05/06/2026
Знаеме е дека е лесно, после војна сите да сме генерали, исто како што знаеме дека поразот пред ШЕСТ дена, сеуште печи и е болна тема, кај сите нас.
ФАКТ е дека кривица, неможи и не смее да биди кај еден човек, но факт е дека кога спортскиот дел е во прашање, истиот беше ЦЕЛОСНО оставен на луѓе, кои беа назначени за шефови, луѓе кои се здобиле со лиценци за раководење, односно менаџирање со екипата.
Најпрво ќе започнеме со она што е статистика, а таа никогаш не лажи:
● Димитар Капинковски:
-9 Натпревари - 7 Бодови
-2 победи
-1 нерешена
-6 порази
● Милан Стојановски
- 15 Натпревари - 15 Бодови
- 3 победи
- 6 нерешени
- 6 порази
● Марјан Секуловски
- 9 Натпревари - 18 бодови
- 5 победи
- 3 нерешени
- 1 пораз
Да се вратиме 9 месеци назад, назначен беше Димитар Капинковски за нов шеф на стручниот штаб, иако во комбинација беа уште два искусни тренери, управата се реши довербата да му ја додели на Капинковски, кој истовремено беше/е селектор на репрезентацијата на Македонија до 17 години.
Капинковски на првиот тренинг имаше 7 фудбалери на располагање од кои:
- Капитенот Мирко Ивановски, 2 голмани и 4 млади фудбалери, зборуваме од оние со договори, тоа го остави во наследство претходната управа, која пак имаше цели 30 МЕСЕЦИ да направи барем костур на екипата, за кој ќе се гради стабилен Фк Пелистер, но наместо тоа, оставено хаос.
Капинковски имаше целосни одврзани раце околу составувањето на екипата, па така беа донесени Булатовиќ, Белиќ, Здравковиќ, Спировски, Ристиќ, Ристовски, Петковски, Здравевски, продолжени договори со Ќерим, Грозданоски, Наумоски, Бошковски, Трајковски, Ристевски...
Лоша серија, порази на домашен терен од Арсими, Башкими, нетипично за Пелистер кога станува збор за домашен терен и неосвојливата тврдина под ,,Тумбе Кафе", бодови што во конечниот пласман и тоа како би играле улога.
Лоша серија и од ведро небо донесен Милан Стојановски, некогашен репрезентативец на Македонија, човек што требаше да стави 'здрава рака' на екипата, ред, дисциплина, мир, но од се тоа остави уште поголем ХАОС.
Стојановски се реши да го одстрани Ристевски Александар од екипата, без разлика дали тоа беше правилен потег или не, но факт е дека ниту беше момент, а ниту пак на Пелистер тогаш тоа беше најголемиот проблем. Стојановски загуби на првиот официјален натпревар против Шкендија Арачиново во 1/8 финалето од купот на Македонија со 1-0. Загубени бодови на домашен терен против Македоноја Ѓ.П. (1-1), против Тиквеш (0-0), од готово вересија со Арсими во гости (3-3, Пелистер имаше водство од 3-1 во 64 минута од натпреварот). На полусезона на место Пелистер да се засили на потребните позиции, онаму каде што фалат играчи, Стојановски кој исто така имаше одврзани раце и сам одлучуваше околу составот, ги донесе Србијанац кој рака на срце беше еден од подобрите оваа полусезона, Милојевиќ, Филип Петровиќ, Михајло Петровиќ, Томче Гроздановски, Кире Ристевски кој исто така беше столбот на одбраната.
Обработени припреми во Анталија, овозможени услови како никогаш до сега, сите предиспозиции Пелистер, да има одлична пролет и да обезбеди директен опстанок, но...
Победа во првиот натпревар против Работнички, а потоа следуваше серија од 7 натпревари без победа, со што Стојановски беше заменет со Секуловски.
За Мане, нема што многу да пишуваме, човекот дојден и го издигна Пелистер од 'пепелта' како Феникс, успеа да постави ред и дисциплина, да направи хемија во екипата, нешто што на неговите претходници не му појде од рака, успеа со истата екипа која незнаеше за победа во 7 натпревари, да направи екипа која во 9 натпревари ќе има само еден пораз и од зоната за директно испаѓање, да дојде на 2 бода од директен опстанок, за на крај преку бараж, да не успее во целта. Ќе остани човекот што стално го гаснел пожарот и бил тука кога никој друг не бил.
Сега, кога клубот по шестипат е во ВМФЛ, кога управата иако можеби со најмалце вина оваа сезона си превзеде целосна одговорност, нешто што за СИТЕ претходни управи било условна именка, управи каде сопственото его и самобендисаност ги ставале над ПЕЛИСТЕР и немале ни храброст ни доблест за такво нешто, време е можеби за КОРЕНСКИ ПРОМЕНИ, ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ, само така, овај Пелистер ќе се крени и ќе биди клуб. Почнувајќи од економ што се вели зборот, преку тренери во младинската школа, играчи, па се до раководни структури.
Со чест на исклучоци, списокот каде ќе треба реорганизација е огромен.
И да, кога ќе кажете дека не сме пишувале, имајте на ум дека ЗНАЕВМЕ дека во случај на неуспех, оваа управа ќе поднеси одговорност, нешто што претходно НИКОГАШ не се случило. Кога ќе кажете дека не сме пишувале, не немало, не заборавајте дека за претходните не се пишуваше 36 МЕСЕЦИ, го превзедоја Пелистер на полусезона во зона за испаѓање, ветија дека ќе направат се да се спаси, ништо од тоа, ветија дека веднаш ќе се вратат во ПМФЛ, Пелистер заврши на 4то место во ВМФЛ, веднаш за Вардар, Воска и Гостивар. Наредна сезона во ВМФЛ (сезона 2023/24 г.) Пелистер заврши на втората позиција зад Беса и директно се пласира во ПМФЛ.
Не заборавајте дека за претходната управа не се пишуваше се до промената на Влатко Костов, по желба и со спинување на тогашен директор на Фк Пелистер, а во реализација на тогашната управа.
П.С. Од толкава љубов према клубот, во неделата кога цела Битола беше во шок и плач, две друштва во позитивна и опуштена атмосфера, наводно биле видено по битолските локали, на балкански пејачи...
04/06/2026
03/06/2026
02/06/2026
02/06/2026
02/06/2026
31/05/2026