🎉Во фитнес патувањето има два вида на цели, цели орентирани на “процесот” и цели орентирани на “крајната цел”. Како вежбачи имате поголема контрола на првите отколку на крајната цел. Ако се фокусирате на целите оренитрани на процесот шансите да ги остварите крајните фитнес цели се многу поголеми. Следењето на успехот во процесот на вежбање може да биде мотивирачки.
🕵️♂️🔍📄📅🖊Поставувањето на цели е процес кој вклучува проценка на моменталното фитнес ниво, креирање специфични, мерливи, реални и предизвикувачки цели кои ќе го подигнат вашето фитнес ниво, како и детален план и какви насоки да се превземат за да се постигнат целите.
⌛️🎯⏳🎯При креирање на краткорочни и долгорочни цели, прво треба да си поставите долгорочна цел која ќе биде лична и базирана на вашите лични вредности. Зошто сакате да ја постигнете целта и зошто е важна за вас, како ќе се чувствувате кога ќе ја постигнете зададената цел. Само посвавување правилна цел ќе ви даде доволна инспирација и мотивација да останете фокусирани и истрајни. Следно е поставување на краткорочни цели, тие не само што обезбедуваат да останете фокусирани, туку даваат и дополнителна мотивација и ја подигаат самодовербата, затоа што се фокусирани на “сегашноста” и ги гледате моменталните резултати.
👉Целите треба да бидат специфични (креирани конкретно за вас).
📐Тие треба да бидат мерливи (сакам да “изгледам подобро” не е мерливо, да изгубам 10% на масно ткиво за 3 месеци е мерливо).
🧗♂️🧗♀️Целите треба да бидат предизвикувачки, да ве извадат од вашата комфорт зона, но да не бидат екстремни. Целите што прелесно се постигнуваат не ве потикнуваат да раснете како личност.
✅Целите треба да бидат реални, поставени така што ќе верувате дека може да ја постигнете. Не може да си дадете цел да ослбнете 10 килограми за 2 месеци, а сами да не верувате во тоа.
📆Временска рамка, секогаш целите треба да имаат поставено одреден датум на завршување, датумот треба да биде реален но не во далечна иднина.
A GOAL PROPERLY SET IS HALFWAY REACHED – ZIG ZIGLAR
19/01/2019
🎯Fitness goals
🏋️♂️Gym workout
11/12/2018
🏋️♀️🤸♀️After Work workout
🏢 Leoron Institute
💪💪 Upper body routine
17/11/2018
🇺🇲️VIP, The Ambassador of the United States
⛰️Cardio day
09/11/2018
🏋️♀️👩💼👨💼Корпоративен Фитнес
Со корпоративен фитнес до рамнотежа меѓу работата и приватниот живот
Во последните неколку години, научниците, лекарите и експертите за човечки ресурси се сѐ погласни во пренесување на пораката дека долгочасовното седење сериозно г...
25/10/2018
🏃♀️🤸♀️Kids Fitness
👌Corrective exercise training