Боречка Федерација на Северна Македонија

Боречка Федерација на Северна Македонија Официјална страна на Боречка Федерација на Македонија

23/08/2026

Македонија има финалист 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Fati Vejseli победи во полуфиналниот меч против турскиот борач Јасин Јесил 💪🏻

Радувај се Македонијо, утре имаме медал на Медитеранските игри во Таранто 🎉

Состанок со репрезентативците пред Медитеранските игриВчера претседателот на Федерацијата Г-дин Дејан Богданов одржа сос...
19/08/2026

Состанок со репрезентативците пред Медитеранските игри

Вчера претседателот на Федерацијата Г-дин Дејан Богданов одржа состанок со македонскиот тим кој ќе настапи на Медитеранските игри. На состанокот беа разгледани подготовките и очекувањата пред заминувањето.

Македонија на Медитеранските игри ќе ја претставуваат:

* 57 кг – Мехмед Усеинов
* 65 кг – Бесир Алили
* 74 кг – Фати Вејсели
* 86 кг – Ахмад Магомедов
* 97 кг – Реџеп Хајдари
* 125 кг – Могамедгаџи Нуров
* 55 кг – Вероника Рајболова

Тим лидер: Ахмед Адеми.

Им посакуваме многу спортска среќа и успешен настап! 🍀🇲🇰

Во периодот од 6 до 9 август 2026 година, во Букурешт, Романија, се одржува Меѓународниот турнир во борење за сениори „I...
08/08/2026

Во периодот од 6 до 9 август 2026 година, во Букурешт, Романија, се одржува Меѓународниот турнир во борење за сениори „Ion Cornianu & Ladislau Simon“ FS, WW, GR, во рамките на кој се организира полагање за меѓународни судии од I категорија.

Претставниците на Македонската федерација за борење, Игор Христов и Гоце Ангелов, по успешно положениот онлајн тест, и писмениот дел, ќе го полагаат и практичниот дел од испитот за стекнување со звање меѓународен судија од I категорија.

Ова претставува уште една потврда дека Македонската федерација за борење континуирано вложува во едукацијата, усовршувањето и меѓународниот развој на своите судии, со цел унапредување на квалитетот на судењето и претставувањето на македонското борење на највисоко ниво.

На Игор Христов и Гоце Ангелов им посакуваме многу успех на практичниот дел од испитот и успешно стекнување со звањето меѓународен судија од I категорија.

🇲🇰Утре нашиот репрезентативец Суфијан Синани ќе настапи во репасажот на Светското првенство за борење до 17 години во Ба...
01/08/2026

🇲🇰Утре нашиот репрезентативец Суфијан Синани ќе настапи во репасажот на Светското првенство за борење до 17 години во Баку, Азербејџан.🇦🇿 Во категоријата до 60 килограми ќе се соочи со Мардан Орынбасар од Казахстан🇰🇿, во борба за продолжување на настапот. Му посакуваме многу среќа и успех!🍀🤼‍♂️

Македонскиот репрезентативец Владимир Егоров ќе настапи на престижниот меѓународен турнир „Hasan Gemici & Gazanfer Bilge...
31/07/2026

Македонскиот репрезентативец Владимир Егоров ќе настапи на престижниот меѓународен турнир „Hasan Gemici & Gazanfer Bilge International Wrestling Tournament 2026“, кој се одржува во Турција. Егоров ќе се натпреварува во категоријата до 61 килограм, а во својот прв настап ќе се соочи со турскиот борач Толга Озбек. Му посакуваме многу успех, добри борби и достојно претставување на Македонија.

Македонскиот репрезентативец Суфијан Синани отпатува на Светското првенство за кадети до 17 години, кое ќе се одржи во Б...
31/07/2026

Македонскиот репрезентативец Суфијан Синани отпатува на Светското првенство за кадети до 17 години, кое ќе се одржи во Баку, Азербејџан. Натпреварувањето ги собира најдобрите млади борачи од целиот свет, а Синани ќе ги започне своите настапи утре.

Во првото коло го очекува исклучително тежок предизвик, бидејќи ќе се соочи со актуелниот светски првак од Индија. Заедно со Синани во Баку отпатува и неговиот тренер Абаз Емини, кој ќе му биде поддршка и ќе го води за време на настапот на Светското првенство.

Му посакуваме многу успех, добри борби и достојно претставување на Македонија на светската сцена.

УБЕДЛИВА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА НА ИЛИЈА АТАНАСОВ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО СКОПЈЕ! 🇲🇰Со резултат 10-0, за помалку од 2 м...
10/07/2026

УБЕДЛИВА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА НА ИЛИЈА АТАНАСОВ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО СКОПЈЕ! 🇲🇰

Со резултат 10-0, за помалку од 2 минути, Илија АТАНАСОВ ги заврши квалификациите и се пласираше во 1/4 финале.

Во 1/4 финалето ќе се сретне со ТАМБИЕВ С. од Русија 🇷🇺, кој е еден од најтешките противници во категоријата.

Му посакуваме среќа и навиваме за АТАНАСОВ!

Борбите се одржуваат во Спортскиот Центар "Борис Трајковски" и сите заинтересирани можат да ги следат борбите во живо и да навиваат за нашите спортисти!

📍Skopje'26Opening Ceremony on European Championship (U20)
07/07/2026

📍Skopje'26
Opening Ceremony on European Championship (U20)

Нашите двајца репрезентативци Марио и Лука Ананиеви се на подготовки во Киргистан, кои влегуваат во завршна фаза. Станув...
04/05/2026

Нашите двајца репрезентативци Марио и Лука Ананиеви се на подготовки во Киргистан, кои влегуваат во завршна фаза. Станува збор за интензивен тренажен процес што трае повеќе од 30 дена, како дел од подготовките за претстојното Европско првенство.

Во овој период, фокусот е ставен на подигнување на физичката форма, техничко-тактичката подготвеност и адаптација кон силна меѓународна конкуренција, со цел што подобро претставување на големото натпреварување.

Македонските репрезентативци во борење ги привршуваат финалните подготовки пред настапот на Европското првенство за возр...
04/05/2026

Македонските репрезентативци во борење ги привршуваат финалните подготовки пред настапот на Европското првенство за возрасните категории U15 и U17. Тренажниот процес се реализира во Софија, Бугарија, каде што младите борачи работат на подигнување на формата и тактичката подготвеност пред големиот предизвик.

Континенталниот шампионат ќе се одржи во Самоков, Бугарија, собирајќи ги најдобрите млади натпреварувачи од Европа. Очекувањата се насочени кон достојно претставување и постигнување значајни резултати на меѓународната сцена.

Дел од составот кој учествува во подготовките се:

Заим Заими;
Абдулазиз Азизи;
Илхан Муртези;
Зоран Шоров;

под водство на тренерот Јасин Реџелари.

Address

Ulica 1732, Br. 4
Скопје

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Боречка Федерација на Северна Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Боречка Федерација на Северна Македонија:

Shortcuts

Share

Category