25/08/2026
Известување
Почитувани,
Ве известуваме дека натпреварот помеѓу ОФК Малеш – Берово и ФК Малеш – Микрево се одложува поради лошите временски услови и невремето што ги погоди нашите пријатели од Микрево.
Поради настанатата ситуација, ФК Малеш – Микрево не е во можност да допатува и да го одигра натпреварот.
Им посакуваме на сите наши пријатели од Микрево безбедност и што поскоро нормализирање на состојбата. 🙏
За новиот термин на натпреварот ќе бидете навремено известени.
ОФК Малеш – Берово ⚽💙