01/09/2026
Матеј Белистојаноски е новиот медитерански шампион! 🇲🇰🥇
Фантастичен успех за македонското карате и македонскиот спорт!
Нашиот репрезентативец Матеј Белистојаноски го освои златниот медал на Медитеранските игри Таранто 2026 во категоријата до 67 килограми, постигнувајќи еден од најголемите успеси во својата досегашна кариера.
Белистојаноски во финалната борба беше убедлив против Боран Берак од Хрватска, кого го совлада со одличен резултат 6:0, со што заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот.
🥇 Матеј Белистојаноски – златен медал, -67 кг! 🇲🇰 Македонија – медитерански шампион!
Овој успех има уште поголемо значење бидејќи златниот медал на Матеј е прво злато за Македонија на Медитеранските игри во Таранто, односно прв златен медал освоен од македонските претставници во сите спортови на овогодинешните Игри.
Со својата одлична борба, максимална концентрација и борбеност, Матеј уште еднаш покажа дека македонското карате има квалитет за највисоки дострели на големите меѓународни натпреварувања.
Овој резултат е и потврда за квалитетната и посветена работа на Карате федерацијата на Македонија, стручниот штаб и сите оние кои континуирано придонесуваат за развојот на македонското карате.
Карате федерацијата на Македонија му упатува најискрени честитки на Матеј Белистојаноски за освоеното злато и му посакува уште многу успеси и медали во иднина!
Браво, Матеј! 🇲🇰🥇
Македонија е горда!