26/05/2026
Нашиот Марио Стевковски роден 2014 година, кој годинава играше за нашите селекции М-12 и М-14 е дел од ФИБА кампот.
Честитки Марио ти посакуваме само успех и здравје, сосема заслужено 👏
ФИБА камп за најмладите македонски таленти во Негорски Бањи
Official website of Basketball Federation of North Macedonia
14/05/2026
🏀 Охрид ќе биде домаќин на новото издание на „Минибаскет караваните“!
Овој викенд, најмладите кошаркарски таленти повторно ќе се соберат на едно големо спортско дружење во организација на Кошаркарската федерација на Македонија.
📅 17 мај
⏰ 12:30 часот
📍 СЦ „Билјанини извори“ – Охрид
Преку игра, дружење и фер-плеј, децата ќе имаат можност да уживаат во кошарката и да создадат нови спортски пријателства.
„Минибаскет караваните“ продолжуваат да ја шират љубовта кон кошарката низ Македонија, носејќи позитивна енергија и насмевки кај најмладите.
Ве очекуваме во Охрид! 🏀
30/04/2026
Градско дерби како што доликува 🤩🏀
Нашите најмлади М-12 жени вчера славеа со победа по продолжение со резултат 33-30 против екипата на Колибри.
Се играше неизвесен натпревар од првата до последната минута кој имаше продолжение,дерби во буквална смисла полна сала,навивање и многу емоции.
Браво за нашите најмлади девојчиња 👏💙🤍
24/04/2026
Нашата М-16 генерација викендов ја започнува борбата за место во плејофот.
Во првиот 1/8 финален натпревар во Недела ја пречекуваме екипата на 🏀
16/04/2026
Распоред на натпревари, младинска лига 🏀
07/04/2026
🏀 КРАЈ НА 6-ТА СЕЗОНА 🏀
Со одигрувањето на последниот плеј-оф натпревар од Прва лига мажи, викендов ја затворивме 6-тата сезона.
Зад нас не се само натпревари.
Зад нас се 6 години исполнети со борба, жртва, радост, разочарувања и моменти што засекогаш ќе ги носиме во срцето.
Секој тренинг, секој кош, секоја победа и секој пад — нè изградија во тоа што сме денес.
ГКК Охрид не е само тим.
Тоа е фамилија. 💙
Фамилија што расте заедно, што се бори заедно и што никогаш не се откажува.
Ентузијазмот што нè води е нешто што не може да се измери — тоа е силата што не обединува и не турка напред, без разлика на резултатот.
Горди сме на секој играч, на секој член на клубот и на сите што биле дел од ова патување.
Горди сме што го носиме името Охрид.
Ова е само уште едно поглавје од нашата приказна.
Продолжуваме посилни, поискусни и уште пообединети.
Продолжуваме како едно.
ГКК Охрид — вчера, денес и утре.
Фамилија засекогаш. 💙🤍
05/04/2026
Нашата најмала натпреварувачка група М-12 мажи денеска обезбедија пласман во Топ 8 фазата,реванш натпреварот денес го одигравме на домашен терен, каде првиот го изгубивме во гости со предност од 9 разлика, денеска ја остваривме целта и поведовме со 16 поени разлика на крај за пласман во најдобрите 8 од лигата.
Најефикасен на натпреварот и клучен за оваа победа беше Марио Стевковски кој броеше до 33 поени постигнати
🏀👏
Честитки дечки, одиме напред 💙🤍
03/04/2026
🏀 NEXT GAME – PLAY-OFFS | Round 08
📅 Недела 05.03
📍 С.Ц " Билјанини Извори "
⏰ 13:30
🆚 КК Струмица
27/03/2026
Младинска лига, распоред на натпревари 🏀