08/03/2026
Сѐ што започна како желба и сон лицата со попреченост во Македонија да уживаат човекови права, меѓу кои и правата на спорт и активен социјален живот, нѐ донесе до првата зимска параолимпијада за нас како држава. Многу напор за испливување на идејата дека лицата со попреченост во Македонија можат да скијаат, наоѓање средства и поддржувачи кои ќе го помогнат целиот процес, многу развојни кампови кои ние како здружение ги организиравме и на крај, виорење на македонското знаме. Zoran Jovanovski, првиот параалпски скијач од Македонија, заедно со Вангел Тркаљанов Johnnie Walker , тренер и претседател на комисијата за параспорт и претседател на ЗГПК Без Ограничувања , гордо го вееја македонското знаме на отварањето на Параолимписките игри во Милано – Кортина. Благодарност до Скијачка федерација на Македонија - Ski federation of Macedonia Jane Stefanov Petar Ilev The Center for Sport, Peace, & Society