23/12/2022
Чистењето и подмачкувањето на ланецот е првото правило за одржување на моторот (освен кај моторите кои имаат ланец што не се подмачкува - нема абење).
- Чистењето и подмачкувањето се врши на одреден период зададен од производителот, но исто така и кога го оставаме моторот подолго време во мирување. Најчесто тоа е во зимскиот период кога е ладно и не го возиме, а при мирување исто така се случува абење или кородирање од гребаниците што ги добива ланецот од разни камчиња, песок, вода и сл. Доколку немате средства да го однесете кај овластениот сервис, засукајте ги ракавите и обидете се да го заштите ланецот на време, додека не биде касно. Земете ги потребниот чистач, четка, подмачкувач и сторете го тоа веднаш.