26/07/2026
🏔️ Нашите Корранери беа дел од Копаоник Трејл!
Владимир Планојевиќ на трката од 24 км оствари одличен резултат, освојувајќи:
🥉 3. место во категоријата 40–50 години,
🏅 9. место во генералниот пласман,
⏱️ со време 2:31:26.
На детскиот трејл настапија и најмладите наши корнери:
👦 Марко во категоријата 2–3 години
👧 Михаела во категоријата 4–6 години
Кај детските трки нема рангирање – најважни се учеството, дружењето и љубовта кон трчањето.
Честитки до Владимир, Марко и Михаела за одличното претставување на Копаоник!
💙🤍❤️
05/07/2026
🏃♀️🏃✨Секој старт е нов предизвик, а секој финиш - нова победа!
Нашите Kорранери уште еднаш покажаа дека со упорност, желба и тимски дух се стигнува до целта. На FREEDOMRUN Кочани не се трча само за резултат, туку и за љубовта кон спортот, поместувањето на сопствените граници, дружењето и ширењето позитивна енергија✨🫶
Честитки за нашите Зорица Ајдинска, Фани Хорват и Младен Митковски за истрчаното. Ви посакуваме уште многу успешни километри, лични рекорди и незаборавни моменти!👏👏
Особено големо браво и честитки за Ненад Василев кој беше иницијатор за создавање нова, позитивна приказна преку организирање на оваа прекрасна трка! Горди сме на тебе и ти посакуваме уште многу успешни изданија🍀
Продолжуваме напред! Следната цел веќе нè очекува!🥇
Ваш Корранерс 💙🤍❤️
08/06/2026
Летната сезона ја започнавме со Бизнис Ран трката на 5 км која се одржа во Скопје во четвртокот. Миомир Алексовски се пласираше на прво🥇место кај мажите, а заедно со своите колеги беше заслужен за освоеното прво место во категоријата мешани компаниски тимови. Честитки! 🎉
Викендот, секако, беше резервиран за јубилејниот настан Охрид Трчат, кој веќе 10 години го промовира трчањето и го афирмира спортскиот дух✨ Миомир Алексовски повторно освои прво🥇место кај мажите во штафетен полумаратон, заедно со Мартин Димовски од АК Атомик. Штафетен полумаратон истрча и нашиот Владо Вељановски, па во свој стил надополни со уште 10 км за да го истрча својот 55-ти полумаратон. Браво момци! 💪👍
На полумаратонската трка, пак, се постигнаа одлични времиња и лични најдобри резултати. Браво за Марина Стојмирова, Тони Цветковски, Младен Митковски, Ничевски Дарко и Драги, Александар Боцески. Горди сме на вас!🫶
Честитки до организаторите и до сите учесници кои со својата енергија ги разубавуваат овие спортски настани!👏👏
До следната трка, остануваме активни и растрчани🏃➡️🏃♀️➡️
Ваш Корранерс💙🤍❤️
31/05/2026
📣Korrunners споделува нови километри, предизвици и одлични резултати👇
Драган Јованов учествуваше на Шри Чинмој ултра трката на 6 часа, каде со својата истрајност и непоколебливиот дух одлично се справи со овој спортски предизвик🏃♂️💪
На „Трчаме за Рацин“ успешно настапија Ничевски Драги и Дарко, при што Драги го освои 1-то место во својата старосна категорија! 🥇👏
🎉Честитки до сите за одличните настапи, посветеноста и спортскиот дух.
Со секоја трка сте нова мотивација и гордост за нашиот клуб.
💙🤍❤️
25/05/2026
🏃♂️🔥Уште еден исполнет тркачки викенд со настапи на неколку различни трки во Македонија и надвор од неа.
Викендов нашите тркачи повторно покажаа упорност, добра енергија и љубов кон трчањето, без разлика дали стануваше збор за планински патеки, градски полумаратони или рекреативни трки 💫
На Охрид Ултра Трејл настапија Зорица Ајдинска, Маријан Поп Ангелов и Марија Мандарова на Летница Треил 21К, додека Дејан Огненоски успешно ја истрча Самотска Треил 42К како индивидуален натпреварувач 👏
Надвор од Македонија, Фани Хорват беше дел од Гетеборг Полумаратонот, каде настапи на трката од 21 километар💪
Во Неготино, на Промили Трка, учество земаа Маја Мицкова Стојчевска, Ведран и Сашо на трката од 5K, како и Тони Цветковски кој исто така настапи на 5К и освои 3-то место🥉
Честитки до сите за успешниот тркачки викенд, секој истрчан километар, вложениот труд и убавото претставување на Korrunners.
💙🤍❤️
18/05/2026
Викенд исполнет со километри, адреналин и заедништво. 🏃♂️🏃♀️
Дел од Корранерс трчаа покрај Вардар на Јунајтед трката, каде што кејот повторно беше место за брзи чекори, насмевки и поддршка, а други го освојуваа Водно на Прв до Врв — трка што секогаш нè потсетува дека најубавите победи доаѓаат по најтешките угорнини. ⛰️
Две различни патеки, иста страст.
Горди на секој истрчан километар, секој личен успех и секој момент поминат заедно.
💙🤍❤️
17/05/2026
Во склоп на викенд настаните по повод Светскиот ден на хередитарниот ангиоедем (ХАЕ) кој се одбележува секоја година на 16 мај, денеска се дружевме со членовите на ХАЕ Македонија💜
Изминатиов период заеднички ја подигавме свеста за оваа ретка и животозагрозувачка генетска болест.
Со учество во глобалниот предизвик за поддршка на лицата заболени од ХАЕ, успеавме преку различни спортски активности да придонесеме кон искачување на ХАЕ Македонија на второ место на листата меѓународни ХАЕ организации по бројот на собрани чекори🎉 Предизвикот трае до крајот на мај, така што продолжуваме со собирање чекори за нови победи (https://haeday.org/) 🫶
Тука го споделуваме и краткиот анимиран филм „Што ѝ е на Лили?“, кој како дел од проектите на ХАЕ Македонија има за цел да допре до семејствата и пациентите кои можеби сè уште не знаат дека живеат со ХАЕ и ќе помогне симптомите да бидат препознаени навреме 👉 https://www.youtube.com/watch?v=eBK1kEYnHVU
Остануваме 🏃♀️🏃
Ваш Корранерс 💙🤍❤️
12/05/2026
Светскиот ден на хередитарниот ангиоедем (ХАЕ) се одбележува секоја година на 16 мај💜, со цел подигнување на свеста за ова ретко генетско заболување.
ХАЕ е животозагрозувачка болест која се манифестира со појава на отоци на различни делови од телото. Преку Програмата за ретки болести, во Македонија е достапна терапија која помага состојбата да се држи под контрола. Лековите против алергија не делуваат кај оваа болест.
👉Викендов ќе биде посветен на настани за едукација и поддршка на пациентите и нивните семејства во организација на здружението ХАЕ Македонија. Во склоп на овие настани, нашиот клуб организира хуманитарен тренинг на кеј, а потоа одиме на Плоштад на дружба и кратка прошетка со членовите на здружението.
💜Повелете заедно да ја подигнеме свеста за ХАЕ:
📍Недела, 17 мај 2026
🕘09:15 часот, 👉Жабар, 🏃♀️🏃5 км
🕙10:00 часот, Плоштад Македонија
Корранерс💙🤍❤️